И јас конечно го почувствував икањето на бебушко! Барем мислам дека беше тоа, баш како некое срценце да чука. Во последниве 7-8 дена, 3 пати го почувствував. Мене не ми е непријатно чувството, туку смешно. До сега само навечер, додека лежам и сум опуштена и сконцентрирана на неговите движења, можеби се случило и преку ден, но не сум забележала.
Јас на почетокот не верував дека може да ика во стомакот како и многумина околу мене но ете пред 3 недели околу 31 недела нешто почна ритмички да ми мрда во стомакот.Со текот на времето тоа се зачести по неколку пати на ден и обрнав повеќе внимание и сфатив дека е икање. Многу мрда Димитарче во стомакот, ме боли левата страна под градата со недели неможам прслук да облечам. Ама внатре ме отепа од мавање и сега веќе знам да разликувам икање од превртување и тропкање на сите страни. Многу ми е интересно кога ика ме расположува до максимум и едвај чекам да ика.
Ајде малку да се активирааат и другите теми. Се почна некаде пред околу три недели, како пулсирање на срценце на исти интервали и обично лево на стомакот каде што и е главчето и не престанува, секој ден ика, ама секој ден, може и по два три пати дневно
Тоа е знак за здраво бебе прашав докторка и ми рече позитивно е, има развиен централен нервен систем.
Ништо страшно, been here! Зарем ние не икаме! http://www.babycenter.com/404_is-it-normal-for-my-baby-to-be-hiccupping-in-the-womb_2647.bc
Прв пат икаше на цтг. 33-34 недела, кога отидов оти не осеќав дека мрда... После тоа, се почесто и почесто ика. Сега веќе сум 38 на почетокот, и како што се повеќе и снемува место, така подобро се осеќаат сите движења и активности - дали притиска, дали се врти, дали ика... Икањето се осеќа затоа што има ритам... Послабо е од ударите. Се гледа како нежно игра стомакот...
Моето бебе при крајот на бременоста,т.е последниот месец мн често икаше по неколку пати во денот,кога ќе кажев ме правеа будала никој не ми веруваше.Ама еве и сега имаме две недели и обавезно икаме по 2-3 пати во денот.
Моево бебе вчера икаше 6/7 пати и малку сум загрижена дали е нормално ..Икањето трае мин 5 мин а некогаш и 15 мин .. Лекарот ми вели нормално е но читав дека некогаш е поврзано со компресија на папочната врвка или папочна врвка околу врат. Малку сум загрижена па споделете ги вашите искуства со оваа појава.. Од кога почна да ика вашето бебе ? Колку пати на ден ? Колку време траат ?
I moeto mnogu ika, mnogu e razmrdano... Neznam dali e normalno, duri vo ponedelnik sum na kontrola, a inaku ikanjeto po najmnogu 2 minutki trae.
Кај мене синко икаше претежно во вечерните часови кога ќе бев легната и одмарав.И траеше по 5-10 мин дури и непријатно ми беше чуството.Еве сега имаме 1,5 месец да кажаж искрено и сега ика и тоа мн.Ама даа не нема на кого,јас кога ќе почнам да икам по 1 саат не престанувам.
Jas pak imam citano deka ikanjeto znaci zdravo bebe.Daj boze da e taka i site da ste mi spokojni. Ne vi gi gledam potpisite i ne gledam vo koja nedela ste.Jas vo 23 i neznam dali imam oseteno ikanje.A dodusa i za toa citav.Ama nemozam da raspoznaam ili uste ne ika.
Мене гинекологот што ме породуваше ми кажа дека икањето било добро и кога икало бебето,вежбало дишење,за кога ќе дојде на овој свет.Незз дали е вистина ама јас моето почнав да го сеќавам како ика пред 9-ти месец и продолжи секој ден до породувањето.И сега ика и тоа мн иначе сме стари 44 дена.А родив прилично здраво бебе,ги доби најдобрите оценки во болница,па може има нешто вистина.
Мојот беше ептен икало во стомакот. Си остана и откако се роди. Докај 4 месец интензивно по неколку пати на ден. Сега има 7 ипол месеци и ика многу ретко. Не е ништо страшно.
Moeto dva pati do sega ikase.. prviot pat pokratko 1,2 minuti... A vtoriot pat koga go osetiv dolgo vreme edno 5min i povekje si ikase Prv pat mislam 27, 28 nedela bev Kje vidime sega ponataka dali kje ika
Мислам дека вечерва прв пат го осетив да ика. Како ритмично одчукување и траеше некој си 5 мин , инаку 31 недела сум. Многу ми се виде интересно.
Нормално е, мене првото ми икаше секој ден, ми викаа може ке ика и кога ке се роди.. а кога се роди ич не икаше дали во две години икал 2 пати... а во бременост икање секој ден и тоа по 10-15мин без престан