Икаше и првото... И кога се роди дури си продолжи... А ика и ова Јас @eli25 го сеќавам како ритмичко клукање пример на 30 секунди на исто место (каде што му е главчето) отприлика по 5-10 минути
@eli25 како што ти кажа и викторија ќе осетиш како ритмичко чукање. Се осеќа разлика од нормалните удари затоа што овие се како во интервал и кога ќе ја ставиш раката ќе осетиш како пулсирање исто како да си ја ставиш на својот пулс.
Мешиња мислам дека вчера прв пат бебето го осетив дека икаше Поразлично беше од досегашното клоцање, како слабо подрипнување на 2 секудни во ист интервал и подолго траеше.
Исто и јас не сум сигурна дали го имам осетено како ика, но претпоставувам дека беше тоа Зачестено одрипнување на мешето на неколку секунди кое траеше подолго време
Јас денес за прв пат го осетив да ика, 27+6 сум. Прво се чудев дали така удира ама после сфатив дека ика. Срценце мое мало
Јас мислам дека вчера икаше, абе на одредено време на едно исто место ми отскокнуваше, поразлично од нормално. Душа цела скокаше хахахаха.
Јас кога бев трудна и кога ќе му кажев на маж ми види бебето ика ми викаше оди брзо напиј се вода не ми го мачи детето хахаха абе мажи ми вративте спомени
Нормално е.. многу икаше и моево синче, жал ми паѓаше дури и го галкав стомакот и викав доста бе мамааа абе по 15-20мин без престан икаше. А кога се роди ич не икаше...
Тешев други, ама женскава ме насекира сега мене ова не е нормално.. икаше и синчето, ама девојчево едно 4,5 пати во ден по 20-30мин ика, еве и сега моментално ми ика... Него друго и ме копка, ја осеќав доле скроз кога икаше зашто и надоле си беше со главчето... баш над препон ми рипкаше стомакот убаво.. а сега два дена кога ика горе под ребро ми ика, можно е да е завртена дека ја осеќам таму???
И јас конечно го осетив како ика Некако ми е жал, си викам си има мака а јас не можам да му помогнам Па го галам, му зборувам, менувам страна на лежење Прво го осетив лево доле а денес десно доле, има уште место па најверојатно се шетка
Ика и малава моја...мислам незнаев што се случува дедека не ја прочитав темава,баш како пулсирање,како отчукување на срценце чувствувам,се прашував што можи да е,сега ми е јасно
Мами гледам сите од покасно чувствувате икање на бебето во стомакот. Вечерва прв пат ми се случува мене, веќе 5минута е како ика сонцето... 24+сум
Mesinja dali ste go pocustvuvale bebus kako ika vo stomaceto? Jas deneska za prv pat go pocustvuvam kako ika bebule