И ја прво не бев сигурна но после консултација заклучивме дека бебуле ика На еднакви временски интервали како да потскокнува во мешко и осечаш како туп туп да прави внатре
Ај нека ми објасни некој подетално како го чуствувате беба кога ика внатре во меше...сеа ми пулсира нешто во пределот на папокот ама незнам дали е тоа икање или појма немам што Убав ден на сите мешковци таралешковци
Женски дали најчесто икањето на бебето се чувствува онаму каде што му е главчето? До пред некој ден најмногу го осеќав долу, но сега икањето се осеќа најмногу на средина и горе...38ма недела сум, во вторникот бев последно на преглед и бебето си беше со главчето долу, уште од крајот на 7ми месец така си се намести, но овие неколку дена ме буни со икањето и си викам да не случајно се свртило...или пак нема врска и да не се раководам многу по тоа?
Кај грбчето се познава најмногу. И јас го осеќам кај папокот негде во тој предел му е и грбчето кај мене
Моиве двајца штуклиња си беа уште од 17-18 недела па се до пораѓај , еве сега и ова штукле цело време го осеќам како штука
Многу често некогаш 3-4пати на ден. А пред неколку дена и рекорд од 7пати ама бев нервозна па можи затоа..
И мене мнооогу често ,ептен по неколку пати на ден ...па се чудев дали и друго бебуфче ика толку многу
И јас неколку пати осеќав кај папокот како пулсирање па си мислев (матката) ама сега кога читам за икање ми станува чудно а јас неколку пати во денот го осеќам тоа иначе сум 14та недела..
И јас имам такви пулсирања кај папокот од почетокот на бременоста, сега сум 13+3 ама мислам дека не е тоа икање, рано е ние да го чувствуваме икањето, нели? Читам сите после 23-24 недела ги чувствуваат тие пулсирања.
Devojki, kolku cesto vi ikaat bebencata vo stomak? Jas osekam kako ika..i toa trae nekolku minuti..Kako moze da mu pomognam da ne ika? ili glupost prashuvam, ne moze takvo nesto?
Икаат, тоа е нормално. Ништо не можеш да направиш. И ќе икаат и кога ќе се родат. Е тогаш веќе можеш да направиш нешто