Bas kako pulsiranje na isto.mesto, pomalku se oseka od sto se oseka dvizenje i plus na ist vremenski interval.
Јас сега во 9ти осетив икање. И мене ми паѓа жал. Ама како и да се преместам не му помага на бебчо. Јас го препознавам по истиот временски интервал и што скока цело, не е клоцање и мрдање.
Јас за прв пат денеска го осетив икањето на бебувче, 31+2 сум и многу ми е жал душиче мало,два пати по 10 минути икаше..не знам како да му погнам пробав и да станам да се свртам на другата страна,вода пиев ама ништо од тоа не му помогна
Често ика, барем по 10-15 мин на секои 2 дена. Се надевам дека е ок тоа. И тоа најчесто бира момент кога ќе легнам да спијам или да одмарам.
бебево многу ми ика во стомаков, 35 нед. комшивка вели аа си го измрзнала ќе имаш проблеми со него на нет пишува ок е какви се вашите сознанија?
Хахахаха како можеш да го измрзнеш? Мојата ќерка и во стомак ќе почнеше да ика и не прекинуваше 10мин сигурно ,а и сега исто ика и не прекинува 10 мин ,ајде во стомак сум ја "измрзнала" ама сега? Еве супер си е. Јас мислам дека е нормално не се секирај. И ние кога икаме не сме премрзнати Со лесно
Леле жено, не зезај, зар веруваш во вакви нелогичности. Нема никаков проблем, сосема нормално. Син ми постојано икаше, до степен што ми беше иритатно зошто не можев да спијам. И кога се роди икаше, пак, сосема нормално. Уживај, не се замарај со глупости.
Нормална појава, бебе учи да користи дијафрагма и по статииве на нет е баш позитивно икањето во меше, знак дека се добро си се оформува и се спрема за надвор комшиката да му го јаде газето
Икаше многу во стомак, и икаше со месеци откако се роди речиси секој ден. Ништо страшно, само во стомак досадно е кога долго трае
Леле, не сум ја видела темава. Мислев само моето бебе икало. Е добро, ми објаснија дека е нормално дури бев трудна, ама ко се роди и почна да ика во болница по сестрите викав. И као, шо е сега ова и шо да му праам На све личеше тоа, ама на икање не
Ика по неколку пати секој ден . Маж ми понекогаш знае да стави уво на стомак и да слуша и вика демек слушал како ика Не знам дали да му верувам
По некоја логика дека за икање на глас треба воздух, мислам дека не се слуша Мислам дека никаков звук неможе да направат се додека не излезат од меше и земат прв воздух Кај мене првите две многу икаа. Со второто така сфатив во 31, 32ра дека се завртело карлично. Дека икањето се доле го осеќав, а еден ден горе почна да рипка меше Сум прочитала дека додека се развиваат белите дробови се случува тоа икање, душички мали