Колку често икате? И колку време икате кога ќе почнете? Јас денес цел ден икам. И тоа по 15 минути, толку многу тешко, што дури ме болеше срцето при секое икање. Еве сега пак икам. Мислам дека може да престане со лимон, доколку немате, наведнете се напред и надолу, или пак напијте се вода во таа положба. Ако немате ни вода тогаш земете длабок здив и задржете го. Знаете ли вие некои вакви трикови за икање?
Ме насмеа со темава Јас икам многу ретко.И тоа се случува кога лошо ке земам воздух или пак откако ке се засркнам.Кога икам обично земам 9 голта вода(како што велат старите дека треба) и ми минува.Некогаш и го задржувам здивот.
Што предизвикува икање освен смеење? Некогаш од чиста мира почнувам да икам И мора сок да се напијам за да преикам, вода не ми помага многу.
Епа вака,откако еднаш ќе икнеме броиме се дур не икнеме втор пат И на пример 5 секунди и почнуваме пак,1,2,3,4,5 и пиеме вода за да спречиме пак да икнеме и така неколку пати и престануваме
Ја кога ќе почнам да икам икнато е Цел ден во икање ми поминува. Инаку водата и тие трикови кои го спречуваат икањето помагаат само до одредено време максимум 2 часови и потоа пак икаш и на секое икање во денот треба да се напиеш ТЕЧНОСТ (трик што мене лично најмногу ми помага).
Јас имам слушнато дека кога икаш тоа значи дека некој те озборува и дека ако погодиш које тогаш икањето автоматски престанува! Еднаш се обидов со оваа тактика и навистина ми помогна,ама според мене,тоа беше само најобична коинциденција и најобична случајност и ништо повеќе,не сум дотолку суеверна за таа работа! А,инаку,вообичаено,јас кога икам тогаш пијам вода се додека икањето не ми престане! Исто и неколку пати се обиделе убаво да ме исплашат кога икам,но тоа на мене не ми помагало многу! А,пак,што се однесува до честотата на моето икање,јас толку често не икам,може дури да се каже дека и поретко икам! И уште да додадам и дека еден од омилените ликови од цртаните филмови од моето детство ми беше Mr.Hiccup и многу ми беше смешен и често ги засмевав моите школски на училиште со тоа што вешто го имитирав неговото икање и скокање при икањето!
Ако икањето не престанува подолго време,еве еден совет:Земете воздух,вдишете длабоко и издишете.Постапката повторете ја неколкупати.Потоа,со врвот на јазикот протријте го небото во устата. Икањето ќе престане.
Јас знам еден успешен трик што го запира икањето секундарно. Ќе наполниш филџан или чаша вода небитно и место да пиете вода нормално ко што се пие, ќе се напиете од другата страна. Не знам дали ме сфаќате, фактички брадата треба да во влезе во чашата, наопачки да пиете односно дното да биде накај вас и чашата ја навалувате. Го видов од Доктор Оз и дефинитивно помага
Ја па ко некој изрод. Икам на секој 6 месеци а кога ќе почнам да икам за 5 мин. престанувам. Кај мене сите во фамилија икаат почесто само јас паметна на секои 6 месеци Исто за многу други работи, целата сум обратна.Цела фамилија има навика на едно ја на друго, цела фамилија ист карактер а пак јас и самата неможам да се сватам понекат.До сега не сум сретнала човек со ист карактем како мене, и сите ги гледам како да им фали нешто Спојлер тоа дека икам на секои 6 месеци докажано од доктор ми е
Трикот шо ви го кажа srcence1607 е многу ефикасен Само тешко е да се објасне.Други начини се да броиш од 10 до 1(да се вреќаш назад) или пак некој да те уплаше Еднаш така јас не престанувам со икање и мајка ми иде и ми вика АБЕ КАКО ТЕБЕ 4КА ТИ СТАВИЛЕ ПО МАКЕДОНСКИ и јас и јас во шок и после ми вика абе те исплашив да не икаш
Мене ми кажаа дека на лажичка шеќер се ставаат неколку капки лимон и се голта. Мене ми помага секогаш
А мене ништо не ми помага. Кога почнувам да икам, уште два саати си икам. Ниту кога ме плашат, ниту вода, ниту броење, ниту задржување на воздухот, ниту шеќер и лимон, ниту пак наопачки стоење. Сѐ ова имам пробано и ништо.
Следен пат кога ќе икате, држете ја устата отворена вака некако и ќе видите каков звук ќе се слуша. Мислиш кенгур се пораѓа Не ми се смејте, не можев да најдам поубава слика
Кога икате избројте од десет наназад бавно или напијте се вода по малку седум пати (ова ми помага), исто така кога ика некој за да престане излажете го нешто (мене ми помага и ова).
Еднаш икав и бев кај дедо ми и братучетка ми најпаметната се качила на катот и јас се качувам си икам некаде занесена и наеднаш кога гледам папуча пред мене.Тоа и бил трикот но незнам како кога ја пушти пред мене и наеднаш престанав да икам.Имам гледано на ТВ дека тогаш мозокот заборава на икањето и се фокусира на стравот па можеби затоа.Ова со 9 голки вода помага ама не секогаш.
да помага ова, ќе треба да преплашиш некој бидејќи ти самата не можеш пример зошто си ми го земала пенкалото без прашање или телефонот веднаш ке престане
Икам кога сум жедна или многу кога ќе се смејам. Или пак среде час, оти мојот организам сака да привлече внимание.