1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Икони

Дискусија во 'Религија' започната од Saxobeat, 9 април 2012.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    @worrieddd и за мене е неприфатливо да ги поставуваме светците пред Бога. И не можам да кажам дека тоа не се случува во пракса кај одредени верници, но тоа не значи дека е исправно, напротив неисправно е. Светците без Бога се ништо. Како што и Месечината и планетите кои на вечер ги гледаме како светли тела се ништо без Сонцето кое ги осветлува, така и светците, па дури и Мајка Богородица се ништо без Христа Бога. Но, како што и планетите и Месечината примаат светлина од Сонцето и ја предаваат на земјата, така и светците на луѓето им даваат дел од светлината Божја. Да не се лажеме, доколку не беше Христос света Петка немаше да биде светица. Светецот нема автономија да помага без дозвола од Христа Бога, но може да Го измоли Бога, и тука е помошта.
    Доколку човечкиот живот завршуваше со смртта, тогаш кому Христос проповедаше во темницата (адот)? Видете за тоа во посланијата на светиот апостол Петар.
    Како му се јави свети пророк Самуил на Саула и му предвиде дека ќе загине во борбата?
    Како богатиот го молеше светиот патријарх Авраам да го прати сиромашниот Лазар кај живите браќа за да им каже какви маки ќе ги чекаат ако продолжат да живеат како него?
     
    На DAngel, daylight, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  2. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Rama, LegallyBlonde13, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    4.814
    Пол:
    Женски
    Дали иконите што се продаваат во црквите се осветени?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Некои одговори зависат од тоа кого прашуваш :) Во случајов, ако ги прашаш тие од црквата - секако дека ќе ти речат дека се осветени. Ако ги прашаш другите, ќе ти речат дека тоа е обична уметничка слика како и секоја друга слика.

    Дозволи ми од сигурни извори да ти кажам како се врши „осветувањето“ на иконите. Се земаат иконите, се ставаат во подрумскиот дел од црквата да „отстојат“ 40 дена и луѓето веруваат дека на тој начин тие се „осветуваат“. Човек што има барем просечна интелигенција, знае дека тие икони се исти како и иконите што не стоеле 40 дена во црква - обични уметнички творби во византиски стил.

    Вторo, во повеќе од 85% примероци од т.н “осветената вода” од црквите, пронајдени се инфективни фекални бактерии (Escherichia Coli,Enterococcus, Campylobacter) во број далеку поголем од дозволениот за исправна санитарна вода. Да,таа вода со која попот не прска по облеката, главата, лицето, таа иста вода која луѓето ја купуваат или земаат од црква мислејќи дека има некои „магични“ својства. Епа магијата всушност се горните фекални бактерии :)
    Еве ти линк од студијата: https://abcnews.go.com/Health/study-holy-water-harmful-health/story?id=20257722

    Совет: Не верувај во „осветени предмети“. Такво нешто нема во Светото Писмо (Библијата). Верувај во Бог, Тој е свет, а и ти можеш да се осветуваш доколку го читаш Светото Писмо, го водиш својот живот согласно учењето на Исус и редовно се молиш.
     
    На PoisonGirl, hermosa, Кена Рис и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Нема каде нема бактерии друже, кај се фати баш за тоа, туку тебе православието те чешка. Иначе земи ти освети вода ти дома и види што ќе се случи после некој ден. Ќе смрди како канализација, што не е случај со осветена вода од свештеник. Испробано иначе..
     
    На душленце, Elenpelen и Rama им се допаѓа ова.
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Не верувам. А за што ти е таа икона?
     
  7. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    4.814
    Пол:
    Женски
    @worrieddd Сакам на дечко ми да му купам за св. Никола икона со светецот, ама никогаш претходно не сум купувала и затоа прашав тука што и како со иконите.
    Не сум многу запознаена со тоа што значи всушност "осветувањето" - мислев дека иконите во црквите сите се осветени со вода.
     
    На Orthophill и korisnichka им се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    За мене не значи ништо, бидејќи јас не верувам во осветување на икони и воопшто во икони, немам ни потреба да ги имам. Јас во Бог верувам. Светците биле обични луѓе како нас. Ама не можам да те посоветувам , ако мислиш дека треба купи ја, тоа за мене не е свето нешто туку обична слика.
     
    На hermosa и Кена Рис им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со мислењето на @EvAngelos ;)
    Демек иконите се чуваат по подруми и се нечисти и обични???
    Не,не...се што е во Црквата внатре,во двор,па и во подрум нека е,се е свето...
    Голем дел од иконите за продажба скоро во секоја Црква или Манастир се изложени во самиот ходник пред да влезеш во самата Црква или пак во убави и заградени простории,надвор во дворт,не во подрум.
    А со самото тоа се свети,кога се одржува служба знаеме дека Светиот Дух се спушта во Црквата и во се околу неа :)
     
    На softy1, Shalitra, Elenpelen и 3 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    За да биде иконата света доволно е да има натпис, не мора да се осветува :)
     
    На Orthophill и Кена Рис им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    И после ова твое мислење, што да кажам за крштевањето на мали деца...значи со фекалии ги полеваат!?

    Ја претера работата сега!!!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Зошто јас ја претерав? :^) Јас не ја правев студијата, туку само приложив линк од неа:
    https://abcnews.go.com/Health/study-holy-water-harmful-health/story?id=20257722

    2. Сигурна си дека децата ги крштеваат во „осветена“ вода? Искрено се надевам дека не.
     
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Прекрасен подарок. Ако сакаш може да го замолиш свештеникот да направи чин на осветување, иако не мора. Како сакаш ти. Нека е на помош свети Никола.
     
    На Shalitra, Rama, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  14. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Касно одговарам, ама да си кажам :D

    Некои икони се осветени, а некои не се.
    И јас купував икона за блиска личност и попот ми кажа дека не е осветена , ја оставив иконата за време на служба во црква и ми ја осветија .
    Ако прашаш , ќе ти кажат.:)
     
    На Rama и Кена Рис им се допаѓа ова.
  15. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    А што значи за вас осветено и со што библискиможе да го поткрепите вашето тврдење за иконите и нивната светост?
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Библиски не можам да ја потврдам светоста точно е, ама тоа не значи дека не постои...аман, по кој пат не знам се објаснувам дека за нас православните неспорна е целата Библија, но дека веруваме и почитуваме голем број на работи кои не ги пишува во истата, и не дека така ни текнало ами дека тоа го кажуваат Светите Отци на црквата преку разни посланија и преданија.
    Значи ништо не е погрешно, 2000 години вакви се темелите на православието, знаеме дека Библијата е пишувана пред 2000 години и просто не било можно да биде вметнато се она што се практикува денес, така да тоа е тоа.....

    А кога сме кај осветеното за се што е во црква, на секоја служба или литургија, Светиот Дух слегува на се она што е во и на Светиот Храм, така учи православито, и јас одбирам да верувам во тоа, поздрав!
     
    На душленце и La.loca им се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    И јас имам размислувано за иконите ,и ми е некако чудно да ги поврзам со Бог.Инаку,зошто има пишано во библијата дека , цитирам,му служеа на создаденото наместо на создателот?Нарекувајќи се разумни станаа безумни.Иконата е нешто создадено па ме асоцира и на неа ова.Бог сака да му се поклонуваме во дух и во вистина
     
    На Herrera и turist им се допаѓа ова.
  18. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Тоа е многу различно и многу важно. Дали веруваш на православието или веруваш на Светот Писмо, на Светите отци или на Светот Писмо? Кој има поголем и неоспорен авторитет?
    "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!" -Галатите 1.8
     
  19. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Да, баш така пишува и на повеќе места и многу е јасно. Јас друг авторитет поголем од Светото Писмо кое е од Бог дадено неможам да прифатам.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Времето ќе покаже што и како, на крајот сите ќе си имаме суд и казна според тоа....
    Верувам со цело срце во Бог, иако сум грешна до срж, ама ко што кажав и покрај основите на Библијата и Божјиот збор, покрај Светците во православието се внесувани многу други основи кои се практикуваат илјадници години...