Ако се внесени многу други работи спротивни на Светото Писмо и сме свесни за некои нешта зар треба да ги продолжиме да ги практикуваме заради срам што ќе речат луѓето, не грижјќи се шти ќе рече Бог на тоа. Или ако нешто правиме само затоа што другите прават и не знаеме воопшто зошто така се прави, не значи дека треба лекомислено да продолжиме со тоа.
Zdravo me interesira dali ste slusnale za praviloto deka ne smee na zapaden dzid da se stavi ikona? Jas ja staviv pred da go procitam toa i sea ne znam sto da praam
Иконите не се украси во домот, ниту пак амајлии или заштитници. Нивната главна цел е кога ќе ги видиме да се поттикнуваме на молитва и да се помолиме: „Господи Иисусе Христе помилуј ме!“, „Пресвета Богородице спаси ме!“, „Свети (името) моли го Бога за мене!“, и уште повеќе пред нив да ги кажуваме молитвите, кои се во молитвеникот. Во домот се клаваат на убаво и почесно место. Пожелно е да се на исток, но доколку во домот нема место на исток, поради прозорци, регали, плакари, или пак поради некоја друга причина можат да се стават на било која друга страна. Но, кога се молиме треба нашиот поглед да е упатен кон Бога, преку светата икона која е во нашиот дом.
Иконите се клаваат на најубавото место во домот/собата. Не мора да се на исток, но треба да се на почесно и чисто место.
Здраво, дали може да ми кажете каде можам да ја купам иконата Св. Петнаесет тивериополски (струмички) маченици ?
Каде можам да купам убава икона низ манастирите, само да не е од оние дрвените, класичните? Сакам на ѕид да ја ставам.
Здраво ми треба помош Имам еден празен зид во кујната и сакам да го направам со слики И имам две икони дали може и тие да ги ставам ?
Не знаев каде да го ставам прашањето па овде ако има потреба админ нека го префрли. Икони што не се купени од црква и ланчиња со привезок Богородица треба да се остават во црква неколку дена или како? Досега секогаш купувам од црква ама ова ме интересираше што ако некогаш земам а да не се од црква?
Според свети Кирил Солунски, иконата ја осветува натписот. Ако пишува Пресвета Богородица, свети Никола, свети Атанасиј итн. автоматски е икона и не мора да се осветува.
Дали знаете каде можам да ја најдам оваа икона ? Неодамна ја видов во црквичка Св . Никола во Србија , меѓутоа не им беше за купување , туку таа икона припаѓа на црквата .. Мој заштитник и светец е Св . Никола , и иако веќе имам икона на Св . Никола , сакам да ја имам и оваа , не сум ја видела никаде освен во таа една црквичка во Србија ..
Може да ја порачаш да ти ја изработат во некоја работилница за изработка на икони. Никогаш не сум видела да се продава ваква.
Ви благодарам . Дали можеби знаете некоја работилница , или човек , кои изработуваат икони ? Навистина не сум упатена околу тоа , а сакам и да поклонам на црквата каде се венчав една ваква икона и да си ја имам во домот