Икони

Дискусија во 'Религија' започната од Saxobeat, 9 април 2012.

  1. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Kako se menjat pravilata na zivotnite svinjata da ne propasi treva pa sega e cista? ako vi e ubavo svinskoto slobodno jadete nemoj da sirite lazni informacii deka svinjata e cisto zivotno i moze da se jade .
     
  2. Petar Kadinovski

    Petar Kadinovski Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Секако дека почнав да одам. Слава на Бога! Не толку често, кога ќе можам, а гледам да биде почесто!
     
    На agios, Orthophill, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Интересна е историјата на иконите.

    Во Новиот завет од Библијата (први век) каде што е опишана првата Црква (Христова) не се спомнува ниту една икона. Единствената икона што се спомнува е иконата на антихристот (Откровение 13:14-15, Библијата)

    Вториот и третиот век од христијанската историја изобилува со ранохристијанска литература. Но повторно не се спомнува никаква икона во христијанските цркви. Иринеј (епископ од Лион) во своето познато дело „Против ересите“ пишувајќи за одредени еретици вели:
    „Нивниот стил бил гностички. Тие исто така поседувале слики, некои од нив насликани, а други формирани од разни материјали. Тврделе дека ликот Христов бил направен од Пилат во времето кога Исус живеел меѓу нив. Тие ги светкувале овие слики и ги поставувале заедно со сликите на светските филозофи, со сликите на Питагора, Платон, Аристотел и останатите. Тие имале и други начини на чествување на овие слики, на истиот начин како и паганите.“ (Иринеј, Против Ересите 1:25)

    Во некои катакомби се најдени уметнички слики од пастир, риба, јагне, но тоа не биле икони.

    Во четвртиот век. Елвирскиот собор во 305г. во 36-тото правило ги забранил ликовите (сликани, леани, делкани) во црквите. Вака гласи правилото: „Слики во црквите не се дозволени, она што се почитува и слави да не биде насликано на ѕидовите“. Еве го и оригинално: Placuit picturas in ecclesia esse non debere, ne quod colitur et adoratur in parietibus depingatur.
    Јован Златоуст, иако во проповедите споменува за многу современи обичаи, ништо не кажува за иконите.
    Пред крајот на четвртиот век почнале да се украсуваат црквите со некои изобразби на историски личности од Библијата. Ама се уште не правеле икони.
    Епифаниј, саламискиот епископ, кој умрел во 404 г., кога на старост одел за Ерусалим, во едно село на завесата на црквата видел човечки лик. Го раскинал ликот и со голем револт рекол: „Беше спротивно на Светото Писмо да виси човечки лик (слика) во Христовата црква!“.
    Првите икони почнуваат да се цртаат во четвртиот век, но сеуште се почитувале како уметнички слики, без да им се поклонуваат, без да ги осветуваат и да им припишуваат натприродни моќи. Не биле распространиети до 6-7 век.

    Уметничка татковина на иконите е древниот Египет (особено погребните портрети на елинистичката епоха). Византија, како наследничка и подадена рака на Елада, е татковина на христијанскиот иконопис. Народот во сликата (иконата) гледал непосредна близина со Бог, верувал дека сликите имаат чудотворна моќ. Имало дури и свештеници кои ја стружеле бојата од иконите, па потоа ја мешале со виното за причест и така ги причестувале верниците (S.Srkulj, Povest srednjeg veka,str. 36).

    При крајот на шестиот век почнале да ги целиваат (бакнуваат) иконите, да им кадат и да се поклонуваат пред нив. Во седмиот век направиле икони од восок, од сребро, од злато, а некои биле и леани од бакар.

    Во осмиот и почетокот на деветиот век (од 726-842г.) имало голема расправија и несогласување за иконите меѓу црквите. Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите. Во 754г. императорот Константин Петти свикал собор во Цариград и на тој собор учествувале дури 338 епископи. Тие изјавиле дека "Обожавањето на иконите се противи на науката на Светото Писмо", притоа донесувајќи повеќе одлуки со кои се забранувало изработување на икони и нивно користење во богослужбите На овој собор исто така биле анатемисани поборниците на иконите, меѓу кои и Германус од Константинопол и Јован Дамаскин.
    Но војната продолжила. Во 787 година бил свикан повторно собор на кој што се одобриле иконите.
    Во периодот помеѓу 814 и 842 година повторномногу цркви се спротиставиле на иконите тврдејќи дека се спротивни на учењето на Светото Писмо.
    Но во 842г. победила партијата што се залагала за икони и тоа под воено покровителството на царицата Теодора. Оттогаш до сега иконите се употребувале во источните цркви.
     
    На iloveyou29, Acka22 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    55.236
    Пол:
    Женски
    ....И ќе се употребуваат додека сака Господ ;)
    Ако не биле Богоугодни немаше да постојат иљадници години,не берете гајле вие за тоа!!
     
    На agios, Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Бог го толерира Исламот уште подолго отколку иконите. Дали тоа значи дека и Исламот е богоугоден?
    Бог ги толерира и будизмот и хиндуизмот кои постојат дури и подолго отколку самото христијанство. Дали тоа значи дека и тие се богоугодни?
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    55.236
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos ако гледаме од друга страна пак,ќе испадне дека Бог ги трпи и овие од ЛГБТ заедница,и џихадистите и уште кој не.
    Не ме интересира постоење на ниту една друга вера,секој си верува во своето,едноставно не сме на иста бранова должина!
    И да,пак ќе речам иконите во Православието се вистински и валидни.
    Ние,православните се молиме на икона,на светец кој е на неа,точно е да,ама сепак добро знаеме дека на некој начин тие светци постојат да му служат на Господ,знаеме дека и тие се молат за наше добро,ама во никој случај по важност и големина не ги ставаме пред Господ,сакале вие или не,тоа е.
     
    На meckicka, Petra777, Bulgarian и 2 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Ете така, со вториот коментар самата си одговори на првиот коментар :)

    Рама, различните вери постојат без разлика на нашиот интерес за нив. Ти си се родила во Македонија во православно семејство и си ја наследила верата од твоите родители и потоа си затворена да слушнеш поинакво мислење за некоја друга вера. Да си се родела во Саудиска Арабија, ќе си ја наследела верата на твоите родители муслимани и ќе си била муслиманка. И во тој случај ќе си била затворена да слушнеш поинакво мислење за некоја друга вера и исто вака ќе си велела: „Јас сум муслиманка и не ме интересира постоење на ниту една друга вера!“.
    Ја сфаќаш поентата? Од толку многу земји, народи и религии во светот, која е веројатноста дека ти си се родила баш во правата земја со правата религија, а мнозинството останати несреќно се родиле во семејство каде што била погрешната вера?

    Среќа наша што првата христијанка Лидија не размислувала вака па се откажала од верата на нејзините родители и го прифатила христијанството од апостол Павле. Истото важи и за сите први христијани почнувајќи од апостолите кои не останале доследни до верата на нивните родители и прадедовци туку сметале дека е поважно да се верува во Христовата вистина.

    Во ред, тоа е твојот став. Мое е да пишам кој е библискиот став и како историски се појавиле икоените, па секој читател со здрав разум сам нека си прочита и донесе заклучок дали тие се Богоугодни или не.

    Знам дека се молите на икона и на светци. Јас ниту можам да те натерам да се молиш, ниту да не се молиш. Мое е да си кажам што Исус и апостолите велел за молење и поклонување пред икони и светци, а на секој човек индивидуално останува дали ќе биде послушен на Исус или пак на својата семејна традиција.
     
    На Bender Rodriguez и crimson им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    55.236
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos абе како да ти кажам или објаснам дека без разлика што од дедовци и прадедовци имам православни корени,мене никој не ми наметнал ништо,уживај ти,јас добро знам која е вистинската вера,кој е патот и светлината..
    И не ми кажувај дека ако бев Саудиска Арабија ќе бев муслиманка,немаше да бидам а ќе ти кажам и зошто!
    Најголемите чуда се случуваат само и токму во православието,знам добро,сум осетила на своја кожа,и јас ќе го оставев муслиманството ако ти е желба да го слушнеш ова :D
    А ако мислиш погоре дека ме зезна нешто,со коментар од типот сама си одговори,јас мислам дека само ти уживаш да извртуваш зборови,само го напаѓаш и порекнуваш православието и притоа ти сам си ставаш автоголови или шах-мат како што кажа @HUNK
    Примерот со џихадистите и лгбт беше во иронична смисла малку,се надоврзав само на тебе дека рече зошто Господ не го уништи исламот и дали тоа значи дека му е богоугоден.
    Е па драг Ев ни исламот му е богоугоден а уште постои замисли,така ни џихадистите не му се угодни а постојат,зошто е така сосем трета работа е.Да сака Бог ќе сруши и срамне со земја се ова што набројав и јас и ти,освен иконите секако,не се радувај предвреме :D

    И сега ајде црно е па не е црно,ќе ја полниме убавава тема со офтопици:!:
     
    Последна измена: 5 октомври 2016
    На meckicka, Orthophill, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Преподобен Јован Дамаскин
    ЗА ИКОНИТЕ


    Затоа што некои нè обвинуваат за тоа што се поклонуваме и ги почитуваме иконите на Спасителот и на нашата Владичица, како и иконите на останатите светители и Христови служители, нека слушнат дека Бог од почетокот го споздаде човекот според Својата икона. Впрочем, поради што друго ние се поклонуваме еден кон друг, освен поради фактот дека сме создадени според Божјата икона? Бидејќи, како што вели Богоглаголивиот Василиј, „честа на иконата достига до прототипот“. Прототип е оној кого го претставува иконата.

    Но, кој може да направи слика на невидливиот и бестелесниот и неописливиот и неоформливиот Бог? Значи, белег на целосно безумие и непобожност е некој да Го прикажува Бога на слика. Затоа во Стариот Завет не била вообичаена употребата на иконите. Меѓутоа Бог, поради Своето милосрдие, стана вистински човек заради нашето спасение, не како што му се објави на Авраам во облик на човек, ниту како што им се објавувал на пророците, туку по суштина стана вистински човек и „поживеа на земјата меѓу луѓето“, чудотвореше, пострада, беше распнат, воскресна, се вознесе. Сето тоа се случи вистински, а луѓето го виделе тоа и го запишале за да го имаме во нашето сеќавање и за да се поучуваат оние кои не биле присутни во тоа време и да се удостоиме со Господовото блаженство дека иако не сме виделе, но сме слушнале и сме поверувале. Меѓутоа, бидејќи не се сите писмени, ниту сите се занимаваат со читање, Отците одлучиле сето тоа да го прикажат со икони заради синоптичко потсетување. Несомнено, иако многу пати во својот ум го немаме страдањето Господово, ние штом ја видиме иконата на Христовото распетие, се потсетуваме на спасителното страдање, паѓаме на земјата и се поклонуваме не на материјата, туку на она што е претставено на иконата, како што не се поклонуваме на материјата од која е изработено евангелието, ниту на метаријата од која е изработен крстот, туку на обликот. Бидејќи по што се разликува крстот на кој не е насликан Господ од оној на кој е насликан? Истото важи и за Богомајката, односно почитта кон неа се упатува на Оној Кој се воплотил од нејзината утроба. Истото е и со иконите на светителите, кои нè поттикнуваат на храброста и ревноста и подражавање на нивните добродетели, а нè поттикнуваат и на славење на Бога. Го изобразуваме Христа – Царот и Господ, не лишувајќи Го од Неговата војска.

    Значи, нека знае секој иконоборец дека иконописот е плод и израз на љубовта и ревноста за слава и спомен на Христа или на Неговата Мајка или на кој било светител, заради посрамување на ѓаволот и поразување на неговите демони. И секој кој не им се поклонува на иконите и не ги почитува оние кои се на нив претставени не е ништо друго освен непријател Божји, противник на Христа, на светата Богородица и на светителите, љубител на ѓаволот и на неговите демони, бидејќи се нажалува и протестира поради тоа што Бог и Неговите светители се прославуваат, а ѓаволот се поразува. Иконописот е триумф и објавување во спомен на победата на оние кои постапиле бестрашно. Од друга страна, иконописот претставува срам за победените и исфрлените.
     
    На Таа Сум, Orthophill, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Е овој е тој Јован Дамаскин за кој ти реков да ми покажеш кој дел од Светото Писмо го појаснувал кога пишувал за поклонувањето на иконите :) Иначе Јован Дамаскин бил екскомунициран и анатемисан на црковниот собор во Цариград во 754г. на кој присуствувале околу 338 епископи (повеќе отколку на првиот вселенски собор во Никеја).

    Погледни само колку е дијаметрално различно ова во однос на Светото Писмо и учењето на Исус и апостолите:

    Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’ (Исус Христос, ев. Лука 4:8, Библијата)

    „ А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела 10:26, Библијата)

    „И паднав пред неговите нозе, да му се поклонам; и ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.“ (Откровение 19:10, Библијата)

    „И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“ (Откровение 22:9, Библијата)
     
  11. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    ,,Значи, нека знае секој иконоборец дека иконописот е плод и израз на љубовта и ревноста за слава и спомен на Христа или на Неговата Мајка или на кој било светител, заради посрамување на ѓаволот и поразување на неговите демони. И секој кој не им се поклонува на иконите и не ги почитува оние кои се на нив претставени не е ништо друго освен непријател Божји, противник на Христа, на светата Богородица и на светителите, љубител на ѓаволот и на неговите демони, бидејќи се нажалува и протестира поради тоа што Бог и Неговите светители се прославуваат, а ѓаволот се поразува. Иконописот е триумф и објавување во спомен на победата на оние кои постапиле бестрашно. Од друга страна, иконописот претставува срам за победените и исфрлените''.
    Доволно е кажано :) Демоните кои се борат против Христовата Црква може само да мрчат против Неговите војници,зошто им смета се што е Божјо.И секако... да се прават мутави за да ги заведуваат луѓето :)
     
    На Таа Сум, Orthophill, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Едно најпријателско укажување, многу судите, се ставате на местото на Бог. Кој сте вие да знаете дека мене и сите што не се поклонуваме на иконите, Бог не смета за Негови непријатели? Ако е точно дека сега за Бог сум јас непријател, тогаш зошто ја чустувам Неговата љубов, зошто ми ги ислушува молитвите, зошто ме штити повеќе од кога и да било...ако според вас сум непријател Божји? Па јас со Бога имам појака врска од кога и да било. Како и за навидум ситница ќе погрешам одма го слушам неговиот прекор внатрешо во мене, Аја погреши, како никогаш до сега, кога барам решение, ми го дава.

    Еве едено мое искуство недавно случено, се случии недоразбирње, татко ми си помисли човекот дека ќе сум мењала црква, вера...не знам што, се возбуди човекот без убаво да рабере викаше ќе се откажам од тебе. оди во соба, седиси таму и повеќе не сакам да ми збориш, па за кого ја правам собата итн. Да напоменам дека не се карав, го научив тоа од друга лекција. Во тој момент ништо не ми беше поважно од Бог, нитум собата ( зар ќе ја носам во гроб), ниту татко ми. Јасно и гласно му кажав дека мене сега Бог ми е најважен, ми викаше аха зарем Бог ќе ти даде да јадеш...да ќе ми даде. Ми рече значи сега ти не веруваш во Св Петка, Св.Недела итн? Не не верувам повеќе. На иконите не се молиш повеќе? Да не се молам повеќе, само на Бог. Одма после ова искочив надовр да го прошетам кучето, шетајќи се молев на Бог и знаете што се случи? Кога се вратив дома буквално како ништо да не било. Пред мои очи ја видов уште еднаш моќта на молитвата, како и Неговата љубов. Кажете сега дали мене Бог ме смета за Негов непријател?
     
    Последна измена: 8 октомври 2016
    На rose60, Херкул и EvAngelos им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Епа јас сум случај што се моли и пред другите светци па и јас како тебе ја чувствувам божјата милост и не ми се случува ништо, никаков лош знак како опомена дека не треба тоа да го правам. И сега што правиме?
     
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    @A-j-a искрено ти се восхитувам на храброста и лојалноста кон Бог. Сум сретнал многу машки кои ја читале Библијата и откако увиделе дека молењето и поклонувањето на икони и светци не е богоугодно, сепак заради стравот од родителите продолжиле да го прават тоа, ги ставиле родителите на прво место, и наместо да се плашат од Господ бидејќи одат против Неговата воља, тие се плашеле од родителите да не ги избркаат од дома или да не престанат да им даваат џепарлак (заборавајќи дека Господова е земјата со сите богатства на неа). А ти си женско и сепак си похрабра и од овие машки, браво! Ќе се молам за мир во твоето семејство и за тоа татко ти да не се противи на твојата искрена вера во Бог.
    Сакам да те охрабрам со следниов цитат на Исус:

    ”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка, и снаата од нејзината свекрва, и непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни. Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене;“ (Исус, ев. Матеј 10:34-37, Библијата)

    Исус овде не зборува за војна или буквален меч, туку во продолжение објаснува за каков меч станува збор. Исус знаел дека Неговото евангелие ќе ги раздели децата од родителите бидејќи во некои случаи родителите ќе поверуваат во Исус, а децата нема или обратно децата ќе поверуваат, а родителите нема. И во тој случај родителите ќе им се закануваат на децата да не одат по тој „пат“ (Исусов пат). Секако ретки се случаите на нашиве простори каде што родителите буквално ги бркаат децата надвор затоа што му веруваат на Исус и сакаат лојално да го следат, ама тоа е чест случај во Исламските земји. Сепак голема е наградата за оние кои и покрај притисоците остануваат верни и лојални на Исус.

    Исто така е важно и од кого е кажано. На нас останува дали повеќе ќе му веруваме на Исус Христос и од него избраните апостоли или пак на овој Јован Дамаскин од 8 век. На Судниот ден нема да се појавиме пред Јован Дамаскин, туку пред Исус Христос. И Исус нема да ни рече зошто не го послуша Јован Дамаскин, туку ќе ни рече: Зошто не ме послуша Мене?
     
    Последна измена: 8 октомври 2016
    На LUCI 99, rose60 и A-j-a им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Очигледно не треба да ја темелиме нашата вера на чувства, туку на Божјиот верен и сигурен Збор - Библијата. Зошто? Бидејќи едни чувствуваат едно, други друго, трети трето. И муслиманите после секој намаз (клањање) и после секој пост за Рамазан чувствуваат дека Бог ги сака и го одобрува тоа што го прават. И будистот кога медитира чувствува голем мир и хармонија во душата.
    Наспроти ова, Библијата вели: „Поизмамливо од сè е срцето и е страшно болно (расипано)“ (Еремија 17:9, Библијата) и затоа не треба да се водиме според срцето и емоциите (иако Холивуд не учи така), туку според Божјиот верен и сигурен Збор - Библијата. Дури тогаш ќе ја почувствуваме во полнота Божјата љубов и мир која го надминува секое разбирање и таа љубов и мир ќе бидат трајни и нема да зависат од околностите.

    Еве ти еден пример од мојот живот. Кога се лечев од рак (2007-2009) Бог ми даде посебен натприроден мир и радост што кога идат во дневната болница на Онкологија да примам хемотерапија, влагав со радост, со ентузијазам, со ведрина и насмевка. Му се чудеа и докторката, и главната сестра и другите сестри. Ама тоа не беше од мене или мојата храброст и сл, туку од Бог. И тоа директно им го кажував. Главната сестра дури и ме викаше кога ќе дојдеше некој нов пациент кој беше целиот во депресија и без желба за живот за да зборувам со него. Зошто? Затоа што едно е кога некој со бел мантил кој не прошол низ тоа ќе рече „знам како ти е“, а друго е кога некој без коса, без веѓи, со брунила во раката (и Христос во срцето) ќе рече „брат знам како ти е, издржи, Бог има контрола...“. А зошто ме викаше баш мене? Не затоа што јас бев нешто посебно, туку затоа што Бог ми даде натприроден мир, љубов, радост и тие беа и надворешно видливи. Јас бев само огледалце на Божјата светлина која извира од Исус Христос.
     
    Последна измена: 8 октомври 2016
    На LUCI 99 и A-j-a им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Одењето во црква ми е потреба и должност. Внатре полно икони. Нормално дека ќе застанам да се помолам пред нив.
     
    На Таа Сум, agios, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Страв од родители???
    :D
    Пред икона се молам од 12та год клекната.
    [​IMG]
    Има разлика од ова до ова;
    [​IMG]
    По некоја си перцепција првава побудува чувство на покајание, смиреност, вторава ми буди морничави чувства.
    Која тоа рекол дела немаме страв од Бога?
    Кога грешам, од Него се плашам. Исто и за големи празници ако не ги испочитивам со пост , пр. Св.Никол.
    Туку да не должам , ја и ти само во игри се слагаме. (fingers)
     
    На Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  18. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Православието(Христијанството,она кое Христос го оформил со Апостолите) проповеда и се поклонува на Бог.И на литургиите,сите молитви се упатуваат кон Господ Исус Христос и Небесниот Отец.На литургиите се спомнуваат реченици како ,,Господ Исус Христос по молитвите на својата Пречиста и Преблагословена Мајка - Богородица и сите Свети да не помилува и спаси како Благ и Човекољубец..'' затоа што они се молат за нас живите на земјата за Бог.. Библијата вели:
    ,,Димот од темјанот со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога'' Oткровение 8:4
    ,,И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старци паднаа пред Агнецот, држејќи секој од нив гусле и златни чаши, полни со темјан, кои што се молитвите на светиите'' Откровение 5:8
    Никој неможе да го негира постоењето на светците.Зошто еве ги во Библијата.Никој неможе да ги негира најголемите војници на Бог :) оние кои достигнале светост.. бидејќи еве,ги има во Библијата :) И ние не се се молиме на иконата како материја(дрво или злато) туку на нив,оние кои се преставени на неа.На иконите ги насликуваме нив.. и кога ги упатуваме молитвите.. ги упатуваме кон нив,да ни помогнат.. да го добиеме од Бог она што ни треба..
    Патем и Библијата не учи да ги почитуваме.Но ти секако,не ги кажуваш овие стихови од Библијата.Овие од Откровението и оние во Псалмот..
    ,,Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови'' Псалм 148:2
    ,,благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате волјата Негова'' Псалм 102:21
    Патем Библијата вели:
    “… молете се еден за друг… енергичната молитва од праведен човек има голема сила!” (Јаков. 5:16)
    И вистина е :) По многу молитви кон Светците,многу луѓе оздравеле,прооделе,прогледале,добиле деца..
    http://kanal8.mk/index.php/mk/3053-vistinata-za-novoto-cudo-vo-lesnovskiot-manastir
    http://mkd-news.com/manastirskiot-kompleks-kalishta-ima-chudesna-mok-blagoslov-za-idnite-majki/
    http://zitijanasvetiite.blogspot.mk/2015/07/blog-post.html
    И милиони вакви чуда...

    Ако го кажеш ова,ќе неможеше како да ја излажеш на пример @A-j-a за да ти поверува дека не треба да се молиме и тражиме помош и од Светите.
    А гледај овде.. Бог преку Псалмопеецот не учи и повикува да ги фалиме Неговите ВОЈСКИ И СЛУЖИТЕЛИ.. :D
    Хахахха.. ах бе евангелос..... веќе жал ме фаќа за тебе :D се избрука самиот по форумов..
    Тоа ти е,кога се нафаќаш да коментираш нешто за кое немаш појма...
     
    Последна измена: 8 октомври 2016
    На Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Битер мило ми е што ја чуствуваш Божјата милост и дај Боже и уште повеќе да ја чуствуваш. Верувај и поклонувај се на светци, тоа си е твое.

    Каде реков дека ќе ти се случи лош знак зошто ме осуди? А ме осуди со тоа што ме нарече Божји непријател, се стави на Божјото место и со сигурност ме прогласи, и мене и сите кои не се молиме и поклонуваме на иконите. Мене лично не ме навредуваш и не ме засега како ќе ме наречеш. Еве како што прочита од моето искуство виде дека Бог не ме смета за непријател како што ти ме прогласи. Па затоа сакав најдобронамерно да ви укажам на гревот на усудување кои го правите.

    - Не судете, за да не бидете судени, зашто со каков суд судите, со таков ќе бидете судени, со каква мерка мерите, со таква и че ви се мери. (Евангелие според Матеј)
    - Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти , кој си што осудуваш друг? (Послание на апостол Јаков)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Како јас да се ставам на Божјото место, тамам работа. Немав намера да те осудам, туку да ти кажам за нас православниве што се молиме на нашите светци, а вие тоа го сметате за погрешно, дека всушност не е. Тоа е православието, како да ви се каже. Јас да судам не можам. Јас можам само да кажам што е правилно а што неправилно. Ако она што за мене е правилно за тебе не е тогаш нема јас што да судам. Ако моето учење не се сведува само на Светото Писмо а твоето е ограничено и се сведува само на него, во ред. Секој има право на избор. Драго ми е за блаженството што го чувствуваш. Го чувствуваме двете иако со различен став и навики. Која е во право ќе видиме на судниот ден. :)
     
    На Orthophill, Rama и HUNK им се допаѓа ова.