Икони

Discussion in 'Религија' started by Saxobeat, Apr 9, 2012.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Ме потсети на еден дечко што еднаш ми рече дека не верува само во Библијата туку и во Куранот и Ведите... Му реков како можеш да веруваш истовремено и во Библијата и во Куранот кога тие се спротивни една на друга и се исклучуваат една со друга?

    Истото ќе те прашам и тебе, како можеш да веруваш во Библијата т.е. на Исус и апостолите кои јасно викаат да не се поклонуваш на луѓе туку само на Бог и истовремено да му веруваш на Јован Дамаскин од 8ми век кој го вели обратното дека ако не се поклонуваш на иконите си непријател Божји и противник на Христос?
     
    LUCI 99 and rose60 like this.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
    Смислата и содржината на иконата се навистина величествени. Таа претставува воплотување на православната теологија во полнота, потврда на евангелската Вест дека Бог стана Човек, и Црквата, прославувајќи ја победата на Боговоплотената Вистина во првата недела од чесниот Пост, торжествено пее:„Неописливото Слово на Отецот, Богородице, од Тебе воплотувајќи се стана описливо, осквернетиот образ го поврати во древната (состојба), со Божествената красота го соедини. Исповедајќи го спасението, со дело и збор го изобразуваме“.

    Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/ikonata-i-nejzinata-smisla/
     
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,049
    Gender:
    Female
    Еве ајде вистинска приказна..
    Св.Никола славеле мои предци.
    Мојата покојна баба и покоен дедо
    не ја славеле.
    Секој 19ти Декември се случувало нешто неубаво.
    Баба ми изгубила дете на тој ден.
    Татко ми со мене во автомобил за влакно сме избегнале смрт.
    После 1год повторно и ја спасена од несреќа.
    Од тогаш решиле да ја вратат славата. Во домот сега на 19ти место неубави случки, со посна трпеза , Свештеник ,се обележува Празникот со убави спомени.Слава му , да не чува секогаш.
    Кога идам на пат покрај тоа што се молам пред икона на Богородица и Исус , секогаш се молам и на Св. Никола.
    Бог отвара очи, за тие што сакаат да видат.
    А да , заборавив. Минатата год.прв пат не постев, од дрч се омрсив на Празникот , нога не скршив за малце. Пак ќе кажам , не чува.
     
  4. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Joined:
    Apr 12, 2011
    Messages:
    1,793
    Likes Received:
    2,025
    @HUNK зошто без да знаеш нешто и да си сигурен во тоа кажуваш и вмешуваш луѓе? Јас Евангелос сега го приметив по темите за религија исто како и тебе. Па така ниту по неговиот ниту по твојот памет сум одела. И двајцата ве почитувам.

    Општо приметив ако некој не се согласува со вас, осанативе сме одма етикетирани дека ни е испран мозокот, само вие сте во право. Па и во времето на Исус имало луѓе кои не оделе по Него но Бог не ги отфрли и осуди.

    Кој не е против нас, тој е со нас!
    Тогаш Јован му одговори и рече: “Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име демони изгонува, а не врви по нас, и му забранивме, зашто не оди по нас.”
    А Исус рече: “Не бране те му, зашто никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.
    Зашто, кој не е против вас, тој е со вас. (Евангелие според Марко)

    Од ова гледаме дека не треба да ги осудуваме и омаловажуваме останатите само зошто не се православни христијани, тоа може да го видиме и во новиот завет кога Бог ги отвара вратите и за незнабожците и сите ги става на едно рамниште, сите ги сака подеднакво и се радува поеднакво за секоја душа која ќе го пронајде Бог без разлика кај живее и во што верувал или не верувал до вчера. И јас бев во некоја заблуда дека само православието е најправото и друго нема но, како што не учи Бог во Библијата целата работа е да веруваме во Него и да живееме според неговите заповеди и правила, само тогаш ќе бидме секогаш на патот заедно со Бога. Е ако некој вака живее зарем е важно дали е православен, дал католик, протестант итн., Бог ќе го сака помалку зошто не е православен христијанин?

    - О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ, да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог. (Михеј)
     
  5. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Joined:
    Jun 20, 2016
    Messages:
    504
    Likes Received:
    1,029
    Треба убаво да читаш,кој прв секогаш ја плука и омаловажува Христовата Црква :)
    Што се однесува до ова твое прашање,историјата е наука која се бави со проучување на настаните и фактите кои се случиле во минатото,и таа вели:
    [​IMG]
    Бог ги сака сите луѓе.Он го даде Неговиот Син за сите,а не само за Православните.Но нема сите да влезат во Царството Небесно :) Само оние кои ќе останат верни до смрт,кои нема да дозволат да бидат излажани од оние кои припаѓаат на секти кои глумат Христијани,кои никогаш нема да се откажат од Бог,се исповедаат(пред свештеник),постеле,се молеле и причестувале.. и кои се крстени и припаѓаат на Неговата Црква.. само тие ќе бидат спасени.А која е таа Христова Црква,историјата еве што вика :) Ја имаш најдоле,портокалевата линија.
    П.С Нема ни сите Православни Христијани да бидат спасени.. затоа што многу од нив уживаат во своите гревови.Глумат либерали па пропагираат некој... ''свет без граници'' од типот ,,Normal is boring''.
    Малце ќе бидат тие Христијани кои ќе бидат спасени.. :)
     
    Orthophill, Rama, A-j-a and 1 other person like this.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Повели цитирај ме каде сум ја омаловажувал Христовата Црква, или пак православната црква? Цитирај ме каде сум те омаловажувал или навредувал тебе? А јас тебе можам да ти најдам минимум 20 цитати и тоа само во рок од овие 2 недели каде што ме навредуваш мене и протестантската црква. Можеби православните ќе бидат субјективни, но истото го потврдувале и нехристијаните и атеистите на форумов т.е. оние кои не се сложуваат со мене за многу работи и се објективни.

    Историјата е наука, ама ова не е историја. Ова е еден обичен шарен график субјективно направен од православен верник. Еве што вели историјата:

    • Молењето на светци почнува некаде 4-5 век.
    • Молењето и обожавањето на блажената Марија почнува 5 век.
    • Верувањето дека блажената Марија воскреснала и се вознела исто така 5-6 век
    • Иконите во пракса почнуваат 5-6век, а се распространуваат 7-8 век.
    • Исихазмот, созерцавањето, несоздадени енергии - 13 век.
    • Етнофилетизам и служење на етничките интереси - 18 век
    Ниедно од овие православни верувања и пракси нема да ги најдеш во Христовата црква од 1ви век. Ниту во 2ри или 3ти. Повели читај го Новиот завет збор по збор, читај ранохристијанска литература и историја од 1ви, 2ри, 3ти век, нема да најдеш молење на светци, нема да најдеш икони, ниту поклонување пред икони итн.
    Тогаш за какво православие старо 2000 години и за каква „портокалова линија“ зборуваш?

    Но ако го разгледуваш верувањето на христијанската протестантска црква, секое нивно верување ќе го најдеш во Новиот завет т.е. во Новозаветната Христова Црква. Тука паѓа во вода горниот график, затоа што на Судниот ден Исус нема да те праша каква боја беше ти на тој график што кружеше на интернет форумите, туку ќе те праша зошто не беше послушен на Божјите заповеди во Светото Писмо?

    Верни во што и кого? Верни на Јован Дамаскин од 8ми век кој вели дека секој што не им се поклонува на иконите е непријател Божји и на Христос?
     
    aerodrom, rose60 and LUCI 99 like this.
  7. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Еве еден график кој повеќе одговара на реалната историја на христијанството.

    [​IMG]
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    И според графиков 13 векови не постоела Црквата? Значи Христос го правите лажго, оти Он рекол: „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја и вратите адски нема да ја надминат!“
    Слава Ти Господи на долготрпението Твое, што можеш да трпиш секакви преваранти да Те прават лажго!
    Зарем има поголемо оддалечување од Словото Божјо, од тоа Синот Божји, второто лице на Најсвета Троица да Го правиш лажго? Нема! Ама трпи Господ!
     
    Rama and Vitaly like this.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Јас воопшто не гледам прекин т.е. дисконтинуитет во графикот. Погледни и ти внимателно. Реформацијата не значи правење нова црква, туку реформирање на постоечката. Тоа што папата и останатите кардинали не сакале да се вратат кон Божјото Слово, тоа е нивен проблем и нивна одговорност пред Бог. Христовата Црква немала Божја заповед да остане под авторитетот на папата кој ја водел црквата во погрешна насока спротивно на Божјото Слово.
     
    aerodrom and baba Rada like this.
  11. jsmith

    jsmith Нов член

    Joined:
    Oct 9, 2016
    Messages:
    4
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Male
    Толку дебати и двоумења, дефинирања на зборовите реформација и протестанти, кој се придржува а кој е оддалечен од Божјиот збор, кога вистината е толку проста, јасна, очебијна и логична:

    дддф.png
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Брат да не си пафнал нешто пред да го пишеш коментарот? :)

    [​IMG]
     
  13. jsmith

    jsmith Нов член

    Joined:
    Oct 9, 2016
    Messages:
    4
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Male
    Не знам што е тоа. :)
     
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
    Rama and Orthophill like this.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Без разлика кое е твоето разбирање и знаење за иконите, без разлика дали некој ќе ги бакнува или „плука“, факт е дека тие не биле дел од Исусовото и апостолско учење и пракса, туку се појавуваат со векови подоцна и официјално се канонизирани во источната црква во 8 век.

    Без разлика кое е твоето разбирање и знаење за нестворената светлина (како дел исихастичкото учење), факт е дека тоа учење не било дел од Исусовото и апостолско учење и пракса, туку се појавува во 13-14 век. (1300 години после Исус!)
     
    rose60 and aerodrom like this.
  16. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2010
    Messages:
    116
    Likes Received:
    87
    На лугето поприфатливо е кога човек ке им каже што да прават, со обичаи или адети за да бидат таканаречени прави верници и во името на таква вера ке убиваат и ке навредуваат, отколку да одат директно кај Исус кој е изворот на животот.Во Библијата пишува како треба да живее човекот за да се спаси.
     
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
    Ние веруваме и од опит духовен знаеме дека Таворската светлина (и Светото Писмо зборува за неа) е Божјата несоздадена светлина и дека поклонувајќи се пред икона ние се поклонуваме на Бога, Го љубиме и почитуваме Него по Чиј образ и подобие Тој самиот нѐ создаде (за тоа дека сме созданија Божји по Негов образ и подобие, или лик и наличје, т.е. сличност пак дознаваме од Светото Писмо. А зборот икона всушност значи лик.)
    Понатаму оставам да се поучиме сите од светилникот на православието, светиот Григориј Палама: "Ликот Божји во нас е најпрво и пред сè светлина, не физичка, туку онаа светлина со која Господ Исус Христос засветли на Тавор во часот на Неговото славно Преображение... Така Он засветли за време на молитвата и на своите ученици им ја откри таа неискажлива светлина, додека истовремено присуствуваа и најголемите меѓу пророците, за да покаже дека молитвата е причина за ова блажено видение и да можеме да разбереме дека приближувајќи се кон Бога преку силата на добродетелите и соединувањето на нашиот ум со Него, стануваме сведоци на тоа сјаење, кое видливо им се дава на сите оние што преку усрдно творење на добри дела и чиста молитва непрестајно се воздигнуваат кон Бога“.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Светото Писмо не зборува за несоздадените енергии и светлина. За нив зборува Григориј Палама кој живеел и пишувал во 14ти век (1300 години после Исус и апостолите).
    Во Светото Писмо пишува дека лицата на Исус, Мојсеј и Илија светеле, но само толку, не пишува ништо повеќе за таа светлина, ниту пак таа била фокусот на библискиот текст.
    Тоа е исто како јас да пишувам за некоја свадба и да спомнам дека тоа било сончев ден и дека Сонцето сјаело и потоа да пишувам за свадбата, за младоженците, за кумот, гостите итн.. И утре некој да пишува цели книги теологија за зрачењето на Сонцето базирано на мојот текст :) Нема смисла нели? Е нема.

    Во Библијата пишува дека човекот е создаден според Божјиот лик, но НЕ ПИШУВА дека треба да му се поклонуваме на човекот или на некаков лик од човекот. Напротив, еве што пишува Светото Писмо за поклонувањето на луѓе:

    Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’ (Исус Христос, ев. Лука 4:8, Библијата)

    „ А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела 10:26, Библијата)

    „И паднав пред неговите нозе, да му се поклонам; и ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.“ (Откровение 19:10, Библијата)

    „И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“ (Откровение 22:9, Библијата)

    п.с. Значи кога ќе се рече дека Светото Писмо вели нешто,треба да се докаже со цитат и референца од Светото Писмо каде што тоа се вели.

    Тоа е тоа, додека православните својата вера ја темелат на учењата на Григориј Палама, адвентистите на Елена Вајт, мормоните на Џозеф Смит, христијаните ја темелат својата вера на учењето на Исус христос и апостолите т.е. на Светото Писмо.
     
    Bender Rodriguez likes this.
  19. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,049
    Gender:
    Female
    Чудо на св Нектариј Егински

    Поклоници кои оваа година дошле на денот кога таму се празнува св.Нектариј Егински да се ооклонат на светите мошти, биле удостоени со чудо. Имено, на иконата на св.Нектариј над главата како ореол се појавила сенка како оган кој гори, а очите биле отворени. Слава на Бога и свети Нектариј Егинскиот чудотворец.
    :)
    https://www.facebook.com/310011705838087/videos/632254340280487/
     
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    607
    Likes Received:
    1,394
    Секако дека нема да има смисла бидејќи „некоја свадба“ не бива да се изедначува со Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор. Тоа е всушност преображение на апостолите, но за тоа друг пат.. ;)
     
    meckicka, Rama, Bulgarian and 2 others like this.