Иконата Брзопослушничка за нас е како мајка. Понекогаш Бог се прави дека не ги слуша нашите молитви, но Пресвета Богородица секогаш одговара на нашата молитва преку Својата Икона Брзопослушница. Неодамна беше еден таков случај. Една девојка падна во неволја и се здоби со сериозна повреда на главата. Хирург во Солун кога само виде дека е повреден мозокот на девојката, откажа да оперира. Рече дека до утре таа нема да преживее. Што да прави таткото на девојката, единствената ќерка?Тој се упати кон Света Гора...Дојде кај нас и со солзи застана пред чудотворната икона Брзопослушничка. Сите браќа сочувствуваа со неговата тага и сиот храм се молеше за девојката.Изутрина, кога хирургот дојде да ја види дали почина девојката, таа го пресретна него седната на кревет и се смешкаше. Колку чудеса сега твори иконата Брзопослушничка тешко е да се избројат. Едно време ние ги запишувавме сите исцеленија. Но тоа е невозможно да се направи. Всушност...Света Гора Атон е удел на Мајката Божја. „Брзопослушничка’’ предание за иконата Оригиналната икона „Брзопослушничка’’ се наоѓа во манастирот Дохиар на Атон. Според преданието на манастирот била напишана во времето на основачот на манастирот преподобниго Неофита Дохиарскиг игумена. Од 1664 година иконата „Брзопослушничка’’ се наоѓа во нишата на надворешната страна на ѕидот пред влезот на манастирската трпеза. Предание за иконата „Скоропослушница’’ Во сите дела на својата внатрешна и надворешна локација, Дохијар одговара на другите манастири и повеќето негови цркви еднакви со нивните уредувања и византиски форми. Во овој манастир особено значајна е чудотворната икона на Богородица, така наречена Брзопослушничка; таа стои во одделен параклис , тоа е мал храм, кој е изграден наспроти западната врата на соборниот храм. До времето на појавувањето на чудесата таа икона се оставала при братската трпеза; еве што се говори за неа во историјата на манастирот, издаден печат , но во 1843 година во Букурешт на грчки јазик. „Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век. Самото видување на оваа икона го оправдува кажувањето на светите отци , дека таа по своето потекло е толку далеку од нас и дека навистина е чудотворна. Нејзината боја иако е избледена, сепак не толку многу, колку што би можело да се очекува, според длабоката старост на иконата. На некој начин можете да бидете сигурни дека Божествената Промисла ја сочувала целата света икона неповредена во текот на толку многу години, за да подоцна е извор на чудеса и исцеленија во слава на Бога. Првиот опит на чудотворната сила ја јави таа на трпезата на тој манастир на следниов начин. Пред чудотворната икона беа порти низ кои што отците обично влегуваа во трпезаријата, а во меѓувреме трпезарот поради својата должност не само дневно, туку и ноќе понекогаш многукратно поминувал покрај таа икона со запалена свеќа. Така, еднаш во 1664 година на Божик, трпезарот по име Нил, по обичај пројде покрај иконата со запален факел и ги слушна од неа следните зборови: - Во иднина не се приближувај тука со запалена свеќа и не чади ја Мојата иконата. Нил на почетокот се исплаши од човечкиот глас во ова невообичаено време и при тоа што тогаш никој немаше во трпезаријата, освен самиот него единствен; сепак, ова тој го препиша како дело на некој од своите браќа, не обраќајќи внимание на зборовите, туку спокојно се оддалечи во својата ќелија и како и претходно продолжи да минува покрај иконата имајќи често во рацете запалена свеќа. После извесно време од тој ден кога прв пат го слушна гласот од иконата, Нил одново ги слушна следните зборови. - Монаху, недостоен за ова име! Уште долго ли така безгрижно и така бессрамно ќе ја чадиш Мојата икона? И при тие зборови несреќниот трпезар ослепи. Тогаш само се присети кога прв пат го слушна гласот и искрено се исповеда за својот грев, признавајќи си дека е заслужен за таква казна поради својата невнимателност кон зборовите на Пресвета Дева Богородица. На таков начин, страдајќи од болка во очите при целосно губење на видот, Нил остана пред иконата до следниот ден; браќата го најдоа легнат на грб. Тогаш тој раскажа што се случи со него и преплашени монасите благочестиво и со трепет паднаа пред чудотворната икона и ставија пред неа неугасливо кандило. Во меѓувреме го ставија на служба новоизбраниот трпезар, за да тој секоја вечер би загорувал темјан пред светата икона и би кадел пред неа. А Нил од своја страна не се осмели да излезе од својата ќелија пред да добие прошка за своето прегрешение и исцеление од слепилото што му се случи. Дење и ноќе тој се молеше и плачеше пред ликот на Божествената Марија, Мајката на нашиот Господ, со солзи на искрено покајание просел за себе простување поради невнимателноста кон Нејзиниот глас и исцеление, а Таа, како Милостива Преставничка на покајниците , не го презри молењето на слепиот. Еден ден, кога тој се молеше и плачеше пред светата икона, одеднаш го слушна следниов глас: - Нил! Твојата молитва е услишана, простено ти е, видот одново ти е даден на твоите очи. Кога ќе ја добиеш ти оваа милост од Мене, извести ги браќата дека Јас сум нивниот покров, промисла и заштита на нивниот манастир, посветен на Архангелите. Нека секој се обраќа кон Мене во потреба и Јас нема да оставам никого: на сите ќе ви бидам претставничка и молитвите на сите ќе ви бидат исполнети од Синот и Бог Мој поради Моето застапништво пред Него, така што од сега ќе се именува Мојата икона Брзопослушничка (Горуоитгтрсоод), затоа што брзо на сите кои ќе пристапат кон неа, ќе им биде дадена милост и исполнување на барањето за прошка; Веднаш после овие зборови, Нил прогледа. Овој чудесен настан бргу се разчу по Света Гора и монасите одтогаш почнаа да се собираат и се собираат и сега во тој манастир на поклонение на чудотворната икона на Богородица и за испросување од Неа секое добро. Во меѓувреме, по заеднички совет, браќата тогаш го заклучија преминот во трпезаријата и великолепно украсувајќи ја светата икона, од десната нејзина страна изградија прекарсен храм во име на Пресвета Богородица Брзопослушничка. Заедно избраа и сеуште избираат еден од јеромонасите наречен прозмонар (грч. постојан молитвеник), постојан во служба, кој е повеќе од другите отци побожен и опитен, со тоа да престојува таму во служба на оваа чудотворна икона, секој ден принесувајќи умилни песни пред неа. Вечерта во среда и петок по завршувањето на Вечерната тој постојано го твори вообичаеното благословие во внатрешноста на великиот и главен свет храм, со величание после тоа излегуваат сите отци и браќа со раководителот на манастирот кон светата икона и пеат пред неа умилен канон параклис (грч. утешение)- молебен канон посветен на Богородица, со молитва за сите православни христијани и за мир на целиот свет. По завршувањето на канонот, отците со стравопочит се поклонуваат на чудотворната икона и со љубов се приклонуваат кон неа. Обврската на овие прозмонари исто така е и да ја надгледува чистотата на овој свет храм на Пресвета Богородица, каде секоја недела два пати се извршува Божествена Литургија и внимателно набљудува за незгаснувањето на кандилата кои висат пред светата икона на чудотворната Брзопослушничка. Пред неа има дваесет неугасливи кандила и тие се приложени од некои христијани во спомен на чудо-творност, кои биле, или претходно се удостоени, или сега се удостојуваат со здобивање на благодатта Божја и застапништвото на Царицата Небесна, Брзопослушничка на оние кои се молат за нас.’’ Таква е историјата на Дохијарската Богородична икона!. Самата икона икона „Брзопослушничка’’ напишана е на ѕид. Тоа е фреска! Но, постои нејзина чудотворна копија која ја изнесуваат на крсна поворка. Игумен Григориј ја изнесува иконата...
Чудо во Дохиjaр: Проговорило 18 – годишно немо момче од Струмица За чудото коешто се случи на почетокот од овој месец во Дохијарскиот манастир на Света Гора, раскажа еден монах кој присуствувал на собитието. За истото ова се зборувало на еден црковен настан во Солун. „Во манастирот Дохијар на Гората Атон, игуменот на манастирот, многупочитуваниот старец Григориј заедно со братството секојдневно служат Молебен канон токму пред иконата „Скоропослушница“, при што се читаат стотици имиња на живи и упокоени христијани. Иконата „Скоропослушница“ брзо и ја излева Својата милост врз сите оние коишто со благоговение и вера се обраќаат кон неа“. Според сведоците, во манастирот на поклонение било дојдено младо 18 -годишно момче од Струмица кое пелтечело. Кога младиот човек кој никогаш не проговорил, туку испуштал само неартикулирани звуци, пристигнал во манастирот и застанал пред чудотворната икона Скоропослушница, извикал на мајчиниот македонски јазик: „Мати Марија, подари ми здравје!“ Во тој момент, сите запознаени со случајот на младото дете биле изненадени. На крајот од Молебниот момчето се обратило кон сите присутни, кои заедно со него се молеле: „Ви благодарам, веќе се чувствувам многу подобро“. Ова е уште еден чудесен доказ за чудотворната сила на Пресвета Богородица, која секојдневно се излева врз сите верни, како во Грција, така и насекаде низ светот. Копија на Брзопискушничка во Струмица Недела на свети Григориј Палама во Струмица (13.03.2017 18:59)На 12.03.2017 година, во Втората недела од Великиот пост - Недела на свети Григориј Палама и на празникот на свети Агатангел Битолски, во храмот „Св. Григориј Палама“ во Струмица, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, архимандритот Партениј, како и повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Овој ден стана особено радосен за струмичани, за нашата света Македонска православна црква, но и за целата Татковина, со пристигнувањето на копијата од иконата на Пресвета Богородица Скоропослушница, подарок од игуменот на Дохијарската обител, архимандритот Григориј. Сите оние кои си имат мака нека се помолат искрено, со верба и со сето свое срце пред иконата-Брзопослушничка и Таа брзо ќе им одговори.
Јас бев во Струмица и си се помолив па се надевам дека ќе ги чуе молитвите наши.. Само што излегов од црквава добив некое олеснување верувале или не.. ЈАС ИОНАКА СИ СЕ МОЛАМ СЕКОГАШ И СКОРО СЕКОГАШ ЧУВСТВУВАМ ОЛЕСНУВАЊЕ АМА ТАМУ БЕШЕ ПОСЕБЕНО!!
Би сакала и јас да отидам може ли некоја подетално да ми објасни каде се наоѓа Брзопослушничка во Струмица?
Ја знаеш Струмица? Ако ја знаеш, тогаш во циганското мало. Ако не кој и да прашаш кога ќе стигнеш ќе те упати. Во градот е.
Можеби и ти погрешно си разбрала. Брзопослушничка е иконата, а се наоѓа во црквата што ти ја кажав. Прашањето ти беше такво па затоа така и ти одговорив.
И најпосле да одговорам за иконите и вашето идолопоклонство. Иконопис и Фрескопис Почитување на иконите Ава Јустин Ќелиски: Отелотворувањето на Бог Логосот, Кој е жив Лик, жива икона на невидливиот Бог (Кол. 1, 15), е основа и за нашето побожно почитување на светите икони. Почитувањето на светите икони постоело во Црквата од самиот нејзин почеток (за што сведочат фреските во најстарите христијански катакомби, уште од вториот век во Рим и на грчките острови). Затоа Православната Црква на својот VII Вселенски собор ги осудила еретиците и иконоборци, кои сакале да го порекнат почитувањето на светите икони. Ова почитување го порекнуваат денес и некои од секташите, кои го порекнуваат дури и почитувањето на светиот и живототворен Крст Христов. Но, ние веќе имаме видено какво спасоносно значење и сила за нашето спасение има чесниот Крст Христов, заради што со св. Апостол Павле и говориме, поклонувајќи му се на Крстот Христов: „А мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос,...“ (Гал.6,14). Покрај чесниот и живототворниот Крст, ние побожно ги почитуваме и светите икони, најнапред пречесната икона на Христос Богочовекот, а потоа и иконите на Пресвета Богородица и Светите Апостоли и Угодници Божји. Зашто, по зборовите на Светите Отци, почитувањето коешто се укажува на иконата се однесува на нејзиниот Прволик, на лицето на самиот Богочовек Христос, по чијшто лик е и создаден секој човек (ср. Кол, 3,10). Иконите, во никој случај, не се идоли (почитувањето на идоли Бог го забранил во својата втора заповед, дадена преку Мојсеј) и ние не ги сметаме за некои божества, туку само за свети слики, кои самиот Бог уште во Стариот Завет заповедал да се почитуваат во храмот (скринија) Хебрејски (види 2.Мојс.25,10-26; 26,1-33; 5.Мојс.10,1-5). Во Новиот Завет, од отелотворувањето Христово, светите икони се почитуваат како свети сликовити свидетелства на преголемата тајна на вообличувањето на Бог Логосот во тело и обличје човечко; тие се Свето Писмо за неписмените; тие се место на присутност на благодатта Божја, заради што многубројни свети икони се и чудотворни и мироточиви. Православната Црква ги почитува иконите на светителите, односно ликовите кои се претставени на иконите. Икона е грчки збор и значи слика. На иконите Црквата ги претставува: Господ Исус Христос, Богородица, ангелите и светителите. Со почитување на иконите ние ги прославуваме оние кои се на нив и го оживуваме споменот на нив. Како што од љубов, почит, потсетување и спомен ги чуваме сликите на своите роднини и пријатели, така слично е и со иконите на светителите. Иконите се споменици на религиозните великани, споменици кои нè потсетуваат на нив и нивната работа; многу јако средство за религиозно-моралниот живот, затоа што будат жив спомен на нив и нивните дела кои загреваат, воодушевуваат, предизвикуваат и влечат да ги подражаваме. Гледајќи ги иконите, се сеќаваме на побожниот живот на оние кои се на нив претставени и тоа нè побудува да се угледаме на нив и ние да ги исполнуваме христијанските доблести како и тие и тераат на потопла и позадлабочена молитва. Светите икони се како отворена книга од која се учат сите, а особено неуките. Свети Јован Дамаскин вели: „Иконата е како учител за простите, кои не знаат да читаат, а книга за писмените; таа му зборува на погледот, колку и зборот на слухот. Иконата е како книга... која ни помага да се сетиме на делата Божји и на светителите негови“. Затоа иконите треба да се почитуваат. А ги почитуваме ако ги ставаме во храмовите, куќите и други места; ако им се поклонуваме; ако ги целиваме; кадиме и пред нив свеќи палиме. Иконите во Стариот Завет: Употребата и почитувањето на светите икони го потврдува Светото Писмо. Самиот Бог му заповедал на Мојсеј да направи ковчег на заветот, кој бил видлива слика на присутноста на невидливиот Бог, Негов Престол и да направи два златни херувими на ковчегот и да извезе исто така два херувими на завесата, која го делела светот од светињата над светињите. И Соломон, кога го подигнал храмот, поставил два херувими на ковчегот на заветот и голем број на завесите и ѕидовите. Во Новиот Завет: Во Новиот Завет уште појасно е потврдено почитувањето на иконите. Во христијанството од почетокот, иконите се во почитување и во употреба. Ова го потврдуваат многу споменици од првите векови на христијанството. Според преданието, кое го има признаено Седмиот вселенски собор, Самиот Спасител го испратил својот неракотворен лик на едескиот цар Авгар. Иконите се наоѓаат на ѕидовите во катакомбите, пештерите, маченичките гробници и други места, каде што се собирале христијаните на молитва. За употребата и почитувањето на иконите сведочат и многу свети отци и учители на црквата. Ерес на иконоборците: И покрај толку свидетелства за почитувањето на иконите, имало и такви кои се противеле на тоа. Од историјата на Црквата познато е дека борбата против иконите траела, со прекин, повеќе од сто години. Иницијатори на борбата биле византиските цареви, а мотивите биле разни. Меѓу самите богослови имало и такви кои не биле согласни со употребата, а особено со почитувањето на иконите. И монофизитите биле против почитување на иконите. За утврдувањае на ова мислење влијаеле мухамеданците и павликијаните, кои во почитувањето икони гледале идолопоклонство. Иконоборците се повикувале на втората заповед Божја и на списите на старите црковни писатели, кои биле непријатели на иконите. Борбата против иконите ја почнал царот Лав III Исавријанецот со издавање на едикт во 726 година. Уште пожестока борба продолжил царот Константин V Копроним. Но, кога на престолот дошла царицата Ирина, таа го свикала во 787 година во Никеа Седмиот вселенски собор. Со одлука на овој собор не само што е дозволено, туку е и корисно и на Бога угодно да се употребуваат икони и да се почитуваат. Почитувањето не се однесува на материјата од којашто иконата е изработена: дрво, злато, боја и др, туку на ликот кој е претставен на неа. По смртта на царицата Ирина повторно почнала борбата против иконите. Ја воделе царевите Лав Ерменин, донекаде Михаило II и Теофило. Кога умрел царот Теофило, на престолот стапила неговата жена Теодора, наместо малолетниот син Михаило. Таа ја укинала борбата против иконите и го свикала соборот во Цариград во 842 година. На овој собор осудени се иконоборците и свечено се прокламирани заклучоците на Седмиот вселенски собор. Првата недела на велигденскиот пост иконите триумфално се внесени во црквите. Славејќи ја победата над непријателите на иконите, одлучено е, заради спомен, таа недела да се слави секоја година како Недела на православието. Покрај цариците Ирина и Теодора, голема заслуга за оваа победа припаѓа на Св. Герман, патријархот цариградски, Св. Јован Дамаскин, Никифор исповедник, патријархот цариградски и Св. Теодор Студит, а особено на монасите кои биле големи поборници на почитувањето на иконите. (Преземено од: Догматика, Книга II, В. Ракиќ) Христос се овоплоти... Светите икони се и уметнички дела и споменици на културата и општочовечко културно наследство, но и многу повеќе од тоа: тие се документи на христијанската вера, верата во тајната и неминливата смисла и боголикост на ликот човеков, христоликата личност на Светителите, како вистински луѓе. Првиот таков вистински човечки Лик пројавил самиот Христос. Достоен е за нашата љубов и почитување уметничкиот лик на светите икони, низ кој видливо се покажува неминливата убавина и достоинство во личноста на човекољубивиот Господ Христос како Богочовек и исто така, неприкосновената вредност и убавина на неминливиот христолик во личноста на човекот. Светите икони на видлив начин ни ја покажуваат таа Боголикост и Христоликост, т.е. она што човекот токму и го прави човек – прекрасна и боголика жива личност, вредна и способна за вечна убавина, за вечен вистински живот во љубов со Бога и со другите луѓе. Човечкото битие, по своето создавање и назначување, е боголико и богоподобно и токму затоа Синот Божји станал човек, се овоплотил и се очовечил, за лично да ја покаже и во Себе да ја пројави богоубавината на човекот, како најмилото битие Божјо, назначено за вечен пријател и син Божји. Светите икони, во храмовите и по домовите, постојано видливо нè потсетуваат на таа вистина за човекољубието Божјо и боголикоста човекова. Како свети уметнички ликови, пред кои со љубов и почит стоиме, ги посматраме, се молиме, црковните икони литургиски нè воздигаат кон светиот Прволик и Првообразец – Христос и кон прославените на небото Свети луѓе, како што рекол Св. Василиј Велики. (Преземено од: Духовност на православието, јеромонах Атанасиј) Орос на верата на Седмиот вселенски собор ... Ние се држиме неизменливо до сите црковни, нам завештани, пишани и непишани преданија, од кои едно е и изобразувањето на иконичниот живопис, зашто е согласно на историјата на евангелската проповед, заради потврдување на вистинитото и непривидното очовечување на Бог Логосот ... Паралелно со знакот на Чесниот и Животворен Крст да се поставуваат чесни и свети икони, кои се соодветно направени од бои и мозаици и друг материјал, во светите Божји цркви, на свештените сосуди и одежди, на ѕидовите и даските, во куќите и по патиштата; и тоа: иконата на Господ и Бог и Спасот наш Исус Христос, Пречистата Владичица наша Света Богородица, Чесните Ангели и сите Свети и Преподобни луѓе. Зашто, воколку тие постојано се посматраат во ликовните изображенија, вотолку и оние што ги гледаат се покренуваат кон пожелување и подражување на самите оригинали. И на нив да им се оддава целивање и почесно поклонение, но не и вистинско служење по верата наша, кое прилега само на Божествената Природа, туку, исто како на знакот на Чесниот и Животворен Крст и Светите Евангелија и останатите свештени посвети, така и во чест на овие, да правиме принос на кадење и светлоста, како што тоа бил побожен обичај и кај древните христијани. Зашто, честа којашто се оддава на иконата (ликот) преминува на Оригиналот (прволикот) и кој се поклонува на иконата, се поклонува на личноста на оној којшто е на неа насликан... Беседа за вистинската вера на Свети Сава од 1221 година: „Се поклонуваме и ја почитуваме и со љубов ја целиваме сечесната икона на човечкото овоплотување на Богот Словото (Христос), помазан со Божество и останувајќи непроменет, така што оној којшто е помазан со вера, смета дека на иконата го гледа самиот Бог, Кој се јавил во тело и со луѓето поживеал. Се поклонуваме и чест оддаваме и на иконата на Пресвета Богородица и на иконите на сечесните Божји Светители, воздигнувајќи ги очите на душата наша кон Првообразниот Лик и вознесувајќи го умот наш на несфатливото и неискажливото“.
Внука ми која има 1,5 годинка неколку пати ја однесов во Црква,ја земав во раце и ја носев да ги бакнува иконите,таа не сакаше,почнуваше да плаче. Денес пак ја однесов,ја кренав и ги бакна сите икони пред олтар и многу беше смирена,не изусти ни глас,тргнавме да си одиме,ме фати за рака и ми покажуваше со раце накај олтарот и ме тргаше натаму,и ме однесе пред иконата на Господ Исус,ја бакна уште еднаш,ме фати за рака и тргна кон излезот... Се почувствував многу среќно,Божјата милост се покажа кон внука ми...
Или само си ѝ наметнала нешто што понатаму ќе ѝ се одрази во животот. Сфаќам дека едногодишно дете може на сè да плаче, ама очигледно е дека на детето му било непријатно да ги бакнува иконите (а и не треба, со оглед на тоа колку е нехигиенско). Зарем уште толку мали ги малтретирате по цркви, зарем нема Божјата милост ѝ подоцна да ѝ се покаже? Знам дека во твоите очи не изгледа така, ама замисли некој тебе да те фати да те однесе на чудно место и да те тера да бакнуваш рандом работи по ѕид? Па дури и си ја носела сè додека не се помирила дека додека не ги бакне сите икони, тетка ѝ постојано ќе ја носи. Извини, ама ова ми е наметнување вера на мали деца и дефиниција за тоа како не треба да се воспитуваат.
Види вака Лела,Иконите не се воопшто нехигиенски,и не е страшно ако некое дете ги бакнува. Се што е во Црквата е чисто и пречисто,и нема опасност од пренесување на бактерии и слично Не сметам дека и наметнувам нешто,сепак таа е многу мала да,но сакав да ги бакне иконите кога нели веќе сме во Црква. Јас на никој не му наметнувам ништо,моите дома не се преголеми верници,ама ги прифатив како такви и не им влијаам врз мислењето.
Прекрасно е чувството кога гледаш како деца примаат причест или искрено се молат пред икона. Не постои поголем дар кој може да им се пружи. Таа сигурност ( дека никогаш во животот нема да бидат сами и препуштени) која може да им се подари, е од непроценливо значење.
Ајде бе Рама и сама знаеш дека не е така. Иконите ги бакнуваат десетици луѓе дневно, па и стотици за празници. Во усната празнина има просечно по неколку милијарди бактерии од 500-1000 различни видови, а исто така и вируси. Луѓето кои ги бакнуваат најверојатно не се едуцирани за тоа како се пренесуваат бактерии и вируси, а таквите луѓе најчесто не ни мијат заби редовно. Второ, врз иконите најчесто луѓето ставаат и пари. Парите исто така се голем извор на бактерии и вируси затоа што многумина ги фаќаат со нечести раце. Во Америка доколку го тераш детето да бакнува вакви извори на бактерии и вируси, особено ако детето фати некоја зараза, некој може да те тужи за семејно насилство и судот да ти го одземе детето. Со оглед на нашата култура, ни фалат вакви построги закони за заштита на децата.
Јас во последнава година, можеби и повеќе, ја изоставив навиката за бакнување икони. Не заради хигиенски причини, некако само по себе се случи. Дома си имам една икона која си ја бакнувам, но во црква само застанувам, се молам и ја допирам иконата. Се случува некогаш да бакнам икона во црква но многу ретко е тоа. И btw, и лажичката од која верниците примаат причест нели треба да е нехигиенска? Па сепак, сите со радост примаат причест воопшто не размислувајќи кој се' ја ставил во уста и quess what - никој досега не се пожалил дека нешто му се случило.
Епа ете замислете само колкав извор на бактерии има, дали од пари, нечисти заби и плунки, а сепак сето тоа никому не наштетува, затоа што во црквата се е свето. Колку само е голема Божјата сила.
Јас пак немам навика за бакнување на иконите. Застанувам пред неа, се прекрстувам, ја погалувам со рака, се помолувам и оставам пари.
По правило таа лажичка треба да е сребрена, бидејќи среброто има антибактериски карактер. Колку е сребрена не знам, не сум се причестувала никогаш. Како не наштетува? Кога бев помала кога одев на црква и бакнував икони, особено по Велигден обавезно бев болна.