1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Икони

Дискусија во 'Религија' започната од Saxobeat, 9 април 2012.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Како за некој кој ниеднаш во животот не се причестил нормално е вака и да размислува. Значи не го искористувам против тебе тоа што го кажа тука сакам само да кажам зошто е тоа така. Што се разбира секако и не мора да го прифатиш.
    А не си се замислила дека можда секогаш си била болна поради некои други причини? Си била дете, си играла, си се испотила, си се преладила. Исто така особено по Велигден може да дојде и до прејаденост и слични работи. Сепак си била мала и твоите сегашни заклучоци можда се базираат на твоите претпоставки како мала. Така си мислела тогаш и со текот на времете истото мислење ти останало.
    Мене лично не ми се десило такво нешто, а и до сега и немам слушнато. Дури сум слушнала директно од човек кој бил болен и имал температура за Богојавление(Водици) се фрлил по Крстот и замисли сеа ти на толку ладна вода телото можело да доживее шок. Меѓутоа тој оздравел. Вербата негова го спасила.
     
    На душленце, macush1, Selest и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се прејадувала, а и за настинка збориме. Туку, тоа како мала не се однесуваше на 5 годишна возраст или тука некаде, туку кога уште „верував“, поточно кога сè уште не размислував со своја глава. Тоа беше некаде кога бев околу 11-12 години. Баш напротив, тогаш не мислев дека од тоа се разболував , туку сега кога ми текнува дека баш по Велгиден бев болна, сфаќам дека е од тоа.
     
    На EvAngelos и Gosh им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Пред неколку години во Русија 228 луѓе се затруја пиејќи од „осветена вода“.

    https://sputniknews.com/russia/20100125157676341/

    Како што кажа погоре Lella среброто по хемиски состав има антибактериски својства, ја уништува мембраната на бактериите. А плус во причеста има вино, а во виното алкохол, а алкохолот исто така е докажан стерилизатор.
    И покрај ова сепак има луѓе кои се пожалиле после тој чин на јадење од иста лажичка.
     
    На Bender Rodriguez и Lella им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не би да се мешам во дискусијава, ама @LegallyBlonde13 морам само да ти го посочам двојниот аршин кој го применуваш.

    Кога @Lella рече дека смета дека како дете по Велигден се разболувала баш од бакнувањето икони, ти веднаш изнајде алтернативни објаснувања - настинала, се прејала, и сл.

    Од друга страна, кога зборуваш за себе и велиш како ти никогаш не си се разболела од бакнување икони, истото веднаш го припишуваш на нивната светост, без воопшто да земеш во предвид некое друго објаснување.

    Нели е можно, ете, едноставно да си имала среќа некој болен да не ја бакне иконата пред тебе или, на пример, да имаш добар имунитет? :)
     
    На Lella и EvAngelos им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ев,види ваму,лично јас сум бакнала икони сигурно 1578 пати,и погоди што?ниту еден процент не ми се јавил сомнеж за хигиена или кој се ја бакнувал пред тоа иконата.
    Не те оспорувам со тоа што кажа дека имаме бактерии и вируси во нас,да и парите се нечисти,но мил Ев,ништо од ова не ги сквернави иконите,пак ќе нагласам во Црква се е чисто и пречисто и свето и пресвето.
    Верувај да видам пред мене незнам колку болен човек да бакнува икона,јас пак ќе ја бакнам зошто е 100% безбедно :D
    А делов со тоа да има казни за тоа што мали деца се тераат да бакнуваат икони ми е срам да го коментирам дури...

    П.с знам,дека и вие книгите ги бакнувате и библијата во вашата Црква,или ги дезинфицирате со алкохол можеби? :D или пу пу не важи.
     
    На macush1, korisnichka, Selest и 6 други им се допаѓа ова.
  6. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Да се има среќа и добар имунитет баш секоја година?
    Има многу повеќе од тоа. Не секој си разбира.
     
    На macush1, Selest, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам...
    Чашите во кафичи кај што пиете кафе, сок итн. демек хигиена на ниво?
    Зелни салати од ресторани и овошје демек супер миено ?
    Си целивам икони,си пијам света вода од железни канчиња, еве ме жива сум. Херпес и афти само од ресторан закачив.
     
    На macush1, Orthophill, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    И плус уште нешто ми текна. Брат ми како помал искрши Велигденско јајце кое стоеше скоро цела година пред икона и си го изел.
    Епа да беше тоа обично јајце па макар и една недела да било старо дефинитивно ќе добиеше отровање.
    Е сега што се однесува дали земам во предвид некое друго објаснување затоа што сум здрава секоја година, не не земам. Без разлика дали тој пред мене што ја бакнал иконата не бил болен, можда десетиот пред него бил болен. А јас сепак не се разболев. Што не се работи дека имам среќа ама баш секоја година.
    А ако ме прашаш како е можно да има некој толку несреќа секоја година да се разболува особено по Велигден и по бакнувањето на икони ондак ќе ти речам
    до чистата и големата верба е значи.
     
    На macush1, Orthophill, korisnichka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.567
    Пол:
    Женски
    Јас ќе кажам дека она што е свето не може да е штетно на никој начин, особено за оној кој верува во таа чистота и светост. На него никој и ништо не може штетно да влијае а не па икона што ја бакнувале други.
     
    На Таа Сум, macush1, Orthophill и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Значи колку што сфатив, на мене не работи божјата сила бидејќи не верувам, а на вас функционира бидејќи имате чиста и голема верба.
    Е ќе ме извините, ама секој што учел биологија знае дека бактериите пред да нападнат не прашуваат дали си верник или не. Само не знам како можете да си дозволите да бидете толку игнорантни за овие работи.
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Па знаеш како не делува?
    Не дека на тебе не работи Божјата сила туку одбиваш да веруваш дека е тоа така. Кој пат и да си настинала ти тоа го сметаш како резултат на бакнувањето по иконите, а не дека едноставно настинката си дошла од некои други причини.
    Никогаш на тој начин не сум настинала, но дури и да настинам утредента по бакнувањето ќе знам дека сум настинала од други причини.
    Сето тоа е еден вид испит и никогаш нема да се посомневам во светоста на сето тоа.
     
    На macush1, Orthophill, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Свештениците после службата го користат остатокот од Светата Причест, со сите оние бактерии, кои тука се спорни.
    Според логиката на атеистите, тие би морале да се постојано болни, бидејќи тоа го чинат барем еднаш неделно.
     
    На Orthophill, korisnichka, LegallyBlonde13 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    6.387
    Пол:
    Женски
    Пред неколу години добив на поклон икона со ликот на Исус Христос, изработена во руски стил. Преубав поклон.:inlove: Секогаш ги бакнувам иконите во црква и не ми е важно кој претходно ги бакнал. Света вода имам секогаш дома и ја пијам кога сум тажна или имам некој проблем. Откако ќе се напијам од светата вода чувствувам некој душевен мир и олеснување.
     
    На Orthophill, Acka22, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    А во душекот од кревет што спиеш знаеш што се има, си учела нели? За мобилниот што го држиш не ни зборам ...
    Не верувај во се што читаш, тргни ги очите малце од книга и погледни на страна.
     
    На macush1, Orthophill, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.251
    Ова може да се каже и за верниците, и нивните книги...
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Така е, во право си. :D:D:D(highfive)
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Значи тоа што настинував веднаш по Велигден се должи на душекот и мобилниот? За ова со мобилниот, ја повикувам @Tan4ence, како некој што прочитал книга различна од Библијата.
    Вака, можните извори на настинки важат за сите, без разлика дали си верник или атеист. Тоа што вие не сте се разболеле од бакнување икони не го спори фактот што не е можно иконите да бидат чисти at all times, и тоа поради ништо друго, туку Бојжата сила. Се прашувам зошто таа не функционира на бројните напади врз цркви и џамии.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Темава е за икони, ама со муабетиве, да се изјаснам
    Стварно не ми е јасно како може вернициве толку да се наивни. Ако е во црква, ако е божја работа, мора да значи дека е чисто? Пишува во таа библијата што се бактерии, паразити вируси? Или слабо? Некој ги чисти иконите? Изгледа стварно некои верници не веруваат во наука.
    Како што кажаа, 50 луѓе во еден ден ќе ја бацат таа икона, а без притоа да се прочисти, и некој со послаб имунитет, ќе си префати...
    Може да се разболите ако некој болен ве баци? Дури и него да не му е ништо, може пак, зависи од имунитет. Епа може и преку икониве.
    Кога веќе сме кај мобилните, ако велите дека има бактерии на него има. Ама мијам раце ако сум го фатила, а после тоа сакам да јадам. На кожата само не можат многу многу.
    А ако велите дека се штетни бидејќи зрачат, грешите. Мобилните се штетни, точно, но не толку колку што се крева фама околу тоа. Мобилните, и сите комуникациски уреди, функционираат преку радиобранови, кои се карактеризираат со многу мала фрекфенција и многу мала енергија,Енергија помала од онаа на иц зраците и уште помала. Тоа значи дека не се јонизирачки, автоматски таа енергија не е доволна да ги оштети ткивата, може само да ги загрее молекулите и заради магнетното поле да предизвикува главоболка и поспаност како негативни ефекти..
    Ај забегав со наукава
    И што подразбирате под свето? И како таму нема опасност од болести?
    Во сè има опасност, и не се правете на Тошо, демек кај што е свето,од бога, се е чисто, нема болести, паразити....ако знаете што се
    Толку ли сте наивни?

    .
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Истава дискусија се дешава и во Индија, и во Јужна Африка каде што се клањаат и бацуваат разни слики, идоли, тотеми.. и таму има луѓе кои им велат дека тоа не е хигиенски и дека се шират така зарази, а има и луѓе кои велат не, ова е свето, пресвето и пречисто, ѓаолските бактерии умираат во допир со тотемов, вие сте неверници и затоа се разболувате... ама не, мене херпесов не ми е тоа, туку од тоа што вчера се лапав со еден на пијано :D

    Мила, за секогаш има прв пат. И оние 200 души во Русија си тегнеа редовно свети водички, се до оној момент кога се испоотруја сите до еден. Еве ти линк од веста: https://sputniknews.com/russia/20100125157676341/

    Свештениците не го дојадуваат лебот и виното од истото лажичите од кое што им даваат на верниците да лапнат. Сум гледал како натопуваат чисто парче од лебот во виното и потоа го ставаат во лажичето и истото им го подаваат на верниците директно во уста :) Така што лажичето не е во директен контакт со лебот и виното. Абе паметни се они, остај ти таа работа, за себе си мислат добро, си пазат и за хигиена и се.

    Не е ова дискусија помеѓу верници и атеисти. Јас сум верник - христијанин, па сепак сум против бацување икони и размена на бактерии и вируси меѓу верници.
    Ова е дискусија помеѓу атеисти, разумни верници и слепо-верници. Моментално сум во Америка каде што има христијански цркви на секои 2-3 километри. (не мислам на храмови, туку на живи цркви, каде што луѓе се собираат 3-4 пати неделно за да се поучуваат од Библијата, да се молат и да го слават Бог). Па сепак овде никој не бацува икони, ниту крстови, ниту Библии. Значи не можеш да кажеш дека верниците бацуваат икони, а сите други се неверници и атеисти само затоа што во твојата мала локална средина тоа е така.
     
    Последна измена: 10 јуни 2017
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  20. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    6.387
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos од линков сфатив дека завршиле во болница, немало починати и дека таа вода била од бунар или дека некои луѓе пиеле од водата во езерото. Ова може да е и дезинформација. А, и не ми е страв, светата вода дури не ја чувам во фрижидер, неможе да се расипе. Секогаш поубаво се чувствувам кога ќе се напијам од светата вода. :) Пробај и сподели искуство.
    Бакнувањето на икони е личен избор. Јас имам обичај да ги бакнувам иконите и не ми е важно кој претходно ги бакнувал.
     
    Последна измена: 10 јуни 2017
    На Orthophill, korisnichka, LegallyBlonde13 и 2 други им се допаѓа ова.