1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Икони

Дискусија во 'Религија' започната од Saxobeat, 9 април 2012.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    За џамиите не знам и не ме интересира.
    Но еве случка со Бигорскиот Манастир и иконата Св.Јован

    За време на своето постоење Mанастирот преживеал не малку беди. Најмногу пострадал за време на турското ропство, кога неколкупати бил рушен и пален. Oсобено големо запустение претрпел во времето на злогласниот османлиски султан Селим I (1512-1520), кога бил до темел разрушен. Но, Свети Јован Крстител не дозволил неговата света икона да биде уништена. Така, на двапати кога манастирот претрпувал пустош, иконата на чудесен начин исчезнувала и се селела на друго место за да не падне во рацете на безбожниците, а кога опасноста поминувала, таа повторно се враќала. Првиот пат иконата се преселила во еден манастир помеѓу Струга и Дебар, каде и денес постои црковен храм што се вика „Св. Јован Претеча – Бигорски“. Вториот пат, чесниот образ на Претечата си нашол привремен дом во с. Слатино, Дебарца. И таму, исто така, има храм што го носи името „Св. Јован Крстител – Бигорски“.

    И покрај тоа што ова е еден пример што јас го знам, на другите напади на цркви каде што немало вакви чуда, па зарем Господ требало да ги утепа на лице место? Го можел и тоа немој да мислиш дека не. Затоа што силата Негова е голема. Едноставно не направил ништо бидејќи така требало да биде. Така сакал Господ. Зошто ако не Божјиот Син пострада? И Тој е Свет...
    Тоа е затоа што Тој пострада заради нас, за наше спасение.
     
    На душленце, macush1, Meckicja и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Значи, не постои ниту едно друго можно објаснување за тоа како ти си бакнувала икони, а сепак не си се разболела? Океј. :)

    Муабетот ми беше, ако го примениш истото скептично размислување кое го имаше за тезата на Лела – дека можно е човек да се разболи непосредно по посета на црква и бакнување на икони, а тоа да не биде поради тоа што на нив имало бактерии и вируси, врз сопствената теза – дека ти не си се разболела никогаш од бакнување на икони, ќе видиш дека постојат и други можни објаснувања, освен она кое ти го даде – дека иконите се свети и поради тоа, антисептични.

    @Lella веќе зборуваше за антибактериските својства на среброто и алкохолот кои се користат во причесната, па слично објаснување може да се даде и за иконите.

    Постои појава која се нарекува олигодинамичен ефект, која всушност е биоцидниот ефект кој го имаат некои метали како златото, среброто, оловото, бакарот, арсенот, живата, цинкот и други, врз микроорганизмите.

    Сите знаеме дека некои од овие метали се користат во процесот на изработка на икони или, во најмала рака, се содржат во боите кои се користат за сликање на иконите.

    Сосема е веројатно присуството на некои од овие метали да е причината за тоа што луѓето кои ги бакнуваат да не можат да се заразат со ништо. Нормално, не сите икони се изработуваат на ист начин. па така, можно е некој кој бакнувал икони кои не содржат елементи со биоцидно дејство да се разболи потоа, а некој друг кој бакнувал икони кои ги содржат овие елементи да остане здрав.

    Ова е само едно можно објаснување за оваа појава, кое ми текна у моментов - сигурен сум дека има и други.

    Поентата ми е, секој човек, без разлика дали е верник или не, не треба да зема ништо здраво за готово, ниту да прифаќа само едно објаснување за било која појава, само затоа што се вклопува со неговото видување на светот. :)
     
    На WildMk, EvAngelos, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Дали си видел воопшто икона?
    На пог икона има и стакло каде што се бакнуваат иконите. Не се бакнуваат директно врз боите на кои е насликана иконата ниту пак на самата каса која е изработена од злато, олово или бакар.
    Што значи дека нема некој таков што застанал, ја земал иконата во раце и ја бакнувал од страна или пак го вадел стаклото од иконата каде има биоциден ефект со цел да не настине па сега кој бакнал така не настинал, а другите сите болни.
    А што се однесува на иконите изработени од дрво, кои се изрезбани...што за нив?
     
    На Orthophill, sonuvana, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Денс си купив две икони за мене света Злата Мегленска и свети Василиј Велики, и една за подарок - Богородица Владимирска <3
     
    На Orthophill, LegallyBlonde13, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Дали навистина мислиш дека сите икони во сите цркви на светов се ставени во стаклени рамки заради заштита? И дали истото важело и во изминативе векови, откако постои традицијата на изработка на икони и традицијата на нивно бакнување? :)

    Всушност, тоа не е ни важно за дискусијава - поентата ми беше да посочам дека постојат други можни објаснувања за тоа зошто иконите не би претставувале извор на заразни болести. А и самата оваа теза е под знак прашалник.

    Ти поаѓаш од лично искуство и од него екстраполираш генерализација. Вака некако: „Јас никогаш не сум се разболела од бакнување на икони, што значи дека никој никогаш не се разболел, ниту може да се разболи.“

    Проблемот со ова е очигледен - еден случај е статискички ирелевантен, а секоја генерализација направена врз само еден случај не може да биде веродостојна.

    Факт е дека никој од нас тука не може со сигурност да тврди дали постојат или не постојат луѓе кои се разболеле од бакнување на икони.

    Ете, @Lella кажа дека смета дека баш тоа е причината поради која после секој Велигден била болна. Но, како што сите го прифативме твоето тврдење дека ти никогаш не си се разболела поради ова, така и ти треба да го прифатиш нејзиното.

    Твоето лично искуство на темава не ти дава за право да негираш нечие туѓо, поинакво искуство. На крајот на краиштата, тука можеме да збориме само за лични искуства - не е дека некој направил истражување за тоа дали и колку луѓе се разболуваат од бакнување на икони. :)
     
    На WildMk, EvAngelos и Lella им се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.140
    Допаѓања:
    14.390
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам верски календар и како поминува секој месец, за да не го фрлам, не можам икони и од таков тип да фрлам си ги залепив в детска, нели без месеците. Дали од религиска гледна точка е во ред?
     
    На sonuvana и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Нормално дека е во ред. Дури и тие календарски икони се икони. Уште подобро ќе биде ако секое утро и секоја вечер пред иконата на нашиот Господ и Спасител, Богочовекот Иисус Христос, Синот и Словото Божјо кажуваш по едно „Отче наш“, а пред иконата на Пресвета Богородица барем еднаш „Богородице Дево радувај се...“
     
    На Таа Сум, Selest, Philippa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Edno mozebi glupavo prsanje. Imam i ikona doma koja mi mirotoci, mi rekoa se nosela vo crkva. Kolku e ova tocno?
     
    На Таа Сум и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Доколку иконата Ви мироточи, потребно е да го информирате Вашиот парохиски свештеник, да дојде и да ја провери. Потоа, најверојатно ќе ја провери и владиката. На Вас останува дали ќе ја дадете в црква или пак ќе ја зачувате.
     
    На Таа Сум, sonuvana, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Ме интересири што направивте со Иконата.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Nazalost seuste nisto,duhovnikot ne mi bese vo zemjata,pa po doma ne fatija virozi i se prolongirase se. Zdravje Boze vo nedela treba da se vidime ako e se po planot.
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Сакаме дома да земиме од црква икона,т.. да си купиме. Но,какво е тоа пеење од поп и да се чувало в црква 40 дена? КАко ода цените? НЕ ми е јасно...
     
  13. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    На тој начин ја осветуваат иконата.
    Но во црквите се продаваат веќе осветени икони.
    Јас лани за Велигден од црквата си купуив икона Св. Петка која си беше осветена.

    Сепак, прашај си во црквата најубаво ќе ти кажат.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    0a6021dd97f3bad781e9c1cee3ef97e2--jesus-on-the-cross-byzantine-icons.jpg 3f1722ca5574f2102691e126ed46073d--russian-icons-art-icon.jpg c38336168279f288167f4cd3c6d02999.jpg ffb5985bb2da34ca7dce128be77b84f6--baby-jesus-blessed-mother.jpg
     
    На Rama, korisnichka, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    26815603_1554195501301172_7813857666154260767_n.jpg

    Наша домашна икона, стара е околу триесетина години. Изработена од некој уметник како копија на охридска икона од 13 век. Намерно е „остарувана“ од авторот, за да биде верна на оригиналот. :) Осветена е во црква. На работа имам уште една икона од истиот автор (Пресвета Богородица), ќе ја сликнам и нејзе.
     
    На Valentina.Vaki, душленце, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Дали има некоја новост во врска со иконата?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Со бакнување и молење на икони се прекршува втората заповед дадена од Бога: Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш...(2.Мојсеева 20. 3-5)

    Никогаш нема да ми биде јасно зошто писмени луѓе на кои им е дадена и достапна библијата грешат во некои работи кои навистина се црно на бело напишани и толку јасни. Црквата и поповите исто така имаат грешна теорија кога станува збор за ова. Навистина според моето сознание не е во ред да се слават светци, да се бакнуваат нивни слики и да се упатуваат молитви кон нив кои се мртви и не можат ни да не слушнат, ни да знаат нешто а камоли да не чуваат и помогнат. А да не го заборавиме фактот дека и тие биле грешни луѓе како нас и се молеле на Бога. Само Бог Христос е жив и совршено безгрешен кој не слуша и е вистински и тој не чува и може да ни помогне. Не сакам никој да се најде навреден но луѓе ако сте навистина верници, подобро читајте Библија и молете се на Бог да ви открие дали правите нешто погрешно.
     
    Последна измена: 8 август 2018
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Дали Бог ја прекрши втората Божја заповед кога му заповеда на Соломона во храмот Божји да наслика херувими и палми во храмот?
    Ние не им се поклонуваме на тварните икони, туку преку нив Му се поклонуваме на првообразот на секој човек - нашиот Бог. Зашто Бог го создаде човекот според Својот образ. Патем, дали Вие верувате дека второто лице на Најсвета Троица - Бог Слово, Бог Син, прими човечка природа и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева? Дали Вие исповедате дека Христос можеле да Го видат луѓето кои што живееле во времето на овоземниот живот на Господ и Спасител наш Иисус Христос? Ако исповедате дека Христос можел да биде виден од луѓето што живееле во неговата околина, тогаш зошто им се противите на светите икони, на кои е насликан вистински воплотениот и вистински вочовечениот и вистински видениот Господ Иисус Христос?
     
    На Rama, sonuvana, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Да верувам, но често пати поради светците кои се всушност иконите Бог се става во позадина. Тоа не е во ред. Јас зборувам за тоа. Во Библијата пишува дека кога човек ќе почине оди во непостоење, не може да слуша,да гледа и да помага.... Зошто тогаш многу од верниците се молат на одредени икони со лик на грешен човек кој секако дека вршел добри дела и бил посветен на Бога, но бил обичен човек? Додека пак Исус Христос , пред да дојде на земјата во човечко тело бил на небото, но дошол за да ни покаже како да живееме и да ни понуди спасение, а преку воскресението дека можме да живееме вечен живот ако го прифатиме и се стремиме да живееме живот сличен на неговиот. Не можеме него да го споредуваме со други луѓе кои во негово време, а и после него биле посветени на служба за Бога. Значи Бог треба секогаш да е во прв план, а со иконите тој прв план, прво место се губи - на жалост мојот заклучок е таков. Па уште кога некој ќе каже (Име од некој светец) ми помогна, ме заштити... Не. Не постои такво нешто. Само Бог може да помогне и заштити, друго не постои ништо освен што знаеме дека тие луѓе кои ние ги нарекуваме светци биле верни Божји слуги. Нив ги створил човекот т.е ги нарекол светци. Не верувам дека некој од нив би сакал да биде толку издигнат. Тоа пред се биле понизни луѓе, а ние ги издигнуваме нив и ги ставаме на некое рамниште со Бога. Извинете но, за мене лично тоа е неприфатливо.
     
    Последна измена: 9 август 2018