Икс - мен (X-Men) [2000-2011]

Дискусија во 'Филмови' започната од slatkichKa123, 3 август 2011.

  1. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    334
    Овои ми се едни од омилените. Има мешавина од sci -fi,драма, акција. Сум ги гледала сите, и секогаш чекам нов. :) Сте ги гледале ли? Кој дел ви е омилен? :)


    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.547
    Пол:
    Женски
    Ги имам изгледано сите дела али првите три дела некако ми се поинтересни од последниве два чие дејствие се одвива пред првиот дел и не ми е баш тоа интересно.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Ми се допаѓаат многу, одамна сум навлечена на Марвел.
    Трилогијата е одлична.
    Значи првите три делови:

    X-Men (2000)
    X2 (2003)
    X-Men: The Last Stand (2006)

    па потоа излезе X-Men Origins: Wolverine (2009), и оваа година не почестија со X-Men: First Class (2011).

    Лично за мене најслаб е третиот дел од трилогијата, а најдобар Вулверин.

    Последниот дел го дочекав со многу мерак, не дека беше премногу лош, ама не ми направи некој особен ќејф.
    Кастингот ми се допадна, Кевин Бејкон беше супер, Michael Fassbender во улогата на Магнито - и повеќе од одличен.
    Единствено не сфатив како може од толку добри глумици да ја земат Џенуари Џонс за Ема Фрост, али јбг.

    Омилени ликови ми се Wolverine, Rogue, Magneto, Gambit и Mystique.

    Со еден збор - сите Марвел фанови ќе уживаат во екранизацијата на (засега) 5те филмови.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Јас го имам гледано цел еден ден, не знам кој, во кино ама одамна. А останатите така чат пат.

    Омилени ликови Storm и Mystique од женските, а Wolverine од машките. :inlove:
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    Иако не сум фан на вакви филмови, овој е нешто добро, што треба да се погледне. :)
    Немав некои големи очекувања пред да го гледам, ама ме изненади пријатно.
    Првите два дела ми се дефинитивно омилени.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.238
    Допаѓања:
    136.402
    Пол:
    Женски
    На повеќето девојки од моето друштво не им се допаѓаат. Јас ги сакам, сакам вакви приказни. Колку и да изгледаат нереални, фантастични или несекојдневни... има нешто во самата приказна што го пронаоѓам во денешново општество. Првите три филма ги имам гледано и не можам да одлучам кој ми е омилен, сите ми се допаѓаат, иако можеби последниот, како што кажа Трендафилка, е за нијанса послаб од другите.
    X-Men origins: Wolverine и X-Men: First Class се' уште ги немам гледано, иако им се токмам (ќе најдам јас време, макар и на рати да ги гледам :D ). Не се сомневам дека се одлични. Иако ќе ми недостига Хју Џекмен во улогата на Вулверин, или Патрик Стјуарт како Професор Чарлс Ксавиер, а да не зборувам за извонредниот Јан МекКелен како Магнито, сепак знам дека ќе уживам.
     
  7. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Ги имам гледано првите 2 дела но ова е премногу научна фантастика за мене. Така да немам намера да ги гледам останатите.
     
  8. Lyanna

    Lyanna Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    17
    Ги имам гледано сите 5 и ги обожавам, иако четвртиот не ми беше нешто посебно интересен. Последниот беше феноменален! Омилен лик - Магнето ДЕФИНИТЛИ! :D