1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Илијада

Дискусија во 'Книги' започната од jebiga, 11 ноември 2014.

  1. jebiga

    jebiga Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    „Илијадата“ е епопеја - најголемо епско дело во стихови.

    Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот.

    Според митологијата причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита.

    Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон (брат на Менелај и крал на Микена); Диомед (крал на Калидон); Одисеј (крал на Итака); Ахил (син на Пелеј, крал на Мирмидонците, славното македонско племе); Нестор (крал на Пил) - за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја, славата и робинките.

    Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор (син на Пријам, крал на Троја кој веќе бил стар за војување и брат на Парис); Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.

    И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена. Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; а од страната на Тројанците: Аполон, Арес, Афродита и Артемида.

    Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика „Илијада“.

    Тројанската војна траела 10 години (1193-1184 г.п.н.е.). Во „Илијадата“ се опишани настаните од крајот на војната кои траат 51 ден. Тука не се кажуваат причините за војната, ниту нејзиниот тек, бидејќи се претпоставува дека митот и главните ликови веќе им се познати на читателите.
    Преземено

    Дали вие ја имате прочитано и кое е вашето мислење?
    И дали некој знае кои автори ја имаат препеано илијадата дали може да ја најдам на интернет и дали можам да ја најдам во некоја книжара..треба да биде над 500-600 страни според барањето на професорката а ја најдов само на српски и препевот е многу тежок за разбирање..