Филмот го гледав лани и ми остави длабок впечаток. Во режија на Нил Бургер,со Едвард Нортон и Џесика Биел во главните улоги,"Илузионистот" ја имаше премиерата на 1 септември 2006 година.Критичарите беа задоволни од него,дури доби и номинација за оскар за најдобро оставрување во кинематографијата.Се на се филмот вреди да се погледа.Искрено го препорачувам на сите.
Илузионист(the ilusionist)[2006] Одличен е Илузионист, инспириран е од куса приказна на Стивен Милхаузер. Не сум фан на Џесика Биел, ама во овој филм добро се покажа. За Едвард Нортон се знае - прекрасен актер. Филм што дефинитивно вреди да се погледне. :up:
И јас го гледав филмот и ептен е добар,знам одамна не бев гледала добар филм и кога го изгледав останав хипнотизирана.Многу ми се допаѓаше глумата на Едвард,поточно ми се допаѓаше неговиот карактер...имаше во него нешто што кај мене будеше некоја симпатија,не зборувам за привлечност туку нешто друго.Инаку и јас не сум обожавателка на Џесика и мислам дека некоја друга личност подобро би ја одиграла нејзината улога,али сепак со глумецот беа добри во пар :up:
Јас во пронцип не гледам филмови со ваква содржина но по инсистирање на една другарка го изгледав и стварно се воодушевив,прекарасен филм,прекрасна содржина
Филмот ме изненади премногу. Мислев дека нема да ми се допадне,ама баш се случи спротивното. Едноставно уживав.Глумата на Едвард Нортон..без коментар. Спојлер Во еден дел од филмот се изнервирав премногу кога мислев дека девојката стварно е убиена.. Не знаев што ќе се случи до самиот крај! Филмот е 10ка.
Јас го гледав еднаш, па уште еднаш со сестра ми , и следната недела повторно го гледав со дечко ми... Многу убав филм.
ммммм ... милион пати би можела да го гледам филмов Едвард Нортон ми е дефинитивно еден од омилените актери, па и во овој филм си се покажа добро, како и во останатите. (Срцка!)
Памтам колку само скептично седнав да го гледам. Цело време нешто кенкав, моите го гледаа, па ајде и јас да не останам покусо. На крај останав со подзината уста. Одлична глума, прекрасна приказна. Вешто сработен проект. Дефинитивно вреди да се погледне.
Денеска го гледав филмот. Ме воодушевија како актерите така и приказната. Прекрасно сработено. Секоја чест
девојки се обидувам да го најдам филмот и да го гледам онлајн но не ми успева... знае некоја од вас каде можам да го најдам?
И јас го барам но никако неможам да го најдам А инаку сум слушнала за него и многу го фалеле мора да е убав
Еднаш се заебав со The Prestige. Сега истото ми се дешава пак. Ако ми е кога гледам вакви mind fuck филмови. Глупава јас што мислам дека нема никаков трик на крајот. Note to myself : Запамети веќе еднаш дека се е трик! До уши сум вљубена во Едвард Нортон ама во овој филм некако Принц Леополд се покажа повеќе секси.
Убав, ама само крајот ме изнервира што на командирот му светна што се случува (се прикажаа сцени кои тој не ни ги виде ни слушна). Во секој случај, Престиж (филм со слична тематика исто од 2006 год.) ми е далеку подобар.
Повелете. Јас уште го немам гледано, му се стегам деновиве. http://www.putlocker.com/file/F0MM4LY1OBCC0SO
- Лоша глума на Џесика Бил, и Нортон малку затаи покрај неа - Содржински предвидливо, прерано сфатив што се случува Од поквалитетната страна: - многу сакам историски* филмови, мелем за очи се; - времето летна со овој филм; - филмот има скриено значење и бара толкување меѓу редови што се однесува до тие афери кои оставаат длабоки политички импликации, потребно е да се разбираат состојбите во дадениот период, па и денес. Обожавам кога во филмовите има порака која треба самата да ја дешифрирам. 7/10
Се сеќавам дека го гледав одма кога излезе и бев воодушевена. Кога го гледав после не знам колку години сличен ми беше впечатокот ко твојот Филмов ме потсети на The prestige. Многу веројатно го имаш гледано, ама ако го немаш, препорачувам
Сепак му дадов 8-ка на Илузионистот во конечниот список на другата тема, за толку заслужи иако го предвидов прерано. Во меѓувреме размислив дека можеби намерно била избрана Џесика Бил, нејзиниот лик и требаше да делува лабилно, бескарактерно... Руфус Суел и Пол Гиамати го украдоа шоуто (филмот), oдглумија беспрекорно. Бог знае што се имало зад таа афера Маерлинг, не верувам дека е само онака напишан расказот и снимен филмот.