Во неколку наврати ми го препорачаа филмов, ми испадна прилика на македонската телевизија да го даваат и со нетрпение го очекував, посебно што во главна улога е Е. Нортон, иако можеби ја нема онаа убавина на заводник, но има мила фаца и посебна харизма во глумата, насмевката и гласот. Одличен беше и во оваа улога, крајот ме израдува посебно бидејќи не очекував таква завршница.
Во меѓувреме го гледав The Prestige, интересен ама најдов неколку нелогичности и филмов ептен ми заличи на теориите на заговор што кружат на нет. Од дистанца, The Illusionist ми е сепак подобар, истовремено појезив зашто е поврзан со предусловите за 1СВ. И кинематографијата е супериорна.