Имаме неколку теми за слики со пораки/изреки/цитати, но мислам дека не и ваква - за визуелни уметнички дела кои самите пренесуваат извесна порака и емоција. Односно оние кои би ги опишале со познатата: една слика - илјада зборови. Низ нет ги има за разни теми - значењето на книгите и читањето, на мирот наспроти војната, зачувувањето на животната средина, (не)еднаквоста, општествениот систем, семејните односи, свеста за менталните болести, итн итн. Па повелете, тука споделувајте илустрации кои ви оставиле силен впечаток.