1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Илјада неверојатни сонца (Халед Хосеини)

Дискусија во 'Книги' започната од ApoLLo, 15 јуни 2012.

  1. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    "Илјада неверојатни сонца" е неверојатна приказна во која мајсторски е опишан тешкиот живот на жените во Авганистан, нивните жртви и страдања. Не можев да ја оставам книгата уживав до нејзината последна страница.
    "Илјада неверојтни сонца" ме допре длабоко до срцето, ме потресе и ме расплака ќе ја паметам уште многу долго и затоа ја препорачувам на секого, книгата е прекрасна.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.628
    Пол:
    Женски
    Илјада неверојатни сонца -(Халед Хосеини)

    Навистина прекрасна книга. Мора да се прочита, ако не за друго, барем да се има некаков увид во тоа колку сме среќни што сме родени во нашава ни Македонија. Затоа што секогаш има и полошо.
    Како жените можат да имаат страшна судбина, колку можат да бидат понижени, прегазени, без било какво право на глас... а сепак да бидат толку силни. Маријам и Лејла се силни ликови, иако наизглед беспомошни. Се имаат само една со друга, иако се сопернички, знаат како и' е на другата, и со текот на времето од најголеми ривалки ќе станат сојузнички. Ама и двете имаат трагичен живот. Нема среќен крај, затоа што животот за жената во Авганистан во времето на Талибаните никогаш немал среќен крај...
     
    На ApoLLo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Илјада неверојатни сонца -(Халед Хосеини)

    Ме наежи книгата. Прекрасна е. Како да не сочувствуваш со судбината на две жени во тој суров и ужасен Авганистан, во таа војна која ги зема семејствата. Многу е добра книгата, вреди да се прочита.
     
  4. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Подобра книга немам прочитано. Се врзав со ликовите ама ептен, ме потресе нивната судбина. Не сум тип што плачам на книги ниту пак на филмови, не плачев ни овој пат, ама дека ме допре книгата, ме допре. Среќна сум што барем едната од нив имаше среќна судбина. Немам многу што да кажам за книгава зборовите се излишни, само пак ќе повторам, ако ја немате прочитано, прочитајте ја под итно.
     
  5. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Книгава ме воодушеви мене ... не сум некој фанатик на книги кои го опишуваат животот на жените на исток (премногу ми паѓа тешко на нивните маки) но оваа не можев да ја оставам ... и драго ми е што писателот е машко, со исто потекло како и главните ликови, а сепак ги осудува сите тие дискриминаторски традиции и начини на кои се постапува кон жената
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Неверојатна книга. Колку животот може да биде суров.....честитки до писателот за совршеното опишување на настаните во Авганистан и описот на тоа што значи да се биде жена таму!
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Имаше еден цитат што го кажува Нана, мајка и на Миријам: Машкото срце не се шири како мајчиното тело, не ти прави место во утробата, не крвари заради тебе. Нешто во таа смисла беше, извинете ако грешам. Учи за мајчината љубов и дека таа е најголема и најнесебична.
    Книгава учи и на детската и прва љубов која секогаш останува во срцето.
    Ликовите се претставени толку реално, со грешки и способноста да повреда друго човечко суштество.
    Јас обожавам книги за тие култури и обичаи и ме потсетуваат дека сум родена во колку-толку цивилизирано општество каде имам право да се спротивставам на мажот.
    Топло препорачувам. :)