Ил Диво (Il Divo)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Annath, 13 јуни 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    136.282
    Пол:
    Женски
    Il Divo (divine male performer) е можеби најпопуларниот квартет во т.н cross over жанр во музиката, уште познат и како pop opera. Творец е Simon Cowell, кој од 2001 до 2003 година беше во интензивна потрага по млади оперски пејачи низ целиот свет кои ќе ја исполнат неговата замисла. Тој успеа да ги пронајде Американецот David Miller (оперски тенор), Французинот Sébastien Izambard (поп пејач и тенор), Шпанецот Carlos Marin (оперски баритон) и Швајцарецот Urs Bühler (оперски тенор).
    [​IMG]

    Момците потпишаа договор со продуцентската куќа на Cowell, SYCO, и тогаш почна нивната авантура по сцените ширум светот.
    Во 2004 го издадоа својот прв албум Il Divo кој веднаш стана хит, особено во земјите од Јужна Америка, што не е чудно, со оглед на тоа што момците најчесто пеат на шпански, иако не ги запоставуваат англискиот, италијанскиот и францускиот јазик. Од тој албум можеби најпозната песна им е Regresa a mi - преработка на хитот на Toni Braxton, Unbreak my heart.
    http://www.youtube.com/watch?v=DJNzmNB48no

    Беа гости на турнејата на Барбра Стрејсенд низ Северна Америка, а во 2006 го отворија Светското Првенство во фудбал заедно со Тони Брекстон, пеејќи ја официјалната песна на првенството, The time of our lives.
    http://www.youtube.com/watch?v=4aOxDHqWyK0

    Оттогаш досега имаат одржано бројни концерти низ целиот свет во склоп на нивните турнеи кои знаат да траат со месеци, а имаат издадено бројни аудио и видео албуми, како и две книги.
    Албумите се:
    Il Divo (2004)
    Ancora (2005)
    The Christmas Collection (2005)
    Siempre (2006)
    The promise (2008)
    Wicked Game (2011)

    ДВД изданијата се:
    Mama (2005)
    Encore (2005)
    Live at the Greek Theater (2006)
    Live at the Coliseum (2008)
    An Evening With Il Divo - Live In Barcelona (2009)
    Live in London (2011)

    А книгите се:
    Romancing the world (2005)
    Our music, our journey, our words (2007)

    Сега е време за мое лично мислење 8)
    Станав фан на момциве кога ги видов на отворањето на СП во фудбал во 2006 година. Имаат навистина моќни гласови, прекрасни песни, ама и згодни се, многу згодни 8)
    Песните им се претежно обработка на познати хитови, ама имаат и многу оригинални песни кои лично мене ми се фаворити. Во моментов се на светска турнеја, поточно, во Северна Америка, а во септември се закажани концертите на Балканот - на 17.09 се во Загреб, на 22.09 се во Белград, на 25.09 се во Софија (мислам дека на 19.09 се во Љубљана, ама не сум сигурна за ова). Картите се малку поскапички, ама вредат. Јас бев на концерт во Белград во 2009 година (за билетот платив некаде околу 90 евра - ама бев во прв ред, веднаш до бина) и си поминав прекрасно, уште сум под импресии од тој концерт, иако поминаа повеќе од три години оттогаш.
    Се прашувам дали имам истомисленици на форумов... ретко кој имаше слушнато за нив кога отидов на концерт, ама сега почесто среќавам луѓе кои се запознаени со нивната музика. Освен тоа, инспирираат многу млади оперски пејачи да се испробаат во т.н поп опера, и голем е бројот на сличните групи и изведувачи кои се појавија после нив, иако можеби не се толку успешни.
    Во секој случај, Ил Диво се и ќе останат моите фаворити од бројните изведувачи во crossover жанрот, иако покрај нив, место му давам и на Josh Groban. Ама тој е веќе друга тема :)
     
    На irenna и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    399
    Не сум фан на опера и класична музика, ама Ил Диво се вистинско освежување после сета таа ефтина балканска музика што се пласира по медиумите кај нас. Конечно нешто квалитетно.
     
  3. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.255
    Штета што има толку слаб одзив на темава. :worried:
    За Ил Диво првпат слушнав пред 2-3 години од колешка. Стално ми ги збореше со таква љубов, па си реков ајде да видам што толку се попалила на нив. :D
    И веднаш штом ги слушнав и јас им станав фан. Дечките се едноставно прекрасни. Кои вокални способности ги имаат, ме оставаат без здив секогаш. Човек да не може да им се изнаслуша, а богами и за гледање не се лоши. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=GYMLMj-SibU
    http://www.youtube.com/watch?v=vHBkxTnMhXY
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    136.282
    Пол:
    Женски
    А да не сум јас таа колешка? :P :D
    Шегата настрана, ретки се оние во Македонија кои знаат за момциве и редовно ги слушаат. Јас лично познавам само четири девојки, од кои последната ја запознав пред месец дена.
    Мене многу ме опуштаат... скоро по цел ден ми се вртат нивните албуми на рипит... а да не зборувам за еден ужасно лош период што го имав... тотално ме извади музиката, особено нивниот втор албум Ancora.

    Имам една слика од концертот во 2009... би ја ставила тука... ама не, некој ќе ме познае. Колку само дробам наваму натаму за нив, досадна им станувам на луѓето :$ Знам дека кога почнував со возење, без нив часовите не ми поминуваа... може тие имаа големо влијание што положив за возачка од прва :lol: (тоа што не возам е друга тема).

    Криво ми е што не успеав да одам на снимањето на ДВД-то во Пулска Арена, да ми кажеа неколку дена порано, ќе одев и ќе се пријавев како статист во публика, ама дознав вечерта пред снимањето. Ама здравје, ќе има концерти :)
     
  5. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.255
    Далеку сум од стоматологијата јас, па нема да си ти. :D
    Кога ќе размислам подобро и јас не знам многу што ги слушаат. :?: Покрај мене и колешката што ме запозна со нив, знам уште една друга колешка и сега скоро една другарка се издаде дека ги слуша. :)
    Ги сакам, не дека не, ама не би дала 100евра да ги слушам во живо. Да беше поприфатлива цена немаше да размислувам двапати.
    Ќе и' предложам на сестра ми нареден пат кога ќе полага вожња да им ги пушти на комисијата, сирота по трет пат ќе иде сега, само ја буткаат.. :D
     
  6. aida.vanity

    aida.vanity Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Ил Диво .. пред некои 5-6 години ги видов случајно на скајнет телевизијана и од тогаш до денешен ден ги слушам и обожавам.на секого ги зборам и фалам нема подобри од нив дефинитивно-мислам во таа бранша :) секој концерт секој настап се е тоа прегледано :) секој албум преслушан :) какви вокаални способности али најдобар глас со најубава боја дефинитивно го поседува французинот :)) амммм најјак е :) :*