Имам дарба да ги препознавам луѓето какви се. И да не го познавам некој (ако сакам) можам да дознаам каков е - повреден, среќен, тажен, дволичен, лажго, добар, лош... Некој луѓе пуштаат толку вибрации (позитивни или негативни) што и да не сакам, ги препознавам и чувствувам. Имам дарба да се глупирам и да правам будала од себе. Имам дарба за цртање. Имам дарба за пишување (приказни, книги...). Имам дарба да советувам како што треба. Имам дарба за астрономија. Имам дарба за сарказам
Имам дарба за кога ќе видам некој што го знам на улица, да го игнорирам, да бидам што понеприметлива во некој толпа и да бидам недруштвена и да поминам 3-4 саати на компјутер на ден и пак убаво да гледам.
Една од моите дарби е глупирањето.Ќе ви кажам типичен пример. 1.Внимателно погледнете ја првата фотографија 2.Тие стегачите шо и да се оние сините кај колената шо му се на играчот на Лејкерси 3.Е јас нема да сум јас ако не видам погрешно нешто на фотографијава 4.Тие синине јас мислев дека му се гаќа на кошаркарот,а кога си реков чекај малце да се вратам назад кај сликава,не можи со спуштени гаќи да сликаат чоеко и да кога убаво погледнав,да тоа беа само обични стегачи 5.Доказ дека ме бива за глупирање и дека сум тро отповеќе зезната Лајк а
Имам дарба за спиење.. хаха Се шегувам, имам дарба за ОБЕДУВАЊЕ. Секогаш успевам да убедам некого во нешто.
Имам дарба за цртање, пишување, учење странски јазици и често можам да предвидам што би можело да се случи во скоро време, дали добро или лошо. Многу пати ми се има случено точно да претчувствувам, дури се чудам од самата себе. (така еднаш порано пред да умри едно девојче неколку дена пред тоа имав лошо претчувство и велев дека нешто лошо ќе се случи и навистина..)