1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам дечко, но вљубена сум во друг

Дискусија во 'Канта' започната од Noname05, 20 мај 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Извини за директноста ама директно ќе ти кажам како стојат работите. Прва и основна работа да бил доволно добар за тебе немало да ти биде бивши. Ти си нашла дечко а тој сфатил дека уште имаш чуства кон него и продолжил да те искористува. Тој да те сакал искрено ќе му пречело тоа што истовремено си со двајцата ама нему му одговарало. Сега тој си нашол женска и јасно е дека веќе не му требаш и дека ќе те шутне. А криво ми е за дечко ти шо вака си му правела цело време. Најдобро раскини му и продолжи понатаму сама барем за некое време. Оти на лагата и се кракти нозете и верувај нема да биде пријатно кога ќе дознае дечко ти затоа раксини пред да дознае. И не сфаќам зошто кога уште си го сакала бившиот зошто си се фатила со овој дечко ти? Ти никогаш не си го заборавила бившиот на почетокот си се лажела и себе и дечко ти за на крај да сфатиш дека сеуште го сакаш бившиот. И чим си го сфатила тоа си требало да раскинаш. И ако ова се расчуе во јавност верувајд ека ќе имаш етикета знаеш на каква девојка. И сега веќе е касно. Чим бившиот има девојка остави го на мира ибло што било поминало времето не се враќа. А на дечко ти раскини му не прави будала од него како што бившиот правел од тебе.
     
  2. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    тебе не ти требА ОЧАЈНО СОВЕТ,ТЕБЕ ТИ ТРЕБА ПСИХИЈАТАР И КАТАНЕЦ ДОЛУ,НЕ ЗНАМ ШТО ЛУПЕТАШ НА ТЕМИВЕ,не ти е срам?
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Па искрено да ти кажам, како што кажаа членките подолу ама ќе се надоврзам и јас. Не си зрела. Да си зрела ти нема да размислуваш вака. Што да правиш со себе? Јас не би се навраќала, каде беше тој кога ти беше слободна? Не се јави не те побара така? Епа што к*р бараш со него тогаш пак???
    Имаш дечко, на два стола не се седи. Јас би си го задржала дечкото, а бившиот нека цимоли ми е галје. А ќе ти се јави за секс, секако тоа сигурно. Не си земал тоа што го оставил кај тебе и време му дошло. Сега е сам, нема никоја околу него и си му се видела ти. Бившо момче може да одглуми 300 работи па чак и љубов само за да го добие тоа што го сака. Не биди глупа.
     
  4. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    А ти кога реши да раскинеш со дечко ти? Кога виде дека на овој бившиот му тргна со новата девојка? Како тоа година дена го изневеруваш дечко ти со бившиот и дури сега ти текна дека ке раскинеш, ама штета, бившиот нејќе да раскине со девојка му! Е ова ти се вика со свој стап по свој грб.
     
  5. Noname05

    Noname05 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ружица во право си.... И колку да знаете сите го оставив дечко ми веќе 2 месеци не сме заедно а овој бившиот го немам видено исто така толку време нити се слушам со него затоа што тој е толку заљувен во неговата девојка.... Криво ми е што цело време верував во него дека сака да биде со мене сама сум крива за се си го уништив животот јас можев да раскинам со дечко ми после цели две и повеќе год а тој неможеше со таа неговата за 3 месеци... Под изговор дека сега му е интересно и со неа и дека незнае со кого му е поубаво. Сеуште неможам да го заворавам многу ми е тешко но се надевам дека ова ми е лекција за се и дека што и да ми се случи во животот никогаш повеќе нема да бидам со бившиот сепак сватив дека не ме заслужува. Можам да кажам дека љубовта е многу чудна секогаш ги сакаме тие што не третираат најлошо и страв ми е само да не е тој тој човек што еднаш во животот се случува таква љубов....
     
  6. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Не е чудна љубовта,љубовта е прекрасна, сите го имаме оној ''The one that got away'' но со текот на времето се прилагодуваме на нови работи, се впуштаме во врска кога ќе сме психички спремни и повторно се заљубуваме.Секој е во потрага на љубов која само тој мисли дека ја заслужува.Немаш потреба да го заборавиш бившиот нека има посебно место во твоето срце..вашите спомени итн...се тоа е дел од животот.Но немој да дозволиш тоа да те надвладее како минатите 2 год.Имај повеќе самодоверба и работите сами ќе си течат,а не и нешто табу тема да посетиш психијатар мене лично ми има помогнато :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Епа сега ваљда сфаќаш како му било на тој на кого си му набивала рогови една цела година, кого патем ниту еднаш не го спомна во твојава патетична приказна и за кого ниту еднаш не се загрижи како ТОЈ се чувствува. Себично од твоја страна. Тој дечко не го заслужуваш исто така како што мислиш дека бившиот не те заслужува.
    Љубовта е многу чудна.... кога ја злоупотребуваат личности како тебе.
    Не сакам да те навредам, но сакам да излезеш од улогата на жртва и да се почувствуваш малку виновна во целава ситуација.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.