Eve nesto za site ljubiteli na brendirana sportska obleka mesto kade mozat da predlozat nekoe parce obleka patiki, trenerki, da kazat sto imaat vo plakarot i to! http://www.shoeshoppingmall.com
Секогаш гледам спортската облека да ја купувам од брендираните продавници за спортска опрема...претпочитам Адидас Е сега, незнам колку нашиве продавници нудат оригинали, делува дека е квалитетно, но сепак произведено на сосем осмо место, од местото каде што всушност потекнуваат. Еве лани фркнав еден куп пари за патики што премногу ми се свиѓаа, производството им е во Тајван, до сега топ ме служат, но ќе видиме колку ќе издржат... Освен патикиве, втори омилени ми се хеланките што си ги нарачав од Германија. Барем за тие сум сигурна дека се оригинал Беа од најновата колекција за трчање. Првенствено ги нарачав за аеробик, но во нив и трчам, ги носам и на зумба, мука немаат, пери-носи
Темава е чек да ви се пофалам Може и цена да пишеме ( за оригинал праиме муабет агес ) Има тема за тренерки , патики ...
Ќе бидам оффтопик и ќе речам ако модераторките мислат дека темава е непотребна, нека ја затворат. Мислам дека може да се сподели мислење и искуство на оваа тема. А ако гледаме за фалење, има теми како на пример фотографии од нашите обувки, од нашиот накит и што ли уште не! Генерално форумите ти се 90% да речеме, фалење.
Драга китен .... Да до некаде точно АМА таму не пишуваат колку пари кај го земале што марка е ! Што сака да се постигне со темава носам од 5000 -6000 тренерки ? Патики од 7000 ? Која е поентава , и мало дете знае колку чинат овие парчиња. А кога сме кај твоето разменување на искуства вака би одел муабетот ? Јас си земав за 7000 а ти уу јас за 7100 ту ме излажале ... Моите се со црвени твоите се со дрвени траки ? ! Или за веќе докажан квалитет ќе зборуваме ... Тоа сите го знаеме Јас имам брендирана облека сега треба да отворам тема за да кажам што имам во плакар ? Ма дај не дека ќе се фалам да разменам искуство де кој е подобар Версаче или Армани
Венди...коментарот, и сите понатамошни коментари од овој тип се непотребни. Има кој друг да проценува дали да остане темава или не. Јас го кажав моето мислење, а и баш тоа ти што го спомна го има во секоја трета тема, така да џабе препирање околу нешто небитно, дали е фалење и дали треба да се фалиме.
...никаде. Не носам спортска облека, а ниту имам, освен една горна тренерка од Адидас. Лудост ми е да фрлам толку пари на нешто во кое ќе се потам.
Епа вака...спортска облека не купувам секогаш од брендирани продавници.7000 за тренерки од адидас,најк или незнам кој ми е многу.Единствено имам само еден пар тренерки и патики од најк,друго се од некои други ПОЕВТИНИ продавнички
... дрес од татко ми кога бил фудбалер производство original Yugoslavia и во наследство од баба ми лајнарки од Чик Куманово-биле на распродажба лански модели и таа купила дури 10 пара . Јас ги подарив на босоногите комшивки Ма гив ми а брејк. Мислам дека има ваква слична тема ор..?
Баш деновиве си купив комплет црни тренерки од Пума..Патики имам Најк..Имам и горна тренерка од Адидас а долниот дел ги изфрлив,претежно само долните тренерки ги носам и горните ми остануваат нови ..Летово си купив и патики Конверс но повеќе ги носам Најков