Немам парчиња облека од скапа марка, единствено патиките ми се лининг, ги начекав на попуст, затоа ги купив. Купувам од трговски или некои поевтини бутици. Немам пари за да одам во екстра скапи бутици и после да се фалам ова ми е пума, ова најк, ова она. Не ми е важно од кај ми е облеката, туку како ми стое.
Уште една тема за фалбаџивките Пишете и цена за поинересно да биде. Кидинг, кидинг, Спојлер ор нот Како и да е, не носам брендирана спортска облека поради тоа што ако и стане нешто како што сум јас некогаш несмасна ке ми биде многу жал и џабе дадени една копа пари. Иако веке не е луксуз да се има брендирани патики, тренерки итн, на пример моментално на фри шопот на адмирал и пума женски тренерки има по 25-30 евра што не е воопшто скапо. А да бидам искрена и не носам многу често тренерки односно спортска облека, само за по дома или кога вежбам или возам велосипед.
Не знам што и се запнавте толку на темата. Ни јас не давам многу пари за тренерки, ама има луѓе што редовно си купуваат па може да се консултираат. Со оглед на тоа што некои ги произведуваат во Тајван, Индонезија и сл, не е секогаш квалитетот ист, па макар и што е марка. Можеби има спортисти на форумов што мора да користат таква облека. Мислам дека од овие што ги има кај нас најквалитетни се адидас и пума. Најк никогаш не сум ги сакала иако гледам дека многу луѓе купуваат. Ако ми фатат око некои патики купувам, друго не.
Кога се работи за патики исклучиво купувам Адидас или Најк, последниве неколку години купувам само Најк. И спортска облека купувам од Најк, ранци, хеланки, бибидолчиња.. се што ми треба за на тренинг.. најчесто од Најк
Ахаа имам и јас, најчесто купувам од Пума, на пазарчето имаат тезга,. Па abibas обавезно морам да имам, па нема да сум типка без нивните тренерки маици, па и капче на братот некни му купив со ВОООЛКАВ знак (и тоа за 200ден) од другата тезга спроти таа на Пума(директна конкуренција, сестро). Шала на страна, секој има барем по едно парче, па макар и врвките за патики да се. Секој во рамките на можностите и желбите. И друго нешто што заклучив за брендираниве патки исклучиво за деца, Ни К од квалитет немаат. Летото на керка ми и купив од пума патичиња, за два месеци беа излижани одоздола до тој степен што ѓонот изгледаше како да е собран од страните. И адидасов не ме бендисаа , ама барем уште се здрави. Единствено добро им е што се анатомски, па детската нога правилно се оформува.
Имам парчина од Адидас, Најк, Пума и ретко некое може да се најде од Рибок. Пума имаат најквалитетни патики (според мене). Сегашните ги купив пред 5 месеци, секој ден сум во нив а уште се како нови. А и мислам дека имаат попристапни цени во споредба со другите. Адидас имаат преубави модели на патики, крути. Високите патики ми се најубави од адидас. Сепак, од адидас повеќе купувам тренерки и маички. Сега имаат и преубави дуксери. Од најк патиките ич не ми се квалитетни. Лани мислам дека беше купив патики дадов 5000 денари (уште се колнам за ова!) и после 2 месеци неродовно носење патиките ги немав! Цел ѓон ми беше одлепен долу. Ама незнам па, мајка ми после мене купи, нејзините коска се. Уште може да си ги носи. Рибок (се извинувам ако не напишав точно) имам патики. Удобни, лесни ама грди ми се. Барем мене. Од таму почесто купувам маички.
Ретко купувам брендирана спортска облека. И мам едни тренерки од адидас, доволни ми се а и не ги носам често. Патики најчесто купувам на попуст, последниве ги купив во li-ning. Може да се најде и по некоја брендирана спортска маичка, што ми ги испраќале од Америка ( мислам на роднините). Тоа е тоа
Ретко купувам спортска облека и најчесто е брендирана и тоа аутлет си наогам по пристојни цени или пак си ги факам попустите кога се.Последните патики и тренерки ги земав од аутлет дуканот во с.с.Борис Трајковски доле што е, имаат стварно гооолем избор за секаков вкус, тренерките Капа околу 3000 денари последно бројче с, а патиките пума некоја си смешна цена од илјада и нешто беа, летен модел.
Малку глупаво прашање ама за другарка е Во која од спортскиве продавници адидас најк во скопје, кога ке купиш роба ти даваат хартиена кеса со лого? За кесата е работата
Имам доволно, не се многу, не се ни малце. Најчесто купувам патики, а уште почесто такви подароци добивам од дечко ми. Голем обожавател е на спортска облека. Патики секогаш носам од Најк или Адидас, а моментално имам:
Ретко купувам бреднирана облека, пред се заради финансиските средства , а и квалитетот... имам само едни пума црни патики.
Купувам многу брендирана облека нај многу купувам патики и тренерки (спортски тип сум). Имам 3 пара адидас патики, 1 пума, 2 тренерки ранерс, 1 најк тренерки, 2 ташни адидас , 1 бунда адидас и други работи.. (овие што ги набројав ми се најнови)
И јас ги имам истите патики но со зелена боја не со црвена Nike.Многу си ги сакам. Патики имам 7 пара,стартки,неколку Најк,Адидас,и пума. Патики и тренерки стално мора да се квалитетни и оригинал.
Патичиња секогаш купувам адидас, најубави ми се. Најк ми се прескапи со оглед на тоа што патики носам ептен за на планина или излет. Имам ранец најк, дуксер рибок и тренерки пума. Тоа е се со што располагам од спортска опрема. А а а имам и едноделен костум за капање спидо, исто и капа и наочари од адидас. Имам и шише за вода адидас, ама тоа е веќе аксесорис
Многу ретко купувам спортска облека.Имам тренерки од адидас и патики од најк друго ништоо..што ќе ми е кога не носам.. ~
Обожавам спортски патики! Овие ги користам за одбојка (скроз исти вакви), а понекогаш ги носам и онака по надвор. Мислам дека ниедни други патики ми се намаат погодено вака како овие. Oвие исто така ми се едни од поомилените. Скроз исти вакви имам. Converse Weapon. И вакви имам, пума. Да бидам искрена, секогаш ги купувам кога има аутлет или некој попуст. Несакам многу да трошам пари на марки. Гледам да ми се убави. Првите ги најдов во Србија, на попуст за 2000 динари. Другите два пара ми се од Холандија купени на попуст за 25-30 евра, така нешто.