Баш ми е мило кога читам реални мислења. Искрено, ма нема шанси дечко над 20 години, а посебно маж да чека некоја со месеци па и години. Нема смисла едноставно, и невозможно е. Колку да чека? Месеци месеци додека помине магијата што се има на почеток? Разбирам до некаде тинејџери, го поминавме тој период и знам колку беше wow кога ќе кажевме колку време не чекал дечкото, па поставувај си рекорди. "Јас сум невина, а во врска сме 2 години" Али да, тогаш имавме 16,17 години. А над 20, да слушнам од некој дека се во врска неколку години и сеуште немале секс, извинете ама јас би ги сметала дека се со некој психички недостаток.
Eпа вака јас сум нова тука и не се снаоѓам најдобро , мислам дека ја погодив темата ако не ќе ме поправите . Имам дечко и заедно сме една година. Прв пат односи имавме пред 5 месеци, можеби не бев доволно спремна доцна сватив и ми беше потребно да направам мала пауза( во смисол да немаме некое време односи) да си ги средам чувствата, поразговарав со дечко ми и се согласи. Се средив и решив да пордолжиме понатака , но или тој работата со паузата многу сериозно ја сватил или незнам што е проблмот ама после тоа ние сме немале односи ниту еднаш а сме имале прилики. Пред некое време разговаравме, дури си помислив и дека има друга иако тој ме убедува дека не е вистина а проблемот никако да каже што е .Се надевам вие можете да ми помогнете, фала однапред
Па пробај повторно разговарај со дечко ти и овој пат објасни му дека сега се е во ред. Кажи му дека сакаш да имате секс ( читај водите љубов) , заблагодари му се за трпението и нагласи дека е време да започнете повторно да бидете интимни. Можеби претходно не те сфатил баш најдобро па затоа и нема некоја промена, овој пат биди што е можно поконкретна и верувам дека се ќе биде во ред
Се обидов неколку пати со разговор, но конкретно не кажува што е проблемот Некогаш уморот , некогаш стресот го наведува како причини ама некако да е под стрес 7 месеци ......Ќе се обидам уште еднаш со раговор иако тоа баш и не му е најсилна силна страна , мн тешко искажува емоции и ретко зборува за себе иако сме во врска една година . Сепак фала на советот и позз до тебе
Или има друга, или се налутил кога си му рекла за паузата,па сега од инает не се согласува. Ако веќе не си била сигурна си требало скроз да се тргнете, а не да сте заедно само секс не. Малку е......шо знам... безвеза.
Imam decko odime 6 god se e do iskrenosta ako saka da pojde da te izneveri mozi da go napraj sekade vazno e kolku te saka i te pocituva
читам и не можам да се изнасмеам,сите као демек не можеле да чекаат без секс.па еве ви една најобична теорија.хормоните и желбата за секс ви се јавуваат на некаде 13-14години,повеќето имале прв пат на 18-19,па како бе луѓе сте издржале 5 години???????ах да ,сеа ќе речете после првиот пат желбата е поголема,али за да има желба треба да има хормони,а нив ги има уште од таа возраст....значи не е пошо не може да се издржи туку пошо некои луѓе се склони кон неверства па ради тоа не можат да чекаат.ако некој/а сакаш и ја/го почитуваш ќе чекаш и 5 години ако треба,а ако не сакаш ондак се знае веќе дека нема да чекаш.секој си знае што е подобро за него и што би направил што не.ја на пример не би изневерил од причина што ми е глупаво за 5мин секс ,да изгубам нешто што сум го градел со години.со девојка ми сум 2 години,не сум сме виделе од октомври,и не сум ја изневерил,ниту она мене баш од таа причина што и двајцата искрено се сакаме,и што имаме и планови за брак.воопшто не ни помислувам на друга
Прочитав различни мислења,па да го изнесам и јас моето-ако двајцата партнери се физички одделени еден од друг,значи во различни градови или земји поради работа,студии и сл.е сосема различна ситуација(не мора сосема да апстинираат нека одат на самозадоволување),од тоа да се заедно постојано,а едниот одлучи самоволно да немаат односи.Тоа за мене е навредливо! Ако веќе сте се решиле да бидете во врска,значи дека треба да мислите и на потребите од другиот. И се извинувам ако некого погодам со ова,ама девојки на кои во 20-тите год.им се нејќе после отприлика год.врска не ги разбирам,јас сум во 30-тите веќе,па имам многу активен sex life со дечко ми,дури и после 7 год.ни е преубаво. Ако постојат оправдани причини за апстиненција на едниот партнер (здравствени проблеми,физичка разделеност на др.локација која веќе ја спомнав и др.) е во ред,ама да се нема бидејќи некој се повлекува од немање интерес,за мене не постои оправдување за вакво однесување.И ако дојде до изневерување не ви е после крива др.личност што влетала,ако сами сте ја оставиле вратата ширум отворена.Зошто наместо да се мисли како тој треба да разбере како не сакате,не си речете зошто јас не разбирам дека тој си има потреби,кои јас не му ги задоволувам,а немам некој доволно јак аргумент зошто не го правам тоа?!За танго треба двајца и треба да се гледаат двете страни на медалјата,не се секогаш криви само дечките.И јас не би сакала да сум со некој не премногу заинтересиран за секс и што би гледал на сексот како рутинско празнење.Не велам дека сексот е единственото нешто што ја прави врската,ама дефинитивно е меѓу приоритетите за нејзин опстанок и зацврстување.
Ако сака да издржи ќе издржи....Што е со она кога жената е бремена пример патолошка и не смее да има секс..мажот треба да најде швалерка?? Тоа си е до човекот, индивидуално, а зошто пак машкото дали ќе издржи, па не се само они уклучени во сексот, и женските сакаат секс, како тие издржуваат?
Бевме разделени едно време затоа што тој беше во друга држава. Па кога се мора ќе се издржи, не е толкав проблем. Ама затоа кога се врати си надокнадивме за се. Имаме голема доверба еден во друг, а од друга страна постојат и други работи кои се важни во врската.
Ако некого искрено сакаш нема да го изневериш во никој случај за 5 мин празнење,аман луѓе!се се издржува,сигурно нема без чувства да одиш со некој друг да имаш односи само поради некој нагон кој треба да се исконтролира некогаш.ако се мора ќе се издржи,и ако се сака нормално.се е до карактерот.
Се согласувам со сите што рекоа дека ако се сака се може. Па побогу можноста да се контролираме не издвојува од животните зар не
ако има цврст карактер,ако сте искрени еден со друг,сигурно дека ке издржи,сигурно заминала на работа сега му е преоритет работата,не си го тупи мозокот бадијала,него знаеш што и да не издржи еве и да појди со некоја друга тоа е самомо момент на слабост ко че се врати он пак ке биде твој и само твој,ако те сака и ако е за тебе и со 100 да легни пак ке бидите заедно.Туку ти наместо тоа да мислиш мисли како да направиш со дела тој постојано да мисли на тебе,во слободно време зборувајте на телефон на скајп на месенџер од кај да знам,прави нешто да го полудиш така што ке му иде да си дојде пеш од странство и не бери гајле,ако те сака се ке направи па не 7 и 70 месеци ке биди без секс
Не мора да значи дека не можи да издржи, можеби навистина ја сака и несака со некоја за една вечер да си ја расипе врската од 5 години... и јас и дечкоми сме раделни,јас сум во странство и не сум ни посомневала на такво нешто, а и немам причина каде и да оди ми кажува а и да не ми каже јас му верувам и сум сигурна дека не ме изневерува, бидејќи сега збира пари за коа ке си одам и не сака да троши а и мн пати ми рекол дека за 1 вечер не вреди да се расипе прекрасна врска, а башка и што е срамежлив... Така да не е секогаш како што мислиме има машки кои навистина сакат и не сакат да изневеруват позз
bekii потполно те подржувам мила , и ние сме во разни градови, и најбитна е довербата ! Да точно е дека има машки што се верни и заслужуваат да не бидат повредени . Така да еден секс со некој друг-а нема ништо да промени само може да уништи
A зошто никој не прашува дали жените издржуваат долго без секс?! Као демек само мажите сакаат секс и оправдано е ако не издржувале, а за жените се подразбира дека можат тие и цела вечност без секс, нема проблем. Аха да, спиете си на тоа уво. Потреба си е потреба, независно од полот...а ако потребата е преплетена со љубов, онда е нешто друго - тогаш може дури и мерачки е издржлива, исто така независно од полот.
Aман бре .Oва као демек радуј се душо со друга спие тебе те сака .Чисти машки оправданија.... A за темата сум согласна со Mадам -A