Најчесто оправдание за невежбањето е `НЕМАМ ВРЕМЕ`. Знам дека денешното темпо на живеење е многу динамично и брзо, но дали е тоа оправдание за во целиот ден да немате барем 1 час лично за вас, кој ќе си го посветите исклучиво себе? Кога вежбате, колку вежбате, како го распоредувате во вашето секојдневие? Да почнам од мене. Наутро станувам порано и вежбам дома. Утрото е незаменливо за било каква физичка активност. Потоа, кога се вратам од на работа (после домашните обврски) одам на џогинг во природа. Доколку имам обврски со приајтели, или нешто друго, одам на џогинг (или возам велосипед) приквечер (не гледам турски серии сега ). Работата не ми е многу лесна, исцрпена сум, дома ме чекаат обврски, пријателите ме бараат за на кафе, но јас сум упорна и секогаш наоѓам и морам да најдам време лично за себе.
Додека имав предавања на факултет, одев на пилатес три пати неделно и вежбавме по еден час. Бидејќи вежбавме навечер, од 8 до 9, дома си доаѓав комплетно релаксирана и ослободена од целата негативна енергија, па мавав туш и легнував во кревет. Најубаво заспивање ми беше тоа. Сега откако ми завршија предавањата и по цел ден сум дома, почнав активно да возам по 10 километри на статичен точак и да правам ефикасни вежби за задникот и нозете што ги правиме на пилатес. За време - секогаш може да се најде. Работата е да најдете волја. Проблематично е додека да си стекнете навика, ама веќе потоа вежбањето ви станува секојдневна рутина и ви доаѓа задолжителна како доручек. Освен тоа, кога веќе ќе стекнете кондиција, нема да имате проблем да ги правите вежбите. Јас овој период се спремам за испити, па вежбањето ми е како одмор од учењето и едвај чекам да дојде време да се качам на точакот. Па си пуштам Fox Life, гледам серии и вртам по цел ден. Така не ни ја осеќам километражата ниту напорот.
Точно, многу често е тоа...немам време. Море кога се сака и тек како се има време. Најпросто нешто, да возиш точак ти треба околу саат време, да трчаш, уште помалку а пак да направиш 100 стомачни во серии 4х25 ти требаат не повеќе од 10/12минути дневно
Секогаш наоѓам време за да вежбам, не пропуштам навика.Како што кажа една членка погоре, кога вежбањето ќе му стане рутина на човек, тоа му доаѓа задолжително како ручек, а и добро е за здравјето, така што нема зошто да не се најде време за да се вежба.Човек кога сака нешто да направи, ќе најде време за истото
Со правилно и рационално организирање на времето и обврските, секогаш се наоѓа време за се'. И јас порано кога бев тотално неорганизирана, си се лажев пред се' себеси па после другите околу мене, дека ,,немам време'' за вежбање.. А за дремење на интернет имам а? Откако почнав да се занимавам со вежбање, небитно дали е на орбитрек, зумба или whatever, добив желба за уште повеќе, па така еве сека ќе почнам да одам барем еднаш во неделата на фитнес, покрај другото. Така да, за се` се има време, ама треба и желба да се има, а не само време.
Секогаш се има време, да си признаеме кој е најлесниот и најчест изговор - ме мрзи! Дури и кога одиш на работа, можеш да станеш порано за да повежбаш, па да се истушираш и стокмиш. Ако не си ранобудно настроен, можеш после работа, привечер. Дури и да си тотално утепан, ручај, одмори, пиј кафе, 30тина минути може да се одвои, макар и пред спиење. Да не може да си најдеш половина час за физичка активност, 3-4 пати неделно е срамота. Ако навистина толку многу немаш време, наместо со автобус или кола, фати си го патот до дома пешки. Честото пешачење е еден од најдобрите начини за одржување на фигурата.
Кога се ближи колоквиумска верувајте дека не е изговор. Со бош термини на предавања, семинарски, презентации, материјал за спремање, а да не зборам за некоја дополнителна обврска вон факултет, ама навистина не е изговор. И кога ќе ми остане тој еден саат што да направам попрво? Да поседам со моите, да се видам или слушнам со другарка, да вежбам, да одморам малку...Освен тоа вежбањето и не е еден саат само, туширање и средување се уште толку, значи барем 2 саати се во прашање. Значи стојам зад тоа дека барем кога идат колоквиуми јас навистина не успевам да вежбам, зборам за редовно вежбање од 3-4 пати неделно, се трудам за викенд да надокнадам. И колку да кажам, не сум од тие тромави и мрзливи, напротив, уживам кога вежбам и имам кондиција. Ама ете, барем секој ден се враќам пешки од факултет, тоа ми се фаќа околу 30-40мин.
Има време за вежбање секој, но нема време да размисли за користа од вежбањето. Дисциплината е основна. Јас вежбам наутро, кога ми се буди организмот го засилувам будењето со вежби, се полнам со енергија која ми трае цел ден. После вежбањето способна сум за се, исто како да ја убивам мрзата со неколкумимутно утринско вежбање. Работата во смени не ми дозволува да вежбам секој ден, но ефективни 3 дена неделно се сосема доволно. Останатата активност во денот ја поминувам во работна километража.
Па баш вежбањето многу помогнува за релаксирање и намалување на стресот при такви периоди, како што е колоквиумската недела. Сепак никој над книга не седи по 12 саати дневно.
Имам и тоа доста слободно време,еве од денес почнав со домашен пилатес по најмалку пола саат.Планирам за летово да имам зацврстени задник и нозе.
Да не се лажеме , ако некој сака ,ама навистина сака да вежба , ќе најде време како знае и умее , нема да се потпира на преокупираноста како изговор. Се е до желбата ,не до времето. И да , и која сум најзафатена наоѓам време да вежбам.
Па не знам дали ме сфати, мене денот не ми се состои само од учење и спиење. Не знам дали си студент, но после саати предавања, па учење, спремање семинарски, и плус некои обврски што ги имам, мене може да ме релаксира само кревет, зашто од умор понекогаш ми е тешко и пижамите да си ги облечам. Затоа ако не си осетила на своја кожа, те молам немој да ме убедуваш дека сепак имам време секогаш кога ќе посакам.
Најчесто ни е изговор, дека немаме време, а се е разултат на лоша организација на време. Ама во право е фемина90, за време на колквиумска недела со 4-5 колоквиума за спремање од по 200-300 страни секој, незнаеш што попрво да земеш и да направиш. Мене лично ми треба елан за вежбање и да бидам одмрена и наспана, а вака ни сум одморена ни сум наспана, и тоа малку време кога правам пауза сакам да јадам и да ОДМАРАМ, лежам дремна, или гледам серии, филмови, нешто што ќе ме одмори а не замори. Некој ќе рече изговори но не се, цел ден на факултет, доаѓаш дома треба да учиш или да се видиш на кратко со твоите, другарки/другари, дечко, девојка и малку време за одмор и за вежбање. Едино можам и имма време за чучењеви или малку загревање одсабалје.
Имам време и никој на планетава не може да ме убеди дека човек нема време за вежбање. Доколку сакаш да вежбаш ќе одвоиш еден час од спиење, гледање ТВ, седење на компјутер и сл. Се нервирам кога некој ќе ми рече дека нема време. Јас вежбам секој ден, без разлика од обврските кои ги имам, од тоа дали сум прва или втора смена на училиште, дали имам 5 или 55 страници за учење, дури имам и бегано од математика за да одам во теретана - која пожртвуваност. Едноставно тоа ми е пред се`, во моменталнава состојба дури и пред училиштето (иако нели, ни на крај памет не ми паѓа да го запоставам) бидејќи знам колку ми е неопходно во ситуацијава. Мразам кога вадат беспотребни оправдувања како: немам време, врне, не ми е нешто добро, ми се спие и слични глупости. Ако сакаш бараш начин, а ако не - изговор. Тоа е тоа.
Секако дека наоѓам време за вежбање , секое сабајле .. во случај да брзам негде или многу рано ако треба да станам, вечерта сигурно надокнадувам
Немам време моментално овие недели А баш тогаш кога бевме послободни и немавме многу за учење си вежбав на сабајле Ама сега не Ајде нека заврши ова училиштето и ќе почнам секој ден. Не сакам да слабеам туку да се дозацврстам
Оф моментално немам. Имам многу за учење и никако немам време за џогирање. Може за вежбање по дома би нашла време, али и теткава ќе дојде за некој ден па тешко и тоа. Ајде се чека 05 јуни па секој ден има да трчам по кеј