Секогаш наоѓам време за вежбање. Не се чувствувам убаво ако не сум во движење, преку вежбањето ја исфрлам цела негативна енергија и после тоа сум како нова.
Исто Лани си наоѓав изговори, училиште, испитвања, тестови... Ама сега секој ден си наоѓам време. А и плус ми е тоа што имаме 3 часа неделно физичко. Богами добро ја трошиме енергијата.
I don't find the time to exercise, I make the time to exercise. ^^ си се водам по тоа мото. Вежбањето лично ми е многу важно и секој ден, без разлика колку и да ми е тежок и напорен ќе одвојам барем половина час. Обично вежбам рано на сабајле и доцна навечер - на пример сабајлето ќе вежбам на Орбитрек, а вечерта правам вежби. Одам да трчам неколку пати неделно - во доцните ноќни часови (кога нема никој надвор, затоа што неќам да ме гледаат, како којзнае што да правам ) а и така полесо можам да заспијам. И вежбањето ми помага да се ослободам од стресот.
Порано нон стоп си имав некој изговор за да не одам да вежбам. Но сега се зачленив месечно и одам четири пати во неделата во ист термин. Редовна сум и не пропуштам тренинг. Ја исфрлам целата негативна енергија од мене. Се туширам и потоа се чувствувам како нова личност.
Порано „немав“ време, имав други поважни работи....сега кога навистина немам време - создавам, морам, тоа е мое време - потоа сум навистина полна со позитивна енергија
Немам време е само еден од многуте изговори.Јас со цел ден пополнета и милион испити и тестови,секој ден наоѓам по 1-2 часа за во теретана.И после тоа се чувствувам како нова,без негативна енергија.Секој (ако сака) може да најде време за себе.
Па се трудам. Имам обврски овој месец, некогаш ги запоставувам на сметка на теретаната, ама се ми е некако битно.
Значи не ги сваќам јас девојките кои велат немам време! Ти еден-два(часа), некои и цел ден не седнуваш на компјутер и на тој помочан и глуп фејзбук епа тогаш немој да велиш немам време учам, треба да излезам и триста изговори, туку ќе речиш мрза ми е ! Не ги сваќам овие личности стварно, а што се однесува до мене јас редовно одам на вежбање кај мене зборот "мака" не постои па затоа и си имам резултати единствено кога не одам е кога сум многу болна
тоа го кажав и јас да точно така! Значи не ги сваќам јас девојките кои велат немам време! Ти еден-два(часа), некои и цел ден не седнуваш на компјутер и на тој помочан и глуп фејзбук (се извинувам на изразот, но ме вади од такт) епа тогаш немој да велиш немам време учам, треба да излезам и триста изговори, туку ќе речиш мрза ми е ! Не ги сваќам овие личности стварно, а што се однесува до мене јас редовно одам на вежбање кај мене зборот "мака" не постои па затоа и си имам резултати единствено кога не одам е кога сум многу болна
И да немам време си правам да имам, ако се сака се може. Еве денес цел ден имав активности нешто, па дури сега ќе вежбам. позз
Ако се сака ќе се најде. Од спиењето си скратувам за да вежбам еден час. Ако сум попладне на работа ќе станам саат време порано. Или пак приквечер покасно ќе се приберам затоа што после работа останувам еден саат на час.
Немам време-така самата си се лажам демек учам ваму-таму сум! Не сум се запнала вистински и мрзле најголемо сум!А време може да се најде то е барем лесно
здраво девојки! да ви побарам совет.вака,имам вишок килца и никако да ги симнам.одам на школо и имам многу за учење,и нормално дека кога ке се вратам од школо,ќе се нафрлам на јадење зашто нормално не сум јадела освен на голем одмор,најчесто бејк ролс,тост,чипс...(имам најчесто 7 часа,а исто идам после часови и на англиски курс кој ми трае 60 минути).едино во сабота и недела можам да вежбам.некаков совет?и за храна и за фитнесот? *без препораки за да се зачленам во некој клуб,затоа што навистина тоа уште повеќе време ќе ми одзема,би требало да чекам автобуси,а за тоа време можам да научам нешто. фала однапред Спојлер знам дека ќе си речете:па само учиш ли ма ти.ама тоа е,потешко е сега во школо и се обидувам како и секоја година да завршам 5.00.забава кај мене само на распуст,хаха