Во врска со вежбањето, секој секогаш може да одвои 15-20 мин во ден. За време на сесија, немам време за но не е дека постојано 24/7 учам. За време на паузите наместо да дремам на интернет или да правам нешто бескорисно, наоѓам минимум 20 мин за вежбање. Дури и да немаш толку време, разбарај низ интернет има и вежби кои траат по 10тина минути. Така да тоа не е никакво оправдување За исхраната, наместо да јадеш брза храна на одмор, можеш да одбереш здрави варијанти.
И јас порано си барав изговори, немам време, де ова де она, ама всушност немав желба. После колешките се договориле и ме викнаа и мене. После работа одиме, 3 пати неделно и после вежбање многу поубаво се чувствувам. Веќе четврта недела како одиме и ќе продолжиме. Нема откажување
Време имам. И повеќе од доволно ама мотивација ми фали. Сега ќе почнам почесто да ја посетувам категоријава фитнес, ќе следам фитнес блогови и за брзо време ќе се мотивирам. I promise
станувам 2саати порано ледгнувам еден саат покасно нема мн време ама тоа е , не бирам срњтства да дојдам до целта
Лани зимото два пати дневно по 100 стомачни праев пошо незнаев какви све вежби има а и не бев толку заинтересирана. Во јануари го почнав Insanity ама проблем ми беше што се вежбаше и во сабота, некогаш и две вежби во еден ден а видеата по 40 и кусур минути. Ама од понеделник планирам да го почнам Т25, 5 пати неделно по 25 минути. Топ ми се вклопува! Па, ќе видиме.
Јас еве како мајка на бебуш кој го гледам сосем сама (значи немам никој, ни баби ни тетки кој ми помагаат) пак наоѓам време за вежбање. Долго си барав оправдувања, демек ете имам бебе, треба да готвам, треба да перам, па се собрале садови и сл, ама еден ден си реков што се мора мора се. Сега вежбам дури бебушот спие, кога пола сат кога сат, некогаш и саат и пол, зависи од денот. Домакинските работи си ги терам паралелно со гледањето. Е сега уморна сум дупло навечер, ама со првите резултати кои дојдоа добив уште поголема мотивација. Поенатата ми беше кога се сака се се може.
Секогаш! И да нема, ќе се најде време. Барем пола саат на ден мора да се посвети на телото. Мене нова шема ми е пешки да се враќам од работа, некои 50 мин одење од прилика ми е. И многу убаво се чувствувам после тоа.
Се служев со изговор дека немам време, ама сега кога се решив сериозно да се посветам да имам убаво тело има време и тоа на располагање. Сега другите обврски си ги планирам околу вежбањето, прво ќе се извежбам па потоа се останато
Немам преголема прекумерна тежина,туку сакам да се затегнам малце хах. Кога ги натерав моите да ми купат Орбитрек,е сега морам да вежбам озбилно.Имам за учење,треба и одмор од учење..ако имам време за на компјутер,имам и за тоа.Кога гледам телевизија,вежбам.Доколку нема што да гледам на телевизија,си пуштам музика и така Гледам секој ден да вежбам најмалце 15мин. на Орбитрекот,и редовна сум на физичко во школо
И да имам и да немам-МОРАМ! Ако сум си ставила у глава како сакам да изгледам,до која перфекција да го доведам телово,нема откажување!Ако сум ставила слика на телефон со ненормално тeло плус сум платила однапред за цел месец аеробик и пилатес плус сум решила да бидам 30 дена без некои ствари се со цел да видам што можам да постигнам со макимум нејаденје и вежбање.Едноставно сакам да го живеам тој сон,сакам еден ден да кажам е сега стојановската си риба и пол и сите ти завидваат на твоево тело и да бидам горда што сум успеала.Немам ја некоја преголема тежина,имам некои 7 кила вишок али како што сум бик во хороскоп и не се откажувам-морасе Одам 4 пати неделно,2 часа аеробик, 2 часа пилатес плус од оваа недела почнавме и секоја недела на водно,пешки од средно до врв плус два часа физичко во школо во кои најчесто играме одбојка па и тоа е доста ефективен час Дефинитивно е полесно кога ќе платиш па ако не за друго,жал ти е што си платила Не не ако решиш,плус мала доза упорност,плус не откажвање you are there in no time
Време, секогаш е малку. Ама пошто се водам по „Секогаш треба да губиш време кога немаш“ си наоѓам време После школо обично вежбам.
Вежбањето, поточно балетот јас си го сватив како професија. И секогаш имам време за тоа, затоа што тоа е тоа што го сакам. Почнав и да забушавам со школо, сега немам време за учење, за искачање поради тоа