1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има дечко, но заљубен сум во неа

Дискусија во 'Канта' започната од unknown17, 23 јуни 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. unknown17

    unknown17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пред се, здраво на сите...
    Ми треба огромна помош, бидејќи незнам што да правам..
    Заљубен сум во едно девојче кое има дечко.... се знаеме само 1 месец, но откако се запознавме се гледаме секој ден...праевме муабет и ми кажа дека многу го сака дечко и, и дека јас многу и се свиѓам.. можеби нема да ме сватите баш најубаво, али ми требаат совети... со девојчево се имам смувано два пати и и кажав шо чувствувам за неа, а она ми кажа дека ме сваќа али незнае шо да направи.. "тој нејзиниот" ја има изневерено на почетокот кога оделе (а веќе 2-3 месеци се заедно) и девојчево ми кажува дека незнае шо да направи ни со мене и ни со него, дека и е тешко и дека не го оправдува тоа шо ја изневерил, но се теши бидејќи тоа било само на почетокот...незнам шо повеќе да направам, а и не сум срамежлив, така да би пробал се само за да биде со мене... незнам веќе како да се докажам... кога сум со неа срцево ќе ми испадне од градиве... си мислам малце да оладам, али не можам.. дај помогнете ми... и btw: коа ја прашувам нешто, најчест одговор и е незнам...
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ми треба помош...Итнооо

    Ако сака друг тогаш не знам дали има шанси вие да бидете заедно...искрено.
    Можеби тоа што се смувала со тебе сакала само да му врати што ја изневерил.
     
    На MarchelineAmaru и pantomimicar им се допаѓа ова.
  3. pantomimicar

    pantomimicar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Ми треба помош...Итнооо

    ако ја има изневерено ќе ја изневери пак , а гледаш дека и она го изневерила со тебе сте се мувале 2 пати , значи не го сака толку чим го изневерила , треба да одлучи самата со кој ќе биде дали со тебе или со него , а не да ве мотка и двајцата и да ти вика цело време незнам, разговарај убаво со неа во 4ри очи кажи и што чувствуваш за неа што мислиш и нека биде искрена со тебе ... преку самиот разговор ќе сватиш дали е заинтересирана за тебе и дали сака да има нешто со тебе а ако не е така тогаш нема зашто да се обидуваш и мачиш , затоа што можеби само те користи пошто и е монотона врската или незнам што . Најубаво ти е да си направиш муабет со неа најсериозен :) е така па после кажи ни што си направил поздрав :*
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  4. unknown17

    unknown17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    фала многу.. инаку муабетевме сами околу пол саат, саат.. и ништо :?: незнам дали треба да ја оставам сама да одлучи, без да напнувам, или треба да работам на случајот.. оти ако ја оставам така и да ја изгубам, нема да ми биде лесно :(

    и давајте уште советиии

    Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    И јас пред некое време бев во слична ситуација. Само што со дечко ми идевме подолго време а еден друг момак почна масовно да ми се пушта. Ја терав во граници на нормала и ништо не се случуваше. Значи додека тој остави јас да одлучам јас ништо не одлучував, не сакав да прекинам врска затоа што се сакав со дечко ми а од друга страна и другиот ми се свиѓаше ама одеднаш тој напна јас да одлучам па го откачив и си останав со дечко ми. Навистина си во незгодна ситуација. Ако напнеш можеш само да ги убрзаш работите да те откачи а од друга стана ако глумиш ладен само ќе и ги олесниш работите. И скоро никаков совет не ти дадов. Треба само време да помине а и секако некој ќе излезе оштетен од целата ситуација. Среќно.
     
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Мислам дека треба да пробаш бидејќи ни таа не знае што сака, а ти знаеш. Мислам дека имаш шанси затоа што двапати веќе се смувала со тебе, а ваму вика има дечко што многу го сака, во тоа не верувај бидејќи да го сакала толку дечкото немало да се мува со тебе пробај 100% имаш шанси. СРЕЌНО!!!!!!
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Е колку може да го сака а е со него 2-3 месеци ? :^) Ако трчаш по девојката нема да и бидеш интересен , треба или ладен да бидеш или да играш топло-ладно . Да им се мешаш во врска немој . Ако гледаш дека таа си го сака дечкото тогаш тргни си се на страна , кога тогаш ќе раскинат . И ако била за тебе ќе бидете заедно , а муабет со неа можеш да си направиш ако сакаш .. чисто да знаеш на што си :)
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    јас мислам дека треба да настојуваш почесто да се гледате за таа да почуствува дека ти си вистинскиот избор за неа ако ја засмејуваш и си поминува убаво со тебе тогаш таа ке жали што те губи или те нема со срека
     
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Си игра на ти го дај ми го и со двајцата. Таа не е заљубена ни во него, ни во тебе. Мислам дека треба да продолжиш со неа уз мување без разлика дали иде со дечко и или ќе му раскине. Девојчето не е спремно за врска, а велиш ти си се заљубил, и што, доколку се фати со тебе, нема да те изневерува? Терај си вака, веќе си и‘ кажал што ти лежело на душа. Таа ‘нема да знае‘ што да прави дугачко време, затоа што убаво и‘ е вака. Ете од женска страна искрено гледано.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи врската не им е стабилна и кратка им е, се имаат изневерувано во само 2-3 месеци врска, како може да го сака кога се смувала со тебе и тоа не еднаш ? Значи нека не вика не знам, нека раскине со него ама претходно да му каже за тебе и дека се имате мувано т.е. го има изневерувано како и тој неа и нека му каже дека штом изневерувањето е присутно и тоа во првите месеци на врската таа нема иднина или нека биде со него ама пак да му каже се, па нека си видат дали тоа има иднина, а нема. А или па ќе продолжат да се изневеруваат па тоа ќе ти дојде исто како да си со неа.Да ти се плукнам во врскава бе еј! Среќата е на твоја страна што се имаат изневерувано, ама од кај знаеш дека не си играчка за одмазда зошто ја изневерил тој ? Дај нека се одлучи таа, па пиши што решила, иако мислам дека како што тој и кажал дека ја изневерувал, треба и таа да му каже, што и онака врскава им е лом паланка.
     
  11. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Доколку била разочарана и повредена од дечко и тогаш го разбирам тоа ваше мување.. но сепак тоа не значи дека не и се допаѓаш, или пак дека сака нешто повеќе со тебе од мување. Можно е да си и само еден вид утеха,некое моментално чувство а можно е и да не го сака дечко и штом веќе еден месец се гледате итн.. штом си дозволила да го направи тоа повеќе пати, не би рекла дека го сака.
    Најубаво да се одлучи што сака затоа што вака испаѓа дека она е невина, демек незнае што сака а уствари и со двајцата се игра..
    ;)
    Направи озбилен муабет и дај и до знаење дека треба да се одлучи и да биде јасна што сака :)
     
  12. unknown17

    unknown17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    абе луѓеее.. и кажав јас ако би бил на нејзино место дека немало да постапам како неа и дека прво треба да си ги расчисти проблемите, па после да создава други... и финтава е шо ми вели дека ке биде со мене, али не сака да се соочи со него... дај кажете ми некој совет како да ја освојам... инаку не молчам, отворен сум и искрен, а и доста глупости кажувам.. ја осеќам дека и е убаво со мене, бидејќи знам како да ја насмеам.. а и пробувам со топло-ладно.. :$ и крадев бакнежи ово-оно, али оти не раскине со него.. тоа ми е најболноо.. и пак ќе кажам... фала на ситеее.. некои совети добро ми дојдоа.. дојдов до некаков заклучок и ме натераа да размислам поубаво... вечерва коа ќе си легна ќе ја избистрам главата и ќе размислам за се, полека и убаво... поздрав и продолжете со совети... се е добредојдено на статијава.. :*
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    СВЕ ШТО Е ЗАУЗЕТО , МОЖЕ ДА БУДЕ ОДУЗЕТО

    поговорка на фацебук :lol:

    ако се поставиш правилно , ако изиграш како што треба ке успееш
    тој таму сигурно не ја задоволува па затоа ти си мажот кој треба да го заземе тоа место

    сеа ако ме прашаш како и каде , незнам бидејки немам никакво искуство ја со девојки (затоа и сум на форумов да научам нешто)

    па така ке ти кажам само

    СРЕКНО и исполни си ја среката
     
  14. unknown17

    unknown17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    фала..
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Тоа мување може да не значи ништо, но може и да е сосема обратно. Незнам, пред се зависи каква врска има таа, колку е стабилна, дали навистина се сакаат итн. Сепак, мислам дека можеш да се обидеш да превземеш нешто. И на неа и треба време, обиди се да ја разбереш. Ако треба да бидете заедно, ќе бидете. Ако толку го сакала дечко и, сигурно немало да се мува со тебе. Тоа е моето мислење, треба да бидеш упорен. Со среќа! :)
     
  16. unknown17

    unknown17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    охх мои мили цветчиња...
    си мислев едно време јас да бидам тој шо ќе ја олади работата, па можеби она ќе се загрее повеќе.. што мислите вечерва да и кажам дека несакам да продолжам вака со неа и да не си играме повеќе.. и ако сака да се скара со него, нека ми се јави, секогаш ке биде добредојдена кај мене... и си мислам дека ќе биде подобро да не ги загреваме работите толку многу... шо мислите .... а и случајно на форумов го најдов воа: НИШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА БЕЗ ПРИЧИНА.. е сеа колку е вистина... мн интересен е животов мој, али нема со кој да ги споделам случкиве.. САКАМ ДА САКАМ, НО И ДА БИДАМ САКАН :)
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На секое прашање вика „не знам“...да не е девица у хороскоп :lol: Него, шала на страна, факт е дека таа има увидено колку ти се трудиш околу неа. А ако сакаш да бидеш со неа, а сакаш многу, велиш срцето ќе ти излезе од среќа кога сте заедно, важно е (за да не останеш со скршено срце) и нејзе да и значиш барем приближно толку. Сеа ме нервира кај типкава шо игра на начинот на кој игра, али нејсе, видела како е кога си покрај неа, дај сега направи да види како е кога не си покрај неа. Стисни заби и стани недостапен за неа барем на одреден период (недела, две, не знам на колку време обично се гледате), ако навистина и значиш самата ќе те побара штом имала храброст да го изневери дечко и, ќе има и за ова. Така што, направи се бе малце фраер, да види како е ;) Е сега сфаќам дека си многу заљубен и некако немаш трпение, но подобро да стегнеш сега заби и да видиш што покажува барометарот отколку да ризикуваш да те разочара затоа што можеби те користи да се одмазди за неверството на нејзиниот дечко, а искрено сомничава сум дека има големи шанси за врска затоа што самата ти кажала дека мн го сака дечко и, јас ако сакам да сум со некого на пример а сеуште сум со друг, сигурно на првиов нема да му кажам го сакам дечко ми премногу. Ако е така, тргни се на време подобро е така, отколку да излезеш повреден, понижен и утре (несвесно се разбира) да дојдеш во ситуација да се одмаздиш преку некое фино девојче кое уопште нема веза со причава како девојкава што (можеби) ти прави тебе.

    Со среќа, hope I helped!


    Едит: ти го видов и последното мислење и само можам да додадам дека штом сакаш да сакаш и да бидеш сакан и те како ќе ти послужи мојов погорен совет. И да, немој никако да ја осигуруваш дека ако ја шутне овој другиов, ти со задоволство ќе ја примиш, го заслужуваш целиот колач а не само трошките, нели? Таа треба да ти се врати само ако навистина е заинтересирана за тебе и ти тоа мораш да ја натераш да го докаже. Уште еднаш среќно и извести не шо како се дешава. :call: :hai:
     
  18. unknown17

    unknown17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    епа вака.. вчеравечер и се јавив јас и и кажав дека сакам да расчистиме и да ми каже дали она донела некаква одлука или јас да и кажам што мислам.. ми рече дека не можела да збори оти била испадната, па така да јас си продолжив и и реков да потврди ако се согласува со мене..реков: мислам дека неможеме и не треба да продолжиме вака да се мачиме и двајцата, дека треба да заборавиме на тоа што било и ако го сакаш дечко ти остани со него.. и и кажав дека додека е со него веќе ништо не се обидувам да направам, а она само добро ми кажа, али како да сакаше и она да каже нешто :worried: (и толку од муабетов на телефон).... Али откако испаднав јас работите се сменија :worried: се видовме и седевме заедно со уште неколку другарчиња (и машки и женски) али најважното е што и дечко и беше таму :) кога дојдовме ние не ми беше сеедно шо ги видов заедно (иако ништо не правеа) али пробав малку да се опуштам и ми успеа... и онака опуштено почнав пак да кажувам глупости и од смеава уште поеќе се опуштив... и си седиме ние така на клупава и по 10 минути дојдоа и они до нас, и девојчево ни здраво не ми кажа, а и многу беше напнато |( .. али по некое време дечко и и еден мој другар отидоа да се повозат па така по некое време пак се врати убавата атмосфера.. и сеа јас ладен се заебавав со сите, а девојчево ме гледа директно во очи и не го трга погледов... и така си седам јас на клупава и рацеве потпрени на коленава, треснав една на која ептен се смееја и девојчево у меѓувреме да искористи, као демек од смеава пробува да ми ги стави нејзините раце врз моите (као демек не е се завршено) и јас станав одма кога ме пипна, се истргнав и се гледаме во очи 2-3 секунди (јас (благо) насмеан, а она пробува да се смее, но очите и беа полни со солзи) и јас само и намигнав... и сеа вечерва пак ќе одам кај нив со еден другар и незнам како да постапам... и tessie до некаде сфаќам дека не треба да одам, но додека не расчитам се (во четри очи) не се откажувам, колку сака нека боли.. 8) поздрав :*
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Прво, добро шо си и правел топло-ладно, може тоа ќе ја тресне малку од земја.

    Второ, извини али понашањето на девојчево е...не знам, ај нема да го употребам изразот шо ми е на памет. Не дозволувај и да те понижува бе на таа, па која е она, божество некое да не е? Незз можеби зашо маж ми е таков си имам створено слика дека машкото исто како и женското треба да покаже гордост малце. Шо било тоа, пред него ни здраво не ти кажувам а на само те зјапам ко да не сум видела машко. Со тоа гледаш каков карактер е и ако планираш нешто со неа посериозно, а планираш (пошо иначе за несериозно дечкото не е проблем во ова лудо време) биди подготвен на ризикот дека можеби ќе ти го прави истото на дечко и шо му го прави. Разграничи и дека не си и ти падобранец во ризична ситуација туку некој кој си бара љубов и почит колку што заслужува...ако тоа ти е важно се разбира.

    Е сега, јас сум така поконзервативна со размислувања можеби, но од самата помисла на неверство ми се гади па затоа и немам најсјајна слика за девојчево, ама и таа барем помалце дегенерично да се испонашаше...не знам, јас се водам по една девиза во животот Не дозволувај да ти биде приоритет некому кому си само опција така што ако сакаш да сте заедно а да не си го погазиш сопственото јас, нека се избори за тебе. За твое добро, многу подобро ќе се чувствуваш.
     
  20. unknown17

    unknown17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    фалаа tessie... ќе те послушам, оти стварно мислам дека имаш право... позз
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.