Погледнете го ова чудо невидено....дали имаме душа, дали сме воопшто човечко суштество колку само понижувачки се почувствував погледнете и дајте коментар
@EvAngelos бидејќи ми се допаѓаат твоите знаења и мислам дека си тука најпоткован(за религијата и библијата), можеш ли да дадеш твое мислење за ова плукање по христијанството, ако така можам да го наречам горе посоченото видео
Каква е оваа глупост? Библијата за жената вели: “И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: ,Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот!-” (1. Мојсеј 2:22-23) “Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.” (1. Коринт 11:3) Господ го создал човекот така што му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа. Значи, нормално дека жената има душа.
Можеби има логика Бог го создаде прва мажот и на него му вдахнал живот а жената е направена од една коска на Адам, ама заборавил изгледа да ни дувне душа...хаххахаа малу на шала работава ама ??????
И на жената и дувнал. Се што е живо има душа. Разликата е што прво го создал мажот па потоа ја создал жената од неговото ребро, за мажот да не биде сам. Затоа жената и треба да му биде покорна на својот маж. Тоа е единствената разлика.
Каде пишува бе душичко дека и на Ева и подарил душа(и вдахнал)хукнал,имаме ли некој соодветен израз, не ми текнува??
Бог рече: Да направиме човек според Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот: над сета земја и над сите лазачи што ползат по земјата! Бог го создаде човекот во Својот лик, ги создаде машко и женско. И женското е човек... Во Библијата пишува дека на човекот му вдахнал дух, не мора да пишува два пати, му даде душа на Адам па после и даде душа на Ева... се подразбира тоа...
И ова дочекав да го прочитам... Сериозно ли бе?!?!? Ќе го цитирам другарчето @PogbaPol: Dal je ovo najgluplja tema ikad?
@baba Rada, гледам дека веќе одговори @Bitter-Sweet потковано со Библиски цитати, но бидејќи темата е широка, ќе надополнам малку од други перспективи. 1. Ако ви треба експлицитен цитат од Библијата каде што се вели дека жената има дух и душа, еве прво што ми текна е од изјавата на Марија (мајката на Исус): „И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! И мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител, зашто ја погледна смиреноста на Својата слугинка.“ (ев. Лука 1:46-48, Библијата) 2. Некои ги буни или сметаат дека е понижувачки тоа што жената е создадена од реброто на мажот, а не од земјата. Јас стварно не можам да сфатам во што тоа е подобар или понепонижувачки земниот прав од човековото ребро. Бог можел да ги создаде Адам и Ева од што било, дури и само со својот збор – како што го создал целиот Универзум. Причината заради која Бог ја создал жената од дел од телесната материја на мажот е за да го концептуира нивното единство, за да постои еден телесен копнеж и привлечност меѓу нив и за да при бракот тие повторно се соединат во „едно тело“ – што е всушност библиската дефиниција за бракот. Има една еврејска поговорка од еден рабин која вели вака: „Жената е создадена од реброто на мажот, а не од нозете за да биде газена, ниту од главата за да биде надмоќна, туку од страната за да биде еднаква, под раката за да биде заштитена и најблиску до срцето, за да биде сакана.“ 3. Знаете ли која е првата поезија во Библијата? Тоа не се псалмите, ниту Песната над песните. Првата поезија ја пишува Адам кога ја здогледува својата жена и вели: “И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: ,Еве сега коска од моите коски, и тело од моето тело. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот!-” (Битие 2:22-23, Библијата) Ова што Адам го кажува „коска од моите коски, тело од моето тело“ е поезија. Дури и следното „нека и биде името жена зашто е земена од мажот“ е игра на зборови, затоа што еврејскиот збор за жена (ишах) е женски род од зборот за маж/човек (иш). 4. Муслиманот на видеото вика дека „Библијата“ вели дека Адам е казнет заради Ева. Тоа е лага. Во Библијата јасно си стои дека Бог го казнува Адам заради тоа што Адам лично и свесно се одлучил да искаже непослушност кон Бог и да јаде од забранетиот плод. Ева не му ги врзала рацете и со сила да му ставила во уста Тоа што Адам се обидел да ја префрли вината на Ева, не поминало кај Бог. 5. Видеово е класична исламска (анти-христијанска) пропаганда. Кутрите муслимани се обидуваат светот да го убедат дека жената во Исламот е третирана како принцеза, а во христијанството е понижувана. Но таа пропаганда тешко им поминува, бидејќи не му треба на човекот читање книги и знаење за да увиди дека во реалноста е обратно. Немам време да реплицирам на секоја реченица од видеото, но ако има некој муслиман што сака да се закачка на форумов на темава, нека повели, па ќе разгледаме убаво кој е статусот на жената во христијанството и исламот.
Можам само слободно да искоментирам дека видеово е тешка навреда за христијанството, дека Исламската вера е толку многу лицемерна....па ако ја нема жената како ќе се ствара светот..уфффф..свашта