1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има ли жената душа?

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 11 септември 2016.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Awww. Mene bivsiot me prasa ova. Vika, dobro zeno imas li ti dusa??? Jas mu rekov- dusata mi ispadna od strav deka ke moram da se mazam so tebe :) znaci neam :)

    I nastrana zezanje. Glupo e presanjeto.
     
    На Bender Rodriguez, Love...music, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  2. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.566
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам какви се мислења има. Божее.Немам намера да се мажам за некој што толку е затрескан/навлезен во Библијата, мене тоа не ми е нормално , па за да ми вика во Библијата вака пишува дека треба да се однесува жената , мажот вака, абе луѓе живејте го животот еден е , не навлегувајте толку во детали некој нешто кажал , рекол жената нема душа , maybe i'm a vampire , who knows? Циркуси :D
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    E така,кога бараш мислење од мене ќе ме прозвеш(означиш,цитираш) и тогаш ќе ти одговорам што сакаш(и знаеш,без да бидам во постот со ДРУГИ).

    Универзумот е изграден на ред и поредок.На закони и хиерархија.Бог е машко,и затоа прво го создал машкото:
    И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; (1. Мојсеј 1:26-27)
    Друго,не заспал он туку Бог го успал и тоа прилично јако зошто од неговото ребро ја создал жената:
    21. Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот.(1.Moјсеева 2:21).
    И не е наше да коментираме како требало да биде..
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Баш напротив, наше е да коментираме, наше е да ја користиме нашата свест која ни ја подарил дедо Боже:)
     
  5. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Но тоа не значи дека јас треба да ти кажувам кај тебе дома што и како треба да биде :)
    Јуз јор лоџик :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.768
    Го видов денес на Кумановкси работи:
    Што е?
    - Мушко.
    Да е жив и здрав јунак голем да биде.

    Што е?
    - Женско.
    Не е битно што е, битно е е да е живо и здраво.
     
    На Bender Rodriguez, Love...music, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Бог не е ниту машко, ниту женско, ниту се размножува, ниту сексуално општи. Бог е дух, а духот нема пол.

    Знаеш како продолжува стихот од 1 Мојсеева што си го цитирал? „...машко и женско ги создаде“. Еве ти го стихот во целост:

    "И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде." (1 Мојсеева 1:27, Библијата)

    Можеби тоа „човек“ ти звучи како да се однесува само на маж, ама и жената е човек. Ние не викаме за машкото човек, а за женското човечица :)
     
    На LUCI 99, Херкул, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Нема жената душа, шо ви е. :^)


    (facepalm) (facepalm) (facepalm)
     
    На Bender Rodriguez, Someonespecial, Love...music и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Има бе,не една,поќе бе.
    Прво нејзината душа и откако “ќе му ја извади душата„ *изразот ви е добро познат* на мажот/саканиот/и така натаму и така наваму де... ја има и неговата..де
    :muscle:
     
    На baba Rada, Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Машки
    Незнам дали вие женските имате душа, ама знам дека знаете да ни ја вадите душата на нас машките :D.
     
  11. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    И обратно
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Хахахахахаххахахахахахахахаха :D :D :D :D :D :D :D :D :D :D :D...................

    Да си ми жив и здрав! Ми требаше да ме насмее некој.. :D
    Кога планираш да фатиш еднаш во твојов живот Библија во раце и да читнеш нешто? Зашто толку слепо им веруваш на тие таму,што решиле да прават ''црква'' и се Еретици? Како не гледаш дека те манипулираат.. :)

    Бог е машко.Во цитатот во првата глава Мојсеева,пред тоа што ми го цитираше вели ,, Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашиот образ'' (1.Moјсеева 1.27).
    Зошто Бог се изразува во множина? Вели Нашиот а не Мојот образ? Затоа што алудира на Света Троица(Отецот,Синот и Светиот Дух).

    Господ Исус Христос што е? Машко? Машко е.
    Од Неговите цитати(на Христос) знаеме дека Синот(Господ Исус Христос) во Библијата вели:
    Јас и Отецот едно сме.” (Joван 10:3).

    Гледаш дека вели Отецот(Небесниот Отец-Татко) а не вели јас и Мајка ми.. или ,,Јас и Таа Сила едно сме'' па сега да мислиме што е Бог,дали има род или не..
    Татко(Отец) е именка од машки род ако не знаеш :)

    Друго,човекот(машкото,Адам) бил создаден пред жената,Од неговото ребро,на Адам, после била создадена жената.А таму во твојот цитат вели ,,според образот Божји го создаде'',што значи,Бог како пример(узрок,скица) за создавањето на машкото се зел Семиот Себе.И ако се зел Самиот Себе за пример кога го создавал човекот(машкото) тогаш значи дека Бог е машко...
    Ти објаснив и погоре подетално.
    Lesson finished,class is dismissed :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Да де, и во продолжение вели:

    "И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде." (1 Мојсеева 1:27, Библијата)

    Овој стих не вели: Го создаде Бог мажот според образот Свој, ниту пак жената според образот Свој, туку и двајцата според ОБРАЗОТ Свој. Зборот "образ" што се користи погоре во хебрејскиот јазик означува "образец, лик, подобие". Тука воопшто не станува збор за полова сличност, ниту сексуална сличност меѓу Бог и човекот. Она што ги прави луѓето слични на Бог е тоа што тие имаат свест, слободна воља, емоции, висока креативност, интелигенција неспоредлива со животните, способност да завладеат со Земјата. Бог е дух и тој нема пар X-Y хромозоми за да биде машко, ниту пак има пар X-X хромозоми за да биде женско :)
     
    На Lella, LUCI 99, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  14. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Сега одма тоа.. Еретичкото,знаев..:)
    Кој бил прво создаден,машкото или женското? Машкото било.
    Според што го создал Бог човекот(машкото)? Според својот образ,лик што рече ти.
    Зошто Исус секогаш велел ,,Татко ми,Таткото,Небесниот Отец" ако Тој не е машко? Затоа што е машко,и Татко е именка од машко род.Не е ни среден ни женски род.

    Е сеа со ова хромозониве... ова ти е ептен глупа логика што дури и ти веројатно си свесен за тоа.Глупост е затоа што Бог ги создал хромозомите,крвта,клетките додатно.. а не дека и Он ги има.
    Бог не е потполно и комплетно ист на човекот.Затоа што..
    ,,Бог е Дух"(Јован 4:24).
    Немој мене тие финти.. со хромозоми,цвени крвни зрнца.. со канцери.. :) Забораваш дека Библијата ја читам од дете.
    Јас никаде не реков дека човекот и Бог се целосно и во се исти.Тоа е Ерес.
     
    Последна измена: 16 септември 2016
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И што има врска ако прво го создал мажот? Тука воопшто нема логичка импликација дека заради тоа што Бог прво го создал машкото, Бог е машко.
    А жената според чиј образец ја направил? Според образецот на некој женски ангел? Ангелина? :) Ама Исус рекол дека ангелите се бесполови созданија, ниту се мажат, ниту се женат (Исус, ев. Матеј 22, 29-30).

    А зошто се вели дека Исус е единороден од Отецот? (ев. Јован 1:12, Библијата) Зарем машко може да раѓа? :) Од тука следи дека ниту „единороден“ значи дека Исус бил буквално роден како што жена раѓа, ниту пак дека титулата „Небесен Татко“ значи дека Бог е од машки пол.
     
    На LUCI 99 и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Случајно,од досада му текнало да го создаде прво машкото по Својот Образ така?
    Да се,и каква врска имаат ангелите со луѓето? Каква врска имаат медузите со мравојадот? Таква иста врска имаат и луѓето и ангелите :)
    Жената ја создал според општа замисла,од реброто на Адам но по општа замисла.
    Не си свесен кој Ерес го вршиш,после Бог казнува...
    Единороден,значи Син-Единец.И тоа не се мисли на раѓање како што вашите еретички пастори тоа го замислуваат.Човечки..

    ,,во последниве дни ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сe, преку Кого ги создаде и вековите
    и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото суштество,(Евреите 1:2-3)
    и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар (1.Колосјаните 1-15)

    Пророкот Езекиел,во една прилика го видел Бог и рекол:
    Над сводот над главите, пак, имаше нешто слично на престол, како да беше од каменот сапфир; а на престолот – одозгора нешто слично на човек (Езекиел 1:26 ) а пред тоа рековме:
    „Да создадеме човек според Нашиот образ'' (1.Moјсеева 1.27).

    Во Откровението се вели:
    ,,главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен;
    Во Својата десна рака Он држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Негово светеше како што сонцето сјае во својата сила.(Откровение 1:14-16)

    Значи Бог е ист на Христос во СЕ.А Хростос е машко.Како што гледаш од цитатите.

    Запамти Евангелос,секогаш ќе те побивам за се во Христијанството и за Библијата.Затоа што Православието е вистинско а Библијата единствена :) А сега назад у основно да ти објасни наставничката по Македонски јазик за кој род се однесува ,,Татко",,,Отец",,,Негово",,Му" :)
    За детални информации,обрати ми се во порака за да не идеме офтопик веќе :)
     
    Последна измена: 16 септември 2016
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Како што мажите имат душа така и жените нема тука што да се коментира многу е јасно.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Има душа жената. Исто како и мажот. И душата треба да ја спасуваме :sun:
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ајдеее, покрај тоа што Бог е машко, сега испадна дека Бог има очи, уста, лице :) Според тебе Бог е како човек, а можеби и личи на каубоец бидејќи еве во друг цитат се вели дека Бог јава на облаци
    „Ете, Господ јава на брз облак, доаѓа во Египет“ (Исаија 19:1, Библијата)

    Шала на страна, си слушнал за стилските фигури персонификација, метафора?

    Исус рекол дека Бог е дух (ев. Јован 4:24, Библијата), а духот нема тело и коски како што ни кажа и самиот Исус:
    „Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам.”“ (Исус, ев. Лука 24:39, Библијата)

    Оттука јасно следи дека Бог нема коски, месо, лице, очи, раце, нозе, X или Y хромозом. А нашата сличност со Бог (која ги вклучува и жените) не се однесува на телесни или полови карактеристики, туку на многу посуштински карактеристики. Доказ за тоа е шимпанзото кое според својата морфолошка и генетска структура е многу слично на човекот, а сепак не е слично на Бог.

    А инаку за Бог не е проблем да се објави и преку грмушка како што му се објавил на Мојсеј, а сепак тоа не значи дека Бог е грмушка. Исто така Светиот Дух при крштевањето на Исус се објавил преку гулаб, ама тоа не значи дека тој е гулаб, туку е Дух, а нели духот нема ни коски ни месо.
     
  20. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    ,,Фалбаџиите не можат да стојат пред Tвоите очи''.(Псалм 5:5)
    ,,О, Господи, Твоите очи не ли се свртени кон вистината?''(Еремија 5:3)
    ,,Зашто, она што меѓу луѓето е возвишено, во Божји очи е одвратно''.(Лука 16:15)
    ,,бидејќи очите на Господа се обрнати кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние, кои прават зло, за да ги истреби од земјата''.(1.Петар 3:12)
    ,,Неговите очи набљудуваат, неговиот поглед ги испитува синовите човечки''(Псалм 11:4)
    ,,Очите на Бог се на секое место и ги набљудуваат и злите и добрите''.(Изреки 15:3)
    ,,Зашто, моите очи се на сите нивни патишта. Ниту тие се скриени од мене, ниту нивниот престап е засолнет од моите очи''(Еремија 16:17)
    ,,но во Божји очи да живеат по духот''.(1Петар 4:6)
    ,,Зашто, Бог дава мудрост, од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста''.(Изреки 2:6)
    ,,И ќе те наречат со ново име, кое ќе го одреди устата на Бог''.(Исаија 62:2)
    ,,но човекот живее и од секој збор што излегува од устата на Господа''.(5.Moјсеева 8:3)
    ,,Зашто, Бог дава мудрост, од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста''.(Изреки 2:6)
    ,,устата на Господа го изрече тоа''.(Исаија 58:14)
    ,,Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја''.(Oткровение 3:16)
    ,, И потоа рече: “Но лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.”(2.Мојсеева 33:20)
    ,,за да дојдат времиња за освежување од лицето Господово''.(Дела Апoстолски 3:20)
    ,,за да се јави сега пред лицето на бога за нас''.(Евреите 9:24)
    ,,а лицето Господово е против оние, кои прават зло, за да ги истреби од земјата''.(1.Петар 3:12)

    Знаеш Евангелос,не ми тешко тебе да те побивам,туку губам време со тебе,дур ги најдам сите овие цитати во Библијата... :)
    И што викаш,Бог нема очи,уста и лице? Не го создал човекот според Својот Лик? Човекот нема очи,уста,лице? Страшно е да си во секта.. :)
    Бог е Дух но со според Библијата,како што гледаш,со човечки облик(бидејќи сме создадени според Неговиот лик).А цитатот од Лука 24:39 нема апсолутно врска со ова затоа што јас никаде не реков дека Бог има месо и коски.Што се однесува до грмушката,не сум се јавил како грумушка туку како оган! ,,И виде тој, а тоа капината гори со оган, а не изгорува.
    А кога виде Господ дека тој доаѓа да види, извика Господ од капината"(Исход 3:2-4)
    Затоа што: ,,Бог, е оган, што гори, Бог ревнител''(5.Mојсеева 4:24).

    Како и секогаш....... паднаа секташките манипулации.. Cheers! :)

    И толку офтопици! Ако те интересира нешто,имаш порака!
     
    Последна измена: 17 септември 2016
    На Rama и korisnichka им се допаѓа ова.