Прво велиш: А потоа велиш: Епа ајде објасни сега каква се тие Божји очи, уста, лице? Каква боја се очите Господови? Какво му е лицето? Дали и Бог има 32 заби во устата затоа што нели и ние имаме 32 заби?
Се плашиш и да ме цитираш Намали ти брат со секташтвото,гледаш дека врска немаш што збориш.. Ако не сум во право,повели дај ми докази,ако не.. легни спиј,многу ти се фати за денеска Поздрав,до наредно бришење на подот.
@LUCI 99 Во Библијата јасно е дадено дека Бог е дух и дека тој го создал човекот по својот лик. Е ондах, размисли што ова значи. Ние зошто изгледаме вака како што изгледаме? Тоа дека Бог е љубов е башка.
Ти дадов многу докази, кои очигледно те вознемирија и затоа во секој пост користиш цинизам и сарказам, потсмевање. Извини ако Библијата те вознемирува, но тоа е природно својство на Библијата. „Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето,“ (Евреите 4:12, Библијата)
Јас не сум секташ па да ме вознемирува,напротив,ми делува одлично Тоа може само оние кои се отпаднати од Бог,кај нив да предизвикува нервоза и фрустрација Да ме вознемируваше немаше да ја читам секој ден,со години.A да легнеш да спиеш што викаш? Фати за мене на крај да оправаш.. Не за друго.. дур не си треснал некоја глупост..
Стварно си досаден со тоа секташ па секташ ,еве и ти неси нешто сјаен па не те навреди никој за твојата вера ,верувајси во тоа што сакаш никој не те тера со сила да веруваш во нешто друго тоа можи само бог да те натера.
Божјите очи, Божјата уста, Божјото лице, Божјите уши, Божјата рака... овде не станува збор за буквални очи (плави, црни, закосени), уста (со усни, со заби, јазик во неа), лице, рака (со 5 прсти) итн. Ако го насликате Бог според метафорите што се дадени за Него, прво Тој ќе изгледа смешно (на пример кај што вели дека јава на облаци ), а второ со тоа ја прекршувате Божјата заповед да не правите слика од Бог (макар и ментална во вашите глави)