Има ли надеж? [Benim hala umudum var]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MayDiamonds, 11 февруари 2015.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.676
    [​IMG]

    На Канал 5 телевизија секој работен ден во 18:55 започна да се прикажува новата турска новела
    "Има ли надеж?". Оригиналното име и е Benim Hala Umudum Var што во превод би значело „Сеуште имам надеж“
    Серијата започна да се снима 2013 и 2014 година а главната улога ја толкува Gizem Karaca, која веќе ја знаеме од серијата „Опасна убавина“.
    Во главната машка улога игрa Sukru Ozyildiz подоцна познат по улогата како Емир во Seref Meselesi,
    и Berk Oktay.

    Умут е млада, убава, невина и наивна девојка која живее живот на една модерна Пепелашка. Работи во фризерски салон, а живее со својата мајка Зелиха, својот очув, трите деца на очувот и малиот полубрат. Ќерките на очувот, Јелда и Селда се љубоморни на неа, ја омаловажуваат и ја понижуваат, а Умут и нејзината мајка се единствените кои се грижат за чистење на куќата, пеглање, перење и готвење. Истовремено, девојката е постојано малтретирана и од очувот Зафир и неговиот син Муса. Сите пари што ќе ги заработи, таа мора да му ги дава на Зафир за тој да купува алкохол, а пак Муса е еден конзеративен дечко кој не сака неговите сестри да имаат момчиња. Но и покрај сите малтретирања, таа не ја губи надежта дека еден ден ќе биде подобро.
    Животот на Умут се менува кога еден ден случајно го запознава Озан, убав, богат и згоден плејбој. Двајцата се вљубуваат еден во друг на прв поглед, но Озан е приморан да го крие вистинскиот идентитет. Впрочем, Умут припаѓа на сиромашната класа и има предрасуди кон богатите луѓе, па затоа и Озан ја лаже дека е сиромашен. Тој дури почнува да работи во фризерскиот салон, па така двајцата тајно ја одржуваат својата романса. Умут не смее да каже никому дека има момче затоа што очувот и полубратот се конзервативни кон такви работи, а пак Озан исто така крие од своето семејство затоа што тие не би подржале сиромашна снаа во нивното семејство.

    Улоги: Gizem Karaca (Умут), Şükrü Özyıldız (Озан), Berk Oktay (Хакан), Pınar Göktaş (Мелис), Savaş Alp Başar (Рузгар), Laçin Ceylan (Асуде)
     
    На DesertGirl, DulceChiquita и La Gatita :) им се допаѓа ова.
  2. BaramOdgovor

    BaramOdgovor Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Играше ли репризата од петокот ? Оти знам дека од понеделник до четврток игра после вестите во 23:30h а во петокот после вестите имаше емисија со Миленко после до ниедно време песни даваа. 2 дена само на канал 5 ми е пуштено од сите серии ги дадоа репризите само од оваа не.
     
  3. Kiki-Viki

    Kiki-Viki Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Женски
    Бидејки со канал 5 никогаш не се знае кога се репризите, јас би ти препорачала во иднина ако ти се случи да испуштиш некоја епизода, да си отвориш на soprevod.com наредниот ден и да си ја изгледаш :P а инаку репризите обично ги даваат околу 12:15 наредниот ден.
     
    На DesertGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Женски
    Што ми направија овие турскиве серии :D:worried:
    И оваа почнав да ја гледам,ама кога ќе ја фатам.
    Не дека има некоја интересна содржина,јас повеќе ја гледам заради типците,Озан и Хакан :D:inlove:
     
    На DesertGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Турска серија ко турска серија, сите се патетични според мене, ама ваков тип до сега не сум видела.
    СЕ СМЕЕ СО ОЧИТЕ.
    Не е само лепотан туку е прешармантен, мислам од екран ќе ми излезе и ќе ме гушне....(се надевам пуста јас:()
    Личи на италијанец, ептен е бомба.
    Мене ми го привлече вниманието, а јас не гледам турски серии.
    Мислам, ај...........како да ти привилече внимание.....
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ми личи на фудбалерот Кака, само помлад и уште уште поубав и позгоден.
    Гледав видеа на јутуб, збор турски не разбирам, ама ми пренесува таква емоција и без збор да го разберам се соживеав со него дури.
    Роден да биде на ТВ.
    Инаку приказната е нешто како модерна пепелашка, само наместо маќеата ја мачи очувот, па посестрите и побратот, па свекрвата и свекорот и така натака. Кој ќе стигне...
    Ништо посебно не е содржината искрено, како и скоро секоја турска серија за мене.
    Само оваа има среќен крај, ако ништо друго барем тоа убаво ќе заврши, ако добро сум сфатила.
    Дечково е за во холивуд само.
     
    Последна измена: 18 февруари 2015
    На Dream-Girl, galapce, vickyy90 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Не гледам турски серии. Освен таа со Шехерезад и Онур не сум изгледала ни една. Од време на време знам да се загледам во некоја ама после 10 епизода се повлекувам:lol:. Така беше со Сила. Се загледав (заради Боран ага(y)) ама ја отупија а престанав да се занимавам со серијата.
    Еве и оваа ја загледав. Интересна ми е. До кога, ќе видиме:D
    Убав е типацов. Чиста 5 за него(lalala) Ич не мора да биде убава содржината кога има убави актери(poolparty)
    А прво морав да видам дали ќе има среќен крај па да ја загледам. Ако знам дека некој од главнитее ликови умира, ич не вреди да следам. Доволен ми беше Титаник. Од дете си носам трауми за смртта на Џек:D
    Туку, само мене ли не ми е убава оваа Гизем (Умут)?
    Сите реагираат како божица да е а мене па ич не ми се допаѓа.
    Гледам и мис на Турција била во 2011.
    Има убави турчинки па не знам кај се запнале за оваа.:x
    Можеби па само моите очи ја гледаат така8-|

    Морав да редактирам за да додадам дека на еден турки сајт пишуваше дека, Озан, бил многу арогантен и циничен. Воопшто не бил пријатен за разговор. Барем толку разбрав:drunk:
     
    Последна измена: 20 февруари 2015
  7. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.053
    Пол:
    Женски
    Имам гледано некоја епизода, како ќе ја зачекам. Не ми е нешто wow, да ми го привлече вниманието. Освен секако убавината на главниот актер. Уфф има некој шарм човекот, некоја милина во очите. :lol:
    бтв: и другиот со кратката коса, не е за фрлање..хехехехе:D
     
    На DesertGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Знае ли некој како ке заврши филмов?
     
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Убаво ;). Јас под убаво подразбирам "И така долго и среќно си живееја". Некој ќе умре па Умут и Озан ќе го земат бебчето ама не сакам да видам кој:D
     
  10. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Озан ќе има дете со некоја друга девојка, таа на пораѓајот ќе умри и детето го зема Умут и така ззавршува.
     
  11. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Значи и не е баш среќно :))
     
  12. auroraa

    auroraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    838
    А Умут и Озан ќе бидат заедно на крајот? Детето Озан ќе го направи од како се вери со Умут? :o
     
  13. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    http://vbox7.com/collection:2031761
    Овде ги има сите епизоди со бугарска синхронизација.
    Не ми го задржа вниманието оваа серија, а и крајот не ми се допаѓа.
     
  14. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Муса, тој што и глуми некаков (никаков) брат ја прободе со нож Умут затоа што излегува со Озан. Од раната ,лекарот и кажа дека никогаш нема да има деца во животот. И покрај се Озан прифати да се вери со незе. Бидеќи алчниот очув им здосади на родителите на Озан, решија да го попречат Озан во тоа но тој не ги послуша. После веридбата ке има многу пречки од своите родители, посебно од татко му кој ке му намести една девојка која, на почетокот ке треба да му биде соработник во службата која ке допринесе да се разделат со Умут и ке остане бремена од него. Не сум видела како, ама најеројатно со некоја дубара или во пијанство. За нивната разделба ке придонесе и неговиот другар Хакан кој, како што гледам дури ке дојде до степен да се венча и да прави свадба со Умут, ама како што ѕирнав, Озан е многу разочаран на денот на свадбата и им се појавува во хотелот минутка пред да се венчаат да им честита а потоа жални ги гледа низ прозор како седнуваат пред матичар и си заминува. Умут нема да се венча и ке побегне од свадбата со венчаницата право кај Озан и ке се смират. На крајот, женската се пораѓа и умира на пораѓај а во ходникот се Озан и Умут. Сестрата го носи бебето и кажува дека мајката умрела а Озан се плаши да го земе и сестрата и го дава на Умут и така завршува. Демек тие двајцата се заедно и сега имаат и бебе кое никогаш немаше да го имаат.
    Инаку Умут е глумицата која ја играше Муазес во една турска серија “Опасна убавина“ која турците ја прекинаа на пола како Ајшен ама пак овие од канал 5 не ја дадоа ни таа половина што турците ја снимаа туку ја прекинаа порано. [​IMG]
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.676
    „Опасна убавина“ беше доснимена, во Турција ја прикажаа последната 22 епизода, изгледа не го постигна очекуваниот рејтинг кај продукцијата па решија порано да ја завршат.
    Инаку глумицата ми е една од поомилените, а прочитав дека сега е баш популарен новиот филм во кој глуми се вика Seni seviyorum adamim, се надевам наскоро ќе излезе со превод. :)
     
    На DesertGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Има ли превод филмов? и јас сакам да го гледам
     
  17. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.676
    Сеуште не за жал, го има со руско аудио но со титлови не :(
     
  18. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    70
    Да не е почната втора сезона од серијава? Пред некој ден случајно на ТВ здогледав. Ако е така, кога игра и во колку часот а уште подобро доколку некој остави линк па онлајн да си ја изгледам со превод секако :D