1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има ли потреба од логопед?

Дискусија во 'Дете' започната од Gea, 14 август 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Малечката веќе има полни 4 години и 3 месеци, а првпат почна да зборува на 13 месеци и тоа склопуваше цели реченици без проблем.И ден денеска е голема дрдорка, меѓутоа кога треба да се изговори гласот Р, ние имаме проблем.Сум пробала низ игра,брзозборки и на уште многу други начини, да ја научам да ја изговори буквата. Таа се труди,кажува нешто што приближно личи на Р,ама не е тоа тоа.Во семејството и од двете страни никој нема проблем со изговарање на одредени гласови, а најмногу ми паѓа тешко кога ќе видам дека деца помали од неа, го кажуваат Р без проблем.
    Не знам, дали уште да чекам или да ја водам на логопед?
    А ако некој има слично искуство, ве молам да го сподели.
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Jaс од мала не сум можела да ја изговорам Р убаво. Никогаш не сум била на логопед и никогаш не сум научила убаво да ја изговарам.
    Мој совет е да ја носеш на логопед да нема проблеми понатаму.
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Геа братучед ми сега ќе биде прво одделение и сеуште не зборува чисто. Го водеа неколку часови и научи да ја кажува буквата р и почисто да зборува ама од навика си тера по старо. Кога ќе го замолат си зборува убаво. Додека е помалечка подобро да се спречи отколку да се чека :) .
     
  4. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Брат ми како помалав не можеше добро да ја изговори р па еве сега на 8 години супер ја изговара, сега потешко му оди со ш, звучи нешто како с но го поправаме и ако не може добро да изговори го дели зборот на слогови и така полесно го добива правилниот изговор, мислам дека сеуште е мала за логопед, дека би можела да го подобри изговорот но ако сакаш можеш да ја однесеш.
     
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Gea, и јас имав проблем со буквата р да ја кажувам. Кога бев забавиште ( на околу 5 и пол години ) одев на логопед за подобро да ја изговарам , но некако се чувствувам како французинка малку кога ќе ја изговарам во склоп со повеќе согласки . Инаку навистина има подобрување доста, катастрофа инаку беше. Според мене ако имате можности зошто да не, е сега за возраста на ќеркичката некако, многу малечко е срценцето. И за мене сакаа побрзо , ама сум се бунтувала и одбивала . Не знам дали ќе сака таа, а и можеби не е лошо да наполни уште една година :)
     
  6. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Ни јас неможев да ја кажувам Р и ме носеа на логопед но не ми помогна. Со тек на време само ми дојде и зборејќи татко ми примети дека убаво ја изговорив. Пред тоа бев и на забар и ми го сецнаа малце тоа под јазикот, незнам како да објаснам...Кога ке го кренеш јазикот кон горните заби, под него има како жила,епа тоа ми го сецнаа демек ке сум можела убаво да го изговорам , но ништо. Само по себе ми дојде, после толку мачење и идење по лекари.
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Баш поради тоа и јас се мислам,зашто ја гледам дома,откако ќе ја измалтретирам со еден куп зборови и реченици, губи нерви и воопшто не сака да соработува,почнува да ме бојкотира.Некогаш дури почне и да плаче,зашто јас упорно настојувам.Можеби треба да олабавам малку...и да почекам...ептен сум во дилема.
     
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сепак, малечка е. Ако не соработува, малку олабави ја. Од лично искуство можам да кажам дека колку што повеќе растев подобро ја изговарав. И јас имав проблеми со р во предшколска возраст, но знам дека баш и многу не вежбав дома на нејзини годинки со брзозборки, игри, тоа не . Скрос ме имаа олабавено. Кога отидов забавиште, татко ми ми рече ајде сега ќе одите со брат ти ( близначка сум, ама брат ми немаше никакви проблеми со буквите уште како мал :) , но да не сум сама јас и него го пуштија на логопед) да си играте, ќе има многу деца, ова она. Па , во предшколска возраст ( околу 5 годинки) татко ми не носеше во училиште да видиме каде е и да стекнеме љубов кон него и ни велеше дека таму ќе играме, ќе се дружиме со нови другарчиња.... Е потоа имаше некој од класот во забавиште кои одеа на логопед , па божем со нив да сме играле повеќе ни велеше. Потоа сама сакав да одам, кај нас влегувавме двајца -тројца, па нешто изговаравме со логопедот, другите нешто цртаа додека тој работеше со едно дете околу изговорот. Како низ сон ми е. Потоа сакав сама да одам без никакви притисоци. Некако олабави го детенцето, а потоа на некој начин да ја убедиш, инаку јас си мислев којзнае таму што ќе правам сама ( ова за предшколска возраст) . Кога отисов забавиште и со другари на логопед баш ми беше интересно, со желба одев таму. Мала е , не се грижете толку , подобро почекјте малку, да заборави девојчето, олабавете и потоа можеби ќе засака :)
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Епа да знаев, порано ќе го пишев проблемот со Р!!!
    Денеска Еурека!!!
    Без да свртам внимание,ќерка ми изговори збор кој содржи буква Р и нешто ми ги распара ушите.Просто не ми се веруваше,тоа беше убаво изговорено Р.
    Пробавме уште неколку пати, од 5 обиди, 2 беа успешни, битно почнавме!!![​IMG]
    А вчера колку кукав :geek:
     
    На Gargamel, danniela5, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Мислам дека нема место за загриженост девојчето е сеуште мало .Мојата керка буквата р почна убаво да ја изговара на 4 одини и 8 месеци некако неприметно од ј стана р .Сега ке полни 5 години и има уште малку проблеми со л некогаш ја изговара правилно некогаш не но се надевам дека ке биде во ред. Некаде прочитав дека до 5 години треба да знае да ги изговори сите букви .Без грижи се ке биде во ред ке почне да ја изговара и р малку по малку
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  11. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Јас кога бев мала неможев да кажам л (ја изговарав w, aко ме разбирате). Тоа траеше некаде до 4-5 години кога имав и потоа се научив. Еден комшија пак, сега ќе биде 5то одделение, а пред 2-3 години воопшто не го разбирав што зборува, толку беше лошо. И тој е секоа океј. Тоа не е ништо страшно, повеќето мали деца имаат по некој мал проблем во зборувањето.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Gea, ме потсеќаш на мајка ми, ама во помлада верзија секако.
    И јас не можев убаво да ја изговарам Р, до речиси 5 години и некој месец +/-, меѓутоа мајка ми беше премногу упорна и секојдневно ме тормозеше со зборчиња богати со најомразната буква. :D
    Инаку, сосема спонтано ми успеа да ја кажам буквата, и тоа со некои неврзани зборови - рарурира (сама си правев такви варијации и комбинации од буквиве) и најинтересна беше мојата реакција
    - МАМО КАЖАВ ''Р'' ! ^_^ ^_^ ^_^

    Се сеќавам како да беше вчера. :lol:
     
    На Hipster и Gea им се допаѓа ова.
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Можам да замислам само колку била среќна мајка ти во тој момент.Исто како јас денес
    [​IMG]
    Абе мислам,да имаше табла за јајца, цела табла јајца ќе снесев од радост.
    [​IMG]
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Брат ми како мал исто не можеше да рече р одеше на логопед .... некои зборчиња на пр. риба ги изговараше како либа, но го ставаше прстот под гркланот и со тоа автоматски јазикот му се поркреваше по неколку обиди успеа да рече риба и чисто се слушаше р :)
     
  15. 135-5

    135-5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Mоето дете не зборуваше до пред 4 месеци а сега има 3 и пол години,ги зборуваше само мама, тато, деде, баба, на, дај и уште неколку зборчиња лесни друго ништо.значи јас бев толку разочарана сто секој ден ме болеше главата.кога појдовме на 3 години на контрола докторката рече дека за негова воздрас треба повеке да збора но не ни рече да одиме на логопед.јас бев толку упорна што го однесов детето секаде буквално во сите училишта каде се со оштетен слух и говор мислевме дека несто не е во ред но излезе све во ред си најдов добар логопед и детето почна све да збора за 2 месеци носење таму а ги збора и ѕбаво и теските букви.на логопед ми велеа дека е мало и дека нема потреба да се носи но јас бев упорна и ги молев да го земат и сега детето ми е супер и сум многу задоволна.во зештиниве имасе пауза па сега во градинка е во големата група па логопедот оди кај нив вградинка и работи групно.па мој совет е и да има најмал проблем детето убаво е да посетува логопед тоа е за негово добро таму уци многу работи што дома немозиме да му ги пружиме.а ке заборавев кога поцнав да го носам детето не му обрнувасе никакво внимание на логопедот таа бесе упорна и само зборасе.му велев па зошто вака малиот не реагира а таа рече мозеби нема сега да ми обрнува внимание но кога ке излезите надвор све ке кази со слуснал и вистина така се случи.после 3 посета така и бесе само што ја затворивме вратата од училницата ми ги кажа сите зборови со ги учеле а сега сврзува и реченици.тоа не е стамота дете да се носи на логопед само е помош за во зивотот на детето да не се чувствува како помалце способно од другите.
     
  16. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Геа, јас кога бев мала неможев да кажам Р али со тек на времето си научив, во 2ро мислам дека научив :D иначе супер што почнала ќерка ти да ја кажува само не ја преоптеретувај премногу ипак мала е :)
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Однеси ја на логопед, колку порано, толку подобро.
    Мене во 8мо ми текна дека сакам да одам на логопед пошо многу ме заебаваа во школото. Сега само можам да ја кажам р, ама во зборови пак неможам да ја кажам. Ако се извежбам, ќе биде, ама веќе не ми е важно.
    Може само во основно да и биде тешко и да се нервира ако се шегуват на нејзина сметка, а натаму нема ич да и биде важно. Не е тој некој проблем. На мене ми кажаа па дека слатко звучам.
    И молам те, не ја многу терај. Може тоа да влијае на неа и да има трема и страв да не погреши. Однеси ја на логопед, тие знаат поубаво. Поздрав :*
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.400
    Малиот мој има 4 години и 8 месеци, а оди на логопед веќе година и три месеци.
    Не можеше да каже многу гласови: ч, џ, ш, ж, ѕ, с, ц, з, л, љ, р, и не знам веќе ни јас уште кои не. Почнав да го носам, иако ми рекоа дека е рано, се толерира до 4, ама сакав да ги тргнав грижите од глава.

    Му оди многу споро - има подобрување, и сега може да каже речиси се освен р, иако уште неколку други гласови не му се исчистени до крај. Проблемот е што навикнат е наместо ш, ж и ч да кажува с, з и ц. Гласовите може да ги каже, ама нема навика, треба 5 пати да го потсетиш да ти каже нешто како што треба, и пак после си тера по негово. И ова трае веќе со месеци, нема никакво подобрување.

    На почетокот не бев којзнае колку загрижена сметајќи дека се уште е мал, особено што доцна почна да зборува, ама сега веќе сум прилично загрижена. За една година и немаше којзнае каков напредок, а следната година веќе треба да оди во училиште!

    Во квалитетот на логопедот не се сомневам, и знам дека на секое дете му треба различно време да совлада нешто, ама не знам како да престанам да се грижам, и дали треба да преземам нешто друго.
     
  19. mama27

    mama27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    175
    Малиот мој исто не ги изговара овие букви ,а само што наполна 4 годинки и ние почнавме да одиме на логопед,ама имаме слаба соработка ,па сакав да те прашам колку време се задржувате на вежбите и колку пати неделно одите,фала од напред поздрав
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.400
    ^ Одиме два пати неделно - тоа беше по проценка на логопедот. Има деца со кои работи и повеќе. Откако увиде подобрување ми рече дека сега може и поретко, еднаш на две недели, само ако сака дома да соработува, ама јас инсистирав да продолжиме два пати неделно.

    Третманот трае еден час, со тоа што ефективно се очекува да работи 30-тина минути, иако се случува и по 40, особено во последно време. Знам дека има многу логопеди кои работат по 30 мин, а тоа мислам дека е премалку, бидејќи не може да се очекува дека детето ќе биде сконцентрирано од моментот кога ќе влезе, до моментот когс ќе си оди.