Здраво, дали некој знае логопед кој доаѓа дома? Важно ми е бидејќи имаме само еден логопед во населбата и не може да ни најде термин. За во Скопје станува збор.
И јас за р дојдов да прашам, кога треба да почнам да реагирам? Син ми не го изговара, туку го меша со л, крава- клава на пример.
Бевме завршивме, премногу задоволна во експресно време совладани 5 букви за 2 месеци. Меѓутоа, Ангела е дефектолог, нас ни требаше логопед па работевме со Сара....Топло ја препорачувам. @Emotional123 @Vanilla15 по обаве и разговори со неколку логопеди, со полни 4 потребно е сите букви да се изговараат.
Гласот Р е последен што треба да го совладаат. Ќерката имаше проблем и во консултации со логопеди ни рекоа до 5г најкасно може да се чека, некои и до 6г викаа. Ќерка ми одеше на логопед само што наполни 6 но немаше напредок. Поради болести направивме подолга пауза и на 6 ипол сама успеа да научи. Така да за помали дечиња не е страшно. Секако ако се работи само за Р. Други гласови порано треба да се совладаат.
Моите и двајцата касно ја фатија Р, големото кога тргна во прво одд, некој месец пред да направи 6 год, а со малото си имав проблем со 10 букви, па 6.5 го пратив на логопед за 2 месеца одење по три пати неделно се среди
Кога беше помала мене ми викаа да не ја форсираме и да ја оставиме. Зошто имало улога и дали ја прескокнува како буква во зборот или ја менува со друга буква, па со која буква и слични работи. И друго што ми напоменаа дека може и погрешно да ја насочиме па да добиеме Р од грло што после потешко се корегирало. Ова ти споделувам совети што сум добила јас. Мислам дека твоето е помало детенце така да јас не би форсирала. Ако оди во градинка прашај таму дали има логопед (во некои има) па може да се советуваш со него. Но за мало дете не би форсирала друго. Нас ради короната и бебе 2 не фати да направи 6г па да почнеме да одиме на логопед но секако и за тоа бевме во консултација со логопеди. Исто важно ми беше да биде пред да појде во школо. Нејзе ја фати со 6 и пол да појде прваче.
Мене искрено не ми успеваше ништо дома што и да правевме со сопругот, и на нет гледавме видеа се беше џабе,додека не го однесовме
Мојава само што наполни 4 годинки. Инаку другите гласови се совладани поодамна и се зборува чисто освен Р, мислам уште пред да наполни 3 другото се си е ок, а Р некогаш ќе ја погоди некогаш не, затоа и прашав до кога се толерира Р да не се изговара правилно...
С кога ја изговараат во зборови? Вика такам место сакам, тики место слики или тцупа некако вика место супа. Како да ја вежбаме? За 2 недели 2 години е. За Р знам дека и е рано. Исто и Л не ја кажува.
Гласот Р се очекува до 5 и пол 6 години сама да се развие, доколку не, после 6та година може да се обратите кај логопед. Само немој да форсирате и дома да вежбате сами, гласот само по себе е тежок и голема улога игра моториката на јазикот. Во ред е таквиот говор за возраста, најбитно на овие години е богатење на вокабуларот и сврзување 2-3 збора. Гласот С до кај 2 и пол 3 години треба да се појави. Единственото нешто што можете да го правите дома е правилно да го моделирате говорот односно кога ви бара супа, возвратете и со тоа што малце повеќе ќе ја нагласите. пр. Ссакаш сссупа, ссега ќе ти дадам, се надевам ме разбирате
Здраво, ако може совет и препорака за логопед, и цени ако знаете. Детето има 3.5 год. оди во градинка, се разбира, комуницира, не престанува со зборење, пеење по дома. Проблемот е со изговарање на гласовите, може пола букви не ги изговара правилно. Јас скоро се го разбирам, ама мислам дека на оваа возраст веке треба разбирливо да збори. Благодарам
За каде прашуваш? Јас за Охрид можам да ти кажам цените дека се движат 700 денари од час. Во однос на гласовите до 4, 4 и пол се толерира неправилност на Ш, Ж, Ч, Џ а 5 и пол 6 за Л и Р
Zavisno privatno ili drzavno zavisi naselba na ziveenje.... Za drzavno postapka vi e vo centar za sluh, govor, glas so upat od maticen pa ke sledite ponatamoshni proceduri.. Iako e mal i da ima guzva drzavno imate vreme i da pocekate. Pruvatni ima mnogu. Ceni od 500-700