Загрижена сум ама баш дури оптеретена. Се работи за 20 месеци дете машко, не сака да зворува ниту мама не ме кажува, вака си разбира скоро се, но не покажува со прстето само си ммка. Побарав мислење од дефектолог и кажаа дека нема знаци на аутизам но има отсуство на внимание, има позитивни елементи но и на нив треба да се работи. Ме интересира некоја мајка дали имала слично оскуство да ми ја смири душата
Немојте да чекате однесете го и на второ мислење, ако сте во можност моја препорака др Демирџиева систина или др Јотовска во калинка
Да тоа секако, но ме интеесираше повеќе напредокот од третманите, мислам он си збори знае и да ме скара со прстот да ми запрети, но на негов јазик.
Да се си прави, ми враќа со насмевка кога ке го повикнам. Моторички е развоен како за негова впзраст, има недостиг на внимание т.с фокус. Се заигрува кажува по некој збор со значење како ам ам за јадење брм брм за колички и други ама не се разбира на негов јазик. Значи ми кажаа само недостиг на фокус
Кажува чао и дава бакнежи со мва мва, не е нестрплив сака да читаме гледа во сликовници си врти странички, си игра фудбал мислам се друго е во ред освен говор номи кажаа дека говорен апарат работи зошто си има авој јазик и кажуба по некој збор
Мобилен нема земено во раце, а ТВ веќе 3 месеци не палиме воопшто, има подобрување работиме со него повеќе ... ја сакам да идеме на третман но маж ми е малку скептик, мал бил се е во ред со детето ама ја сакам да му помогнеме во девелопментот.
За да подобрите развој на таа возраст можете да користите сензорни стимулации и развој на моторика. Почнете игри со редење и сортирање (која форма во кој отвор оди, дрвените играчки каде животни и форми се ставаат на соодветно место), крупни коцки (има за над година и пол). Исто така стимулирајте сензорен развој (нека брца во ориз, нека игра со тесто, нека врти и одвртува работи со рака, ека допира различни површини). За крупна моторика освен топка може и да играте игри со препреки и слично (пример на врата крупен селотејп лепете па да се протнувате низ отвори различни). Моториката и снезорниот развој се многу битни за развој на говор. За да поттикнете говор се што правите пред него вербализирајте. Кога ќе ви покаже нешто кажете му сакаш тоа да правиме и кажете му го глаголот/именката и слично. Кога дава бакнежи вербализирајте аха те разбрав даде бакнеж.
Zdravo se raoti za 4 god masko dete ,najnormalen razvoj ,rabira se ,zboruva ,igri se za negoa vozrast ,no ne gi izgvara cisto L I R ..looped ne sme posetvale do sega ...nekoja majka so slicno iskustvo ..dali samo od sebe ke se sredi ,dali e rano ...?
Рано е, Л и Р се формираат развојно до 5ипол години, доколку до таа возраст ги нема гласовите тогаш можете да посетите логопед.
Брат ми до 2 ипол години скоро и не збореше. За кола, кажуваше брм брм, за пиштол бам, за брод доо.. и така натаму. Моите го носеа сегде на крај видоа дека уствари ништо не му е. Од еднаш почна цели реченици да сврзува и збори и уста да не затвара. Не се плаши, само трпение, често играње/зборување.
Со фонд никој не работи освен на клиника, ако имате од мкф дијагноза така може да добиете бесплатни третмани. Ако е само логопед за корекција тогаш оди приватно се, од цедуз доста се фалат
Мајки ми треба мислење, синко е 3 години и 4 месеци, зборува, кажува реченици, слуша наредби се супер. Ме мачи што сеуште не зборува јасно и има букви што не ги кажува, пример наместо Ф вика П значи за форма вика порма, многу зборови ги почнува со А буква, наместо печати вика ачати, наместо локомотива вика атива, да не набројувам. Исто сврзници нема туку се е со А , а одам а видам а земам... Р исто не ја кажува ама за Р знам дека и до 5 години се толерира. Има потреба од логопед или ќе се регулира? Што мислите?
После 5 та година, ако не почне да ги кажува , тогаш е најидеално време. Ова ја прашував баш сестра ми, дека она е во дел од таа бранша.
Малиот има 5 години. Нема проблем со изговорот на ниеден глас, освен Л. И тоа одлично ја изговараше буквата Л, се додека не почна да ја кажува Р. После како да му се изгуби Л-то. Ако му се запнам ептен му покажувам да го гризне јазикот малце за да ја изговори, успева ама некако вештачки звучи и во зборување не ја изговара како што треба. Имал некој искуство вакво, до кога се толерира, корегира можеби?
Мојата 4 год.Буквата Л ја кажува,ја знае,ама кога е после самогласка некако чудно ја кажува.На пр: Кола-коуа , гол- гоу...така некако звучи. Не знам и јас сакам да знам до кога може да се толерира тоа,кога би требало на логопед?