Слично е и син ми. Јас не знам, тој иако скоро направи 5, мислам дека пред да тргнат во училиште веќе треба да се решат сите вакви ситуации, така да планирам пред септември да го однесам на логопед, само сакав некое искуство да чујам ако има.
Најдобро ви е пред училиште да го средите изговорот. Јас мојата ја носев неколку месеци пред да тргне прваче. Наставничката на првата родителска напомена дека мн.деца не изговараат правилно и што побрзо да го средат тоа.
@Cherry333 @DELFINA81 понекогаш проблем се и празнините од паднатите млечни заби. Во случајот со моето дете не зажалив што почна да оди кај логопед пред да тргне на училиште. Посетете логопед ако ништо друго барем за професионално мислење ,консултација.
Оди на консултација и ке добиеш насоки. Можеби ке ти кажат да почекаш до 5, можеби и веднаш треба. За Р се чека до 5, за Л не знам со сигурност. Во септември тргнува или наредна година? Ако е овој септември, подобро е веднаш да почнете. И на самите тестирања ги праќаат на логопед. Но, тогаш се прави гужва со термини и одмори. Затоа најдобро е со полни 5 да се оди.
Најмногу ми одговара Аеродром, но сакам навистина добар Логопед, така да не ми е проблем и на друго место да е.
Аеродром , цедуз побарајте ја зденка логопед Или тука кај бојан https://slpbojancentar.com/?fbclid=...yUeaViEb8WH-AFShgA_aem_hrHmMEZmkmrTVW9MksLnpg И училница Даскаловски