Малата (5 години) оди во Гаспар бидејќи уште не ја кажува Р буквата. За колку време можам да очекувам резултати?! Маж малце притиска дека веќе иде 3 месеци а уште не ја кажува иако ја сметам дека како и за се друго треба време и вежбање. Тие што сте имале ваква мака за колку време почнавте да гледате резултати?
Многу е индивидуално и не можеш да знаеш кога ке се пушти говорот. Јас сум почнала да ја кажувам буквата Р за неполни 2 недели. Син ми одеше за диференцијација на с-ш, ц-ч, з-ж околу 2 месеци. Секоја буква ја кажуваше, но кога зборуваше брзо кажуваше сто наместо што. И потоа уште еден месец имаше потреба да го потсетиме понекогаш, затоа што кога брзаше пак правеше грешки. Одеше 2 пати неделно, но вежбавме секој ден. Вежби плус поправање при говор. Е сега, не знам дали ова е споро или брзо, не сум правела муабет со други родители со ваков проблем.
Колку и вие вежбате дома и правите корекции? Внук ми оди две години и се во место тапка. Џабе фрлени пари. Ама дома е со телефон во рака, нема вежбање, не го корегираат за ништо. Збори рамно како 2,5 годишно дете, а 7 години е.
Буквата р е последна буква за изговарање ние ја учевме во прво одделение и многу вежбање и дома исто имате туторијали на Јутуб каде убаво се објаснува поставеноста за Буквата е па и за другите букви. Многу поправање при зборење и телефон 0 Јас со телефонов еве цело второ одделение успевам да и го тргам, почетокот многу тешко но за недела две и сега не ни го бара некој цртан на телевизија ќе загледа и цртаме бориме учиме