1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има ли потреба од логопед?

Дискусија во 'Дете' започната од Gea, 14 август 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Морам да ја форсирам и не постои трема, туку инает.А големо влијание тука играат и бабите, еве едната од нив, уште и се обраќа како на бебе, ја али, и кога јас ќе реагирам, пред мене внимава, ама ако остане на спиење, сето мое воспитување паѓа во вода. И сум разговарала милион пати и нема ефект, па затоа почнав да не ја пуштам на спиење.
    А да има подобрување, има. Зависи каде ќе и се најде буквата во зборот, некогаш ја изговара чисто,некогаш не. Ама не кревам паника, битно е, почнавме ;)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    ^ така и мојот братучет кога беше помал, едвај да знаеше да каже некоја буква. Ама неговите многу го галеа и лигавеа дома, па од неговото име, му извадија скратено женско име |( Мислеш лиги му течеа кога збореше, и на неговите...

    Дури после се мкнеа по логопети. Ама добро, тој барем сега ги погаѓа сите букви :$
     
  3. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите родители треба да бидат свесни дали нивното дете е за на логопед или не. Моето дете имаше среќа, во градинката во којашто одеше си имаше логопед, и со голема моја упорност денеска ги изговара сите букви.
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Јас синот го носам веќе година и пол, и морам да признаам дека ми се здосади. А него уште повеќе.
    Се надевам дека за некој месец ќе престане да оди, и дека ќе ги изговара сите гласови.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    „Риба риби гризе реп“ - вака ме учеа мене... Брзо го усовршив немав некои потешкотии, јес да и комшиите и дома моиве сите ме напнуваа со тоа риба риби
    А јас пустата со Л си имам проблем денес... Не ми се приметува многу, само кога после Л-то има У, па не дај боже да треба да кажам Лустерот се лула лула
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Јас го носев син ми неколку месеци на логопед,неможеше убаво да ги изговори л,з,ц,с.
    Некое големо фајде не видов,пак ги изговара како претходно.
    Најмогу од се треба вежбање.Логопедот само ги кажува вежбите,а се зависи од тоа колку родителот има време да му посвети на тоа.
    Јас кога го потсеќам син ми како се изговараат буквите,добро е.Но,во секојдневната комуникација се заборава и пак е по старо.
     
  7. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    ако знае некој приватен логопед во прилеп нека ми пише (важно ми е)..
     
  8. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    брат ми како мал исто неможеше на каже Р го водеа на логопед ... долго време немаше никакви резултати ... па потоа ставаше Р таму и каде што нетреба :D од навика сега сеуште вика карлендар :D не дека незнае се од навика приер кога збори италјански правилно си го изговара се е навика :D
     
  9. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Јас сум им благодарна на моите што ме носеа како малечка на логопед, бидејки денес немам никаков проблем, одлично ги изговарам сите букви, а имав проблем со с и ц ... мој совет, не ги оставајте децата и не се откажувајте, носете ги и вежбајте со нив, не е убаво да си имаат такви проблеми кога ќе пораснат
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Неколку работи што ги научив носејќи го малиот на логопед, а се однесуваат на изговорот на „р“:

    1. Гласот е поврзан со „л“, па најчесто двата гласа се проблем. Може „л“ да го има во некои позиции, на пример мекото л вообичаено полесно се изговара, ама во одредени позиции, а особено на крај на зборот, каде што и најтешко се добива - не се изгвара како што треба. Затоа паралелно со „р“ треба да се веќба и „л“, и мислам дека шансите да се добие чисто „р“ без да се има чисто „л“ се минимални.

    2. Изборот на зборови за вежбање на „р“ мора да се прави многу внимателно. Треба да се избираат зборови во кои р се изговара полесно, затоа што ако се избираат потешки зборови може да има контраефект. Зборовите со р во почетна позиција се најтешки, исто така и р на крајот на зборот, и тие треба да се остават на крај. Син ми на пример најлесно го изговара р пред л: фрли, трло, прле, крле...

    3. Резултати се постигнуваат и ако јазикот се намести во положба да се каже „т“ или „л“ (со јазикот да се допре делот зад горните заби), и со прст да се затресе врвот на јазикот додека се изговара р. Според логопедот кај кој одиме, кога детето еднаш ќе го слушне и почувствува гласот, полесно се добива во изговор.

    4. Треба да се внимава и како се изговара р уште пред да е чисто. Детето треба да се учи да кажува „чаирско“ р (не знам како да го објаснам, ама веројатно ме сфативте), додека „француското“ р треба да се избегнува бидејќи многу тешко се коригира.

    Овие работи ги научив со посета на логопед, па имајте на ум дека не се совети од стручно лице.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. makbt

    makbt Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ве молам ако некој знае приватен логопед во битола да ми пиши
     
  12. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    22
    ako nekoj znae br.od dobar i iskusen privaten logoped vo sk.neka mi kaze broj,vi blagodaram odnapred
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Моите надевања дека само по себе ќе се искорегира не доведе и до 6 годишна возраст. Значи, француското Р никако да се искорени. И вуала, појдовме на логопед од пред неколку дена. Иако добив укажување од логопедот дека малку потешко ќе оди искоренувањето на веќе стекнатото француско Р, сепак и по три посети кај логопед , се забележуваат резултати. Е сега, малечката моја е малку специфична во однос на својата тврдоглавост и има развиено холивудски актерски способности, отпрвин измислуваше причини од типот, добива нагон за повраќање од стапчето што и го ставале во уста, за да на крај измисли дека забите ја болат, но нашиот логопед успеа да ја скрши нејзината драматичност и и најде соодветен пристап и третман кој вродува со плод. Уште сме на почетокот, пред нас има уште многу вежбање и се надевам дека ќе го надминеме проблемот. Некои мои другарки се бунат што ја малтретирам зашто на нив нејзиното Р им звучело симпатично, но децата раснат, па кога ќе стане тинејџерка, верувам дека прво ќе наидам на осуда од нејзина страна, зошто кога сум можела, не сум превземала ништо да и помогнам.
     
    На jovanovska94, babymama и Hipster им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Немам дете па не сметам дека сум којзнае компетентна да давам совети, но Геа мислам дека си направила најпаметен потег.
    Посета на логопед за мене не е малтретирање, туку потреба, зашто да не научи правилно да го изговара Р или било која буква.
    Јас сум го имала истиов проблем како мала, и мајка ми се заколнала дека ако до 5 години не кажам Р убаво, ќе ме носи на логопед. Додуша мене ми било срам да го викам дека не сум го викала убаво, и сосема сум го искоренила и заменила со Л, па шалата со реката Рајна што сите ми ја правеле, на мајка ми не и била баш смешна.
    Прво вежбаше со мене ми текнува дека ми го местеше она сама јазикот се трудеше многу, но од нигде некаде сама си научив буквално преку ноќ сама почнав да го изговарам правилно, веројатно било потребно само малку време и тоа што сме вежбале по дома ми помогнало.
    Јас имам другарка која на 15 години научи да вика Р, на логопед нормално и тој дури се зачудил зашто и до сега не ја однеле.
    Сметам дека секоја мајка треба да постапува како тебе, и тоа е за пофалба.


    Хахахах ме врати наназад Мишел едно 18 години.
    Јас па и реков- мамо, мамо, БУРЕ и мајка ми од среќа почна да плаче :D али тоа беше за неа исто ко нобелова награда да сум добила :D
    Па им се јавував на сите роднини и им викав само гласно БУРЕЕЕ, некои ме разбраа погрешно ко братучетка ми куре :rofl: но битно се свати поенатата. Ден денес ме закачаат за тоа, ама битно бурето ма посебно значење за мене и секогаш ќе има :D
     
    На Mishela и Gea им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Правилно со постапила Геа. Да, француското Р потешко се коригира, но потешко не значи невозможно, само треба поголема упорност. И зошто да не се среди на крајот а краиштата, ако може.

    Јас син ми го носев нешто повеќе од две години на логопед, а еве веќе една година како не оди. Кога почна да оди имаше околу 10 гласови кои не можеше да ги каже. Постигна голем успех, но не се среди до крај. Остана уште Л да се среди, и никако да суспее. Божем ќе вежбав со него, ама не го правев тоа редовно и немаше резултати.

    Сега некако како да ми направи регрес и во изговорот на С. Го кажуваше чисто, а почна да ми шушка. Ќе пробам да го средам сама, ако нема резултати до крајот на летово, од септември пак на логопед.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    :D
    Леле, мене татко ми уште ме вика „кломидалче“, зашто и јас секое р го заменував со чисто л и мислам дека претпоставуваш со кој збор се фалев откако ја совладав буквата р. :lol:
    Најтежок ми беше стрела, мајка ми буквално тортура вршеше со овој збор, ама стлелата никако не ми успеваше да прозвучи како стрела. :sweat:
    Ние имавме ваков случај и со братучетка ми, која до седмо одделение, некои си тринаесетина годинки не можеше да каже р или пак добиваше некој призвук на бледо француско р.
    Сега е речиси како мене, па никој не може да примети дека некогаш имала проблем со изговорот на клетата буква р, без гајле си оди по рецитали и слични активности.
    Треба само упорност, но да не изгледа како тортура во очите и умот на детето зашто навистина се ствара одбивност кон самиот себе и тоа си повлекува разноразни прашања од типот „зошто сите можат, а мене не ми успева, дали сум во ред!?“ - мене на пример, ова највеќе ме мачеше и моите мака видоа додека ми објаснија дека сосема сум во ред, само треба малку да запнам. :tmi:
     
    На Gea и Hipster им се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Во нашиот случај знам дека треба логопед, но сакам искуства.
    во една друга тема прашав и не доби одговор, а сега ќе бидам поконкретна.
    Мојот внук има полни 3 години.Од кога тргна во градинка има голем напредок со говорот.
    Почна да составува прости реченици, што е успех за разлика до сега, кога кажуваше едвај по еден збор.

    Дали има некој искуство со логопед (приватен по можност) кој има работено со деца за унапредување на говорот. Значи не корекција на изговорот, туку развој на говорот кај мали деца?
    Инаку внукот мој, нема пореметување никакво, не е ни аутизам ниту некое нарушување, туку говорот споро му се развива, а тој сега на три години зборува како дете од една година и тоа го забавува, па препорака од докторите е работа со логопед.
    Молам за совети и искуства!
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Јас мојот го носев кај Весна Керамитчиевска. Тој немаше проблеми со развој на говорот, туку само со изговор, ама кај неа доаѓаа многу деца и со аутизам и со проблеми во развој на говор. Мислам дека не е лошо да го види детето.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ariel,а како да jа наjдам? Има ординациjа некоjа? Или на google?
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Ќе ти пишам број по лп, само да го најдам.
    Дома работи приватно попладне, а преку ден во училиштето Златан Сремац.