Има ли потреба од логопед?

Дискусија во 'Дете' започната од Gea, 14 август 2011.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.470
    Ariel, ти благодарам многу.
    Ќе сакаш ли да ми кажеш во ЛП колку чини услугата?
     
  2. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    1.417
    Пол:
    Женски
    Луѓе, може мене да ми дадете совет нешто?
    Вака, уште од мала имам онака говорна маана, и некој зборови шо се подолги и има Р или Л, (пр да го земеме зборо “тетратка“ или “ролерка“) не можам убаво да ги изговорам. И дека имааме онака, проблеми у семејството и никој не го забележа тоа ко проблем. И како шо растам сфаќам дека ми е преголем проблем! Прмер на час кога професорката ни даде нешто за читање, и сега кренам рака, морам да бидам активна на часо, и како шо читам, наеднчка начекам поголемо зборче шо содрже Р или Л и не можам убаво да го изговорам и ме фате трема, дека цел клас ме слуша, и почнам у себе да си го повторувам и тивко, и испадне дека не знам да читам, а уств знам го зборо, туку едноставно не можам да го изговорам убаво и како шо има дигнати у класот, често пати исмеват ме затоа дека не сум знаела да читам, и јас се навредам и почнам да им објаснувам како не можам да изговарам убаво и на професорката и се смаче и ставе некој друг да чита. Е сега, лани еднаш, само еднаш дигнав рака да читам, и од кога ми дофрлија дека не знам да читам убаво, од тогаш не сум дигнала и кога требаше да се ставаат оценки, професорката ми рече дека сум имала шанса за 4-ка само шо не сум била активна на часовите. А јас искрено од пусти страв, нејќам да ме исмеваат сега и за тоа! :( И баш ради овој проблем избегавам да употребувам некој зборови шо се долги, и не можам да ги изговорам убаво, и испаѓа дека ем шо не знам да читам, ем немам ни голем речник. Па кај можам да се обратам? Кој може да ми помогне? Како можам да го најдам тој логопед? Дали можам да се сменам, со оглед шо имам 16 години, или треба како дете да ме однеле на логопед? Инаку, англиски кога читам на час, немам никаков проблем, ама кога дојде македонски да читам,не можам едноставно да го изговорам некој збор... :(
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.232
    Допаѓања:
    27.623
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да посетиш логопед.
    Не си создавај комплекс на ниска самодоверба и вредност поради проблемите со говорот.Можеби ќе треба да вложиш повеќе труд и време со оглед на возраста за да успееш да го надминеш непријатното чувство на срам и страв кога треба да ги изговориш гласовите р и л, но тоа го правиш за себе,па вреди да се потрудиш.А за тоа каде да најдеш логопед, треба да се информираш во местото каде што живееш.
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    18.614
    Пол:
    Женски
    Јас не сум можела да кажам Л сум викала ВА,по голем напор на сестрами сум научила.
    Треба мислам да и се повторува и помага како да го постави јазиокот и со време ке научи.
     
  5. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.561
    Пол:
    Женски
    Уште од мала си имам проблем со буквата Л. На почеток ми претставуваше проблем, но повеќе не се замарам. Во забавиште можевме да одиме на логопед, но јас никогаш не одев.

    При кажување на некои зборови е забележливо. На пример во зборовите: лилјак, лале, Влатко, слатко. Но, во некои зборови немам никаков проблем.

    Не се замарам многу со ова, а и да сакав да го поправам тоа Л, мислам дека веќе е доцна.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    162.102
    Пол:
    Женски
    Малава има 3год и 4 месеци и зборува супер. Ваљда пошто сум јас дрдорка, па нон стоп мелеме по дома. Се шалам. Пред 2-3 недели забележувам дека како да пелтечи на некои зборови кои ниту се тешки ни ништо, а претходно ги изговарала нормално.
    Не доживеала некој стрес или некоја промена во животот. Да се секирам или некоја фаза е?!
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    4.908
    Не и се секирај, фаза е. Мојот кога имаше 4 год отидовме на одмор, на море и трет-четврт ден кога кажа пелтечи детето и крај. Се преиспитував (јас и мм да не сме згрешиле нешто), да не се исплашил од вода или нешто друго, да не сум направила некоја промена несвесно, разговарав со него за све и свашта и ништо. Си го знам детето како зборува, каков е и одеднаш не го препознавам. Радосен беше, нормално јаде пие и се друго ама пелтечи.
    Штом стигнавме дома одма утредента прво сама отидов на логопед а после тоа го одведов и него за да види логопедот за што зборувам.
    Ми објасни се убаво, дека било некој си скок во развој, фаза....а и јас цел интернет го прокопав за информации. Ми кажа дека ако за 2-3 недели не се регулира говорот пак да одам. За чудо за 2-3 дена од тој разговор со логопед одеднаш прозборе убаво. Како за една ноќ се смени целата работа.
    Не и се секирај иако знам како ти е, но мораш да се контролираш, они се чувствуваат. Ако видиш дека за 2-3нед. не се менува говорот консултирај се со логопед.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    162.102
    Пол:
    Женски
    @slavica999 фала ти многу!
    Јас знам уште еден пример сличен како твојот па и не ми е толку шубе. Ама татко ми ќе ме пукне, на секое ме погледнува со поглед убиствен :D
    Ќе ја следам па ќе споделам искуство.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    4.908
    Jaс искрено не знаев тогаш и не бев слушнала за такво нешто, но логопедот ме смири а и интернетот, но затоа мм ме пукнуваше од нервоза. Неможев да го убедам дека е фаза и ќе помине.
     
  10. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Dajte pomognete ve molam,da mi predlozite logoped i kako moze da go smenam ovoj sto ni e momentalno...nema razbiranje nikakvo,detencevo odi ali mi vika koa ke imalo nekoj problem da i pisuvame poraki ubavo i pisuvam ne vraka...ja nz koj i e problemot a detencevo mi e prvo odd...
     
  11. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    411
    Ќерка ми лани работеше со логопед, проблем имавме со буквата Р (грлато Р), и многу сум задоволна за 4 часа ја научи. Доаѓа дома знае како да им пристапи на децата и преку игра да научат, наплаќа 400 денари од 1 час. Ќе ти пратам телефон во лп.
     
  12. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Ja go nosam moevo u jane sandanski ali doktorkata prima 2deca i e katastrofa 2deca po pola saat Gi drzi ja nz so ke naucat za 15min i ne sum zadovolna a toa se nekoi bukvi sto gi kazuva on,ali u zbor tesko gi upotrebuva
     
  13. milkas

    milkas Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Potreben mi e logoped koj raboti privatno za Skopje naselba Aerodrom ,ve molam kazete mi iskustvo za logoped
     
  14. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    411
    Погоре веќе го пишав искуството кое го имав со ќерка ми, @milkas доколку сакаш контакт од Анета кажи. Ќерка ми многу брзо ја научи буквата Р.
     
  15. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    48
    Колку од прилика се плаќа на логопед? Како идат цените? Фала.
     
  16. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Ja plakam 500 doaga kaj nas... Ali prezadovolna stvarno :):)

    1saat zaboraviv da pisam
     
    Последна измена од модератор: 16 ноември 2017
    На Vetruska и Freja.Stella им се допаѓа ова.
  17. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Моето девојче има 4 години и наместо Л го пушта оној звукот на англиското W (пример во winter). Р убаво ја изговара. Дали имам потреба од логопед или рано е уште, ќе научи?
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.323
    Допаѓања:
    108.396
    Пол:
    Женски
    Вежбајте дома со изговор на зборови кои ја содржат "л". Е сега, важно е дали цело време ја кажува како "w"или има зборчиња каде ја кажува чисто. Син ми го имаше тој проблем со "л" ама само кога беше пред "а", "у" или "о". Со вежбање на изговор на соодветни зборчиња по неколку пати, го корегиравме сами дома. Мислам дека немаш место за грижа, ниту пак има потреба од логопед. Ако вежбате дома, за кратко би требало да се среди.
     
    На Elen4e_sonce, Ava.84 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    404
    Те молам прати ми бројче во ЛП
     
  20. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Ti prativ :)
    Srekno!!!