Таму не сум била ама искрено донсега искуството со државниве институции... лошо искуство.. незаинтересираност непосветеност....
Мојот к и г не ги изговараше до 5,5 години скоро ич.Ќе му речам речи кокошка викаше тотошка. Најдов видеа на јутубе како да му помогнам за правилно да ги изговара верувале или не за нецели 10 мин детето ја научи прво буквата К а г немаше потреба од вежбање одма му дојде само.Иначе наместо г ја употребуваше д.Големо- долемо,горе-доре….
Ние имаме проблем наместо "с" ја изговара "т". "з" ја изговара "д". "ж" ја изговара "д". .. Одиме на логопед скоро месец дена, два пати неделно по 30 минути и плус работа дома и почна да ја изговара с Ама некогаш кога брзо зборува пак с ја вика т. Некогаш назикот го става мегу заби и така ја изговара.
Ај малку да споделиме искуство, ако не ти е проблем. Која возраст сте? Моето е 4 и пол години. Сакаш овде или во приватна порака?
Можи и овде... Дете е 5 години, сакав јас уште лани да го носам ама од коронава страв ми беше. И околу мене сите мал е ќе пушти, ќе научи. Е сега викаат требаше порано да го носиш.
Јас приметив дека му фалат букви во говорот и го виде еден логопед и ми кажа дека всушност сите букви што му фалат се иста група во која водечка е "с" (с, ѕ, з, ц, ч, џ, ш мислам) и дека кога таа ќе ја совлада другите полесно ќе излезат. И дека сега е идеално време за работа, не е рано. Но не препрати прво да направиме еден преглед во завод за говор и слух, за да му направат целосна проценка и да се исклучи се друго. Па после ќе учиме и со него. Дали вие бевте во заводот, какво ви е искуството. Ме праша да не сме користеле цуцла до голем. Реков дека детево никаква цуцла во живот нема користено.
Не сме од ск, тука немаме завод за слух и говор. Логопедот ништо такво не ни спомна за да одиме во ск на преглед. Истото ми го спомна и гледам дека почнува и "з" да ја кажуваа. А денеска почна и "л". Ама секако кога тој сака. Истото праша и за цуцла дете од година и пол не користи, го гледаше во јазик, непце, заби. Ако сакаш ќе ти сликнам што имаат работено по часови да почниш дома да работиш.
Посетивме ама немаше резултати после со короната немаа часови и кога почна во училиште во прво одделение сама почна да ги изговара. Сега воопшто не се приметува дека имала проблем
Мојата оди од август. Има 4 години. Оди и во градинка, спомнувам бидејќи сметам дека и тоа е предност, со тоа што мора да нагласам дека е најголема во групата. Одиме од август на логопед, 2 часа неделно. Знае да ги кажи к и г (знаеше и претходно), ама не ги користи во зборови воопшто. Само кога вежбаме ги користи.
Мојата исто, наместо к-т. Наместо г-д. Ама знае да ги каже, само што не ги употреува во зборови. Ако и нагласам да ги употреби и ќе го изговори зборот правилно, потоа тешко и е да се врати на т и д. На пример, ако еднаш каже коко, после нема да може да каже тото.
Dali nekoj odi vo Zavod za rehabilitacija na sluh,govor i glas? Kako ste zadovolni? Kako se odvivaat casovite? Prrtpostavuvam deteto ne e so maska, a logopedot?
Ако не ти е проблем слики ми. Дури средина на ноември ние ќе почнеме, па ќе споделам што ни кажале тогаш.