@irena.1 8ми час 9ти час Во друга тетратка имам зборчиња со кои вежбаме и му правам реченици (пр. Иза-изабела, дизалица)
Пишував по темиве, ама изгледа не во оваа. Бевме во заводот. Поминавме кај сите (психолог, логопед, орл, аудио, дефектолог) сите го прашуваа по нешто, детално го прегледаа. Не беше воопшто трауматично, сите и доктори и сестри беа пријатни. Детето со сите соработуваше. Дур бевме во заводот едно добри два саати постојано идеа деца на вежби, сите со трчање идеа. Заклучок, нема никаков развоен проблем, се ќе се постигне со вежби. Не пишаа на список, и чекаме ред сега. У меѓу време дома да вежбаме прилози, зошто и тие ги меша. Е сега дур чекаме почнавме ние со друг логопед. Но за месец дена детето втор пат оди во изолација ради позитивен случај во групата во градинка. И имаме некој вежбички за домашна, ама сакав уште нешто. Фала ти, ми помогна.
Дали некој има искуство со едукатор/рехабилитатор од тимот А- Аеродром? Како сте задоволни и дали некој знае колку чини месечно за часови три пати неделно? Ми спомнаа дека имаат некои пакети, единечен час чини 800ден, ама не прашав како одат пакетите.
Да се апдејтувам, ни се јавија од заводот дојдовме на ред, па малото почна со часови. До сега беше два пати, сака да оди, логопедот проценка му направил, па ќе видиме како ќе биде.
Мајки со искуство, до која возраст треба да се изговара буквата Р? Син ми прозборе рано, ама на 5 години уште не ја изговара правилно. Да барам логопед или да чекам?
Носи го да логопед ништо не губиш колку побрзо ја научи толку подобро. Јас го носам на логопед има 5 год буквата р ја учи од 15 декември до сега. Значи 3 месеци и дури сега почна правилно да ја изговара.
До 5г се чека. Нашиот логопед ова ми го кажа. Мојава има проблем со изговор и на други букви, а Р ја оставаат за на крај дека може спонтано да се појави и сама. Мојата ќеркичка е 4г и 4м. Ја прашував логопедот баш колку време им треба и рече зависи од дете до дете, имала дете кое на прв час ја фатило Р и одма ја совладало А има деца и со месеци што учат...
Здраво, не знам дали е прашањево за овде ама ми треба препорака за добар дефектолог? Благодарам однапред.
Часовите на дете му ги намали на еден час неделно до крајот на април ќе оди. Сакам нешто да и земам како благодарност. (мерси, рафаело..) Да не е глупаво ова или предложете вие нешто.
Здраво, дали знае некој како можам да гледам кога има слободни термини за прв преглед во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје?