Дали ги именувате предметите низ дома со лични имиња. Најчесто плишаните мечиња како мали сме ги крстеле и кукли и барбики и слични играчки. Но има луѓе кои си ги именуваат со имиња и компјутерот, колата, омилената чаша, телевизорот, перницата, креветот, мобилниот итн. Мене ми е многу смешно ова, посебно кога ќе рече некој пример дај ми го Трајче. Трајче? Трајче бе? Кој Трајче? Телефонот бе Трајче нели така си го викам Мене ми е многу смешно ова а и нелогично Ја имате ли вие оваа навика интересна? Што низ дома имате крстено?
Немам ваква навика, ниту мене ми нема логика. Е сега, во последно време незнам што ми е, станав премногу арогантна па предметите ги ругам и ги именувам со неадекватни зборови како да ми погрешиле нешто.
Како мала сите кукли ми беа крстени Ќети, големо бебе и до ден денес си ја викаме Ќети Друго ништо немам крстено
На дечко ми колата му се вика Лајка аааа да, и ке заборавев, имам машка кукла се вика Чаки, една дебела кукла со розева коса се вика Дула, и имам едно мече се вика Марко (по Марко од Дај Побрзај, јбг голема љубов ми беше)
Мојата дека е од марка женски род , твојте изгледа од машки беа, м? Другар ми пак ја има крстено Кети
На другарка ми колата, ја завикавме Перла од старт, кога ја купи, и сега кога и да треба да се оди некаде, стандард муабет е: А Перла ја земаме, или идеме со нешто друго? И сите се чудат, мислат Перла е куче, евентуално португалска познаничка Сестра ми телевизорот го викаше Роки и плачеше кога го сменивме со нов. Кацигата, си ја вика Атиџе. Јас сево ова го слушам и се смеам. Другарка ми во средно, сите мобилни телефони ги викаше Бубу или Бобо, зошто и беа како миленичиња. Единствено креветот си го викам Љубави, зошто имаме разнишана врска, еве веќе 13 години
кај мене се имам име едниот телефон ми се вика НАЈДЕ(пошто беше најден) др е Беб4е...третиот е Нокион... Колата е Бомбона лаптопот беше Љубе...па Драги...па Тоше... хеххехе се има свое име ама баш све...апаратот за сликање е Мило Spoiler мнн имиња има ке забегаммм
Имам една машка кукла се вика Дамбо и секогаш е дотерана, а кога сум била мала секаде сум одела со неа...
Се пронајдов во темава , пошо јас од мала имам навика да си ги преформулирам имињата и на луѓе и на предмети. Еден стар мобилен си го викав Барби, затоа што беше розев и глупав. Дигиртонот кога цел семестар учев математика прво го викав Јонче (по Јонче-дигитронче), после го завикав Џани. Машината за садови ја завикавме свекрва и уште еден куп имиња имаме по дома...
Доста ми се кумства, веќе не сакам Не именувам предмети со лични имиња освен ако во момент не ми текне како се вика па велам ,,тоа таквото,, е кое де?!?! Ми нема логика ова...
Kaмчо, или мојот компјутер кој кај и да е ќе рикне. Други предмети немам именувано, освен ако се рачуна и малото прсте на левата нога Рики.
Јас не токлу, само куклите како мала, ама брат ми има таква навика. За колата, викна поп, на паркинг да му ја крсти, па после извади сокче и чашки да се почастат со попот и другарите. Јас не присуствував (пусти страв од попови),а и него незнам што му има текнато.... сите бевме изненадени кога ни кажа... И сега колата има официјално именце.
Мојот фотоапарат се вика Цане. И стално ме потсеќаат кога треба да одиме негде Цане да го земам, зошто без Цане не ме сакаат во друштво. Безобразни А Жаки ми е универзалка за женски род, за било што. Spoiler Не е предмет, али еве и пријателката(доле) дури така ми се вика. Па кога ќе се јавам кај депилаторката и викам ќе дојдам Жаки да ја улепшаш.