Лелел темава за мене! Откако јас и цимерката си се сместивме во станот ск, си крстивме многу предмети Радиото - Раде Светилката - Светле Бојлерот - Боро Фрижидерот - Јасон (Јаson Mraz - I'm yours (се мисли на храната)) Шпоретот - Огнен Spoiler (си имаме и замислено пријателче: Дуре )
Имавме кола рено и ја викавме Пепелашка, потоа другата ја викав јас ракетка, оваа сега нема име мора да се смисли некое. Лустерот ни е Перо Вентилаторо. И една играчка мајмун омилена од мала се вика Чита. Друго не ми текнува.
Сите играчки до една ми се крстени . И сите ги помнам по име , како сум го добила и кога . Spoiler Имам си акал Од страна на обични предмети кои по правило не служат како играчки ( а не дека не би можело ) ,компјутеров ми е крстен ,дури и презиме има - Фјодор ( по Достоевски ,атер за интелигенцијата ) Закоченко ( јбг на сето згора нон стоп кочеше до скоро ) . Имав едно тајмерче за варење јајца ( во вид на крава беше ,од Витаминка ) , него си го викав Свекрва. За жал ,Свекрвата веќе не е меѓу нас . Перничето мое малечко и смачкано ми се вика Пецко (интересен изговор ми има тоа Пецко ,затоа ) Знам дека имам крстено уште нешто ,ама ќе го оставам за друг пат ,сега не ми иде ...
Компјутерот ми е ПеЦе, а глувчето Мице. И си чувам една посебна бела трзалица која си има име, ама не ви кажувам како се вика.
Мене интересно ми е така да си ставаш имиња на предмети (па и кога ќе спомнеш сите се чудат за кој зборуваш,а ти си се смешкаш ),но досега тоа не сум го правела,се надевам дека ќе почнам.
аааа тука се вбројува и Љупка моја...иначе Љупка ми е моторот додуша ретко така си ја викам ама уште на почето реков дека така ќе се вида.(Да не мојди до забуна Љупка е женски род а мотор машки ама гледано од марката на моторот ќе да е женско ) и да лани во школо со другарките на дигитроните им дадовме имиња и мојто беше Томче
ааа ја компјутерот трајче си го викам,трајко или трале ,коа ке и кажувам на другарками нешо за компјутерот и викам трале мој што не има видено,и она кој е матој ? коа и кажав кој е се изнасмеа
Јас имам мачка Spoiler женски род која се вика Пабло Понекугаш кога јас го викам баба ми помислува дека со некој зборувам
Не им давам имиња на предметите, некако глупаво ми е. Всушност, кога ќе размислам подобро, интернетот си го викам „глуп“ кога ме нервира
Како мала имав дадено име на три кукли.Две женски имав-Вики и Мара. Машкото Пецко го викав.Штета што немам појма каде се овие кукли се,иако се потсетив на убави моменти со нив вака што ги спомнав. Сега немам дадено име на некој предмет,можеби и да имам но не се сеќавам.Но,не звучи лошо.
Имам кукла-бебе и таа се вика Анче. Барбиките секогаш различно ги крштевав, во зависност од играта. Други предмети немам крстен ниту имам намера да крстам. Глупаво ми е некако...
Па и немам обичај да ги именувам предметите. Е да, единствено кадата од што си ја сакам си ја викам Димелза И секогаш викам кога ќе и влезам на Димелза 5 дена не изегувам од неа, а другите појма немаат што се дешава
Ааааааааа...преубава идеја...хахха, баш ми се свиѓа.Имам пробано само за мечиња и кукли, ама од сега и за се друго баш е јако.хахах.
Леле како малечка сите кукли и мечиња ми беа крстени, не знам како ли сум ги памтела имињата на сите. А сега... компјутеров си го викам Мишко А на мобилниот му се обраќам со срце мое затоа што кутриот од мене многу си има пропатено.
Само куклите ми имаат имиња. Омиленото мече ми се вика Теди. Друго ми се вика Ваце зошто ми е од дечко ми. Имам едно кутре се вика Кире, бидејќи го купив од Охрид а исто тогаш бендисав еден DJ таму, се викаше Кире Уште едно кутре, Бела, затоа што е бело имав исто и една кукла, ама како вистинско бебе беше, се викаше Пецко- Пеце, ама сега е забегана некаде кај помалите братучетки. Итн. Инаку предметите не ги крстам, барем не со убави имиња Само кога ме нервира компјутерот, кога ми кочи или кога ми е слаб нетот си ги викам "марш бе педер" или "г*мно едно" ...
Како помала секоја барбика си имаше свое име. А сега само интернетов си има свое име си го викам желче
Тупчо, Глупчо и Батко ми се најомилените плишанковци. Пеце е пецето , мислам се подразбира Друго, не ми текнува