Eх, како мала на секоја кукла и на секоја играчка и давав име. Се сеќавам на таа што би беше најголема, ја викав Џоле А сега, немам крстено некои предмети, ама во последно време компјутеров и нетов само си примаат навреди и погрдни зборови од мене.
Како мала на секоја кукла и имав дадено име. Во зависност кој ми ја подарил или ако ми подариле две кукли иста личност ќе ја крстев по некој многу близок на оваа личност. Детски ум...
Па, пред некое време, од Веро, поточно од Џамбо, си купив една како водена играчка, за стискање, некако се вртеше при стискање, долгнавеста беше. Ја крстив Радојко, ама сирот тој, од постојано стискање, ми умре во раце, ми прсна, и сите светки, вода, се што беше внатре, се истури на тепсион, пархет, кревет.. Други некои не ми текнуваат, освен барбики, што си крстував. На женските им давав женски имиња, а машките секогаш ми се викаа Кен.
Јас у забавиште имав една кукла дебела и мека таква,огромна и со татко ми ја крстивме Пламенка. Лани па, јадев смоки една вечер со цимерите,и тоа ќесенцето од смоките ептен го засакав и го крстив Џеки, дури го потпишав со син маркер и на никој не го давав да го чепне. Со цимерите си имаме крстено предмети низ собата, на пример греалката ја викаме Коки, приврзокот на мојот клуч го викаме Цуфи, а меѓусебно се викаме Голуб.
Оние балетанки за по дома што се, со другарка ми ги викавме Фусунки, зашто у времето кога ги купивме идеше Шехерзад и ваљда Фусун носела такви, сега не ми текнува
Kога бев малечка со поголемата сестра на сите мечиња и кукли им имавме дадено име,дури и со пенкало им го запишувавме на нив(тие што беа гумени)а на др на хартија..и тоа имиња Зоран,Горан,Bаско.. ама сега немам таква навика да ставам имиња на предмети..некако нелогички ми е..
Немам ваква навика, ко мала си ги именував барбиките и куклите, а предмети по дома со лични имиња немам именувано, ама ми се гледа интересно.
Не им давам имиња на предметите, ама затоа пак си имам проблеми што на животинчињава низ домава што ми поминале им давам имиња на други животинчиња или на предмети... како, шајче, мендолино, јаре , глушец итн. Се’ се тоа мачки.
Џеки е правосмукалката а Фифи крпата за чистење.....и мама нон стоп вели ај прошетајте ги малку Џеки и Фифи и Алиса шпајзот - името Алиса го доби поради малата врата,мораш да се наведнеш за да влезеш