1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Името на Бога?

Дискусија во 'Религија' започната од Theodora, 20 февруари 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Зборот Бог се користи во многу религии но кое е вистинското име на Бога?Во светот е изработена листа од 72 имиња на Бога која се базира на Кабалата,Христијанството,Јудеизмот и др.низ една историска ретроспектива.И самото тоа што Библијата е преведувана,пример онаа што кај нас е во печат е превод на грчкиот превод,а оригиналот е на еврејски,па секој превод на преводот води и до промени.Во Библијата на еврејски стои еврејско име чиј англиски превод е отприлика YHWH ако се обидеме да спелуваме е најблиску до Јахве на наше.На повеќе места низ Библијата стои Господ Саваот што мене лично и не ми е јасно што значи.Бог е наречен и „Бог на Авраам,Исаак и Јаков„,понатаму се употребува и Севишниот,Отецот,некаде се говори и во трето лице за Него.Сите овие се имиња за Бог.Но,од латинското Deus,преку англиските God и Lord,еврејските и грчките кои не знам ни да ги напишам,а камо ли да ги спелувам правилно,дали постои шанса за губење на вистинското име низ преводи или неуспевање да го изговориме правилно?
    Кое е според вас вистинското име на Бог?
     
  2. tamaramuv

    tamaramuv Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Мислам дека тражиш сосема погрешно нешто. Господ е синоним и кратенка за Господар исто како и Господин што е кратенка за Господар. У старо словенскиот јазик кај сите словенски племиња зборот Бог означува исто така господар или апсолутен властодржец. Исто како царевите или кралевите само шо тие се земски богови а господ бог е небесно божество капо де тути капи :rofl:. и ако не си приметила сегде се спомнува раб божји е сега колку е праведлив и милозлив тој господ бог шо му требаат робови ама ич несакам да знам како се вика :rofl:
     
  3. Hristijankata

    Hristijankata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    Господ Саваот значи Господ над војските или Господ над воинствата.
    Божјото Свето Име е ЈХВХ. Еврејската граматика во тоа време се состоела само од согласки, без самогласки. Евреите си знаеле без проблем како при читање да ги вметнат самогласките. Но во одредена етапа евреите погрешно ја протолкувале 3тата Божја заповед (Не го изговарај напразно Божјото Име...) и затоа решиле воопшто да не го изговараат Божјото Име со цел да се заштитат себе си од случајно напразно изговарање на Божјото Име. Па затоа кога ќе дошле до Името, тие правеле еден краток молк и продолжувале со читањето. Подоцна го заменувале со титулите Адонај (Господ на еврејски) или Кириос (Господ на грчки). Затоа и денес не се знае со сигурност како се чита ткн. тетраграматон ЈХВХ. Кај нас обично се преведува со Јехова или Јахве. На англиски е слично: Yahweh или Jehovah.
    Поздрав!
     
    На manasija, Theodora, Farasha и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Апсолутно секое има во Писмото е Името на Бога, кое истото го карактеризира Неговото постоење, идентитет, карактерот и сл., значи - секое име си има свое значение, како на пр. Емануел (Бог со нас), Христос (Божји ПОМАЗАНИК), Бог Саваот (Господар над војските), Михаил (Кој е како Бог), Ел-Шадај (Бог Семоќен), Jахве (Господ), Адонај (не ми текнува сега, ама го има како име Божјо), Елохим (Божество), Алфа и Омега (Почеток и Крај) ... итн. А сето во заградите е Негова карактеристика, со која Тој се одликува на различни начини... Освен за Бог има и др. имиња во Писмото кое си имаа свое значение пр. Кифа (карпа или камен) т.н Симон, Јаков (измамник, подоцна Израел - победник), Вавилон (збрка), Елизавета (Бог се заколнува, дава изобилно, исполнува), , Марија или Мирјем (горко или морска sвезда, полна или сакана), Петар (камен), Самсон (сончева светлина), Сара (принцеза), Аполион (Погубител, Упропастувач) и др...
     
  5. Hristijankata

    Hristijankata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    FARELA, сите други имиња, освен името Јахве, се титули на Бог, а не имиња. Јахве е личното свето Име на Бог (Таткото). Обично луѓето стравуваат да го прифатат ова за да не ги наречат „Јеховини сведоци“, но името Јахве е Божјото Име што се сретнува во Библијата околу 7000 пати 20-30 века пред да се појават сведоците. Прашај кој било евреин и ќе ти потврди дека името на библискиот Бог е Јахве.
    Ти си пишала погоре дека Јахве значи „Господ“, но тоа не е точно. Господ на еврејски се вика „Адонај“. Бог се вика: „Ел“ или „Елоах“, а во множина „Елохим“. Јахве е Јахве - личното Име на Бог.
    Многу библиски имиња го содржат Божјото свето Име како кованица
    Исаијах = Спасение е Јахве
    Илијах = Мој Бог е Јахве
    Малахијах
    Софонијах
    Еремијах
    Неемијах
    Осијах
    Захаријах
    И се разбира Јехошуа (Јешуа) = Исус (Јахве е спасение)
    итн.
     
    На manasija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    овие иминја сто ги напомена тие се месиј не се иминја на бога засто тие иминја ги има кај нас во куранот само малку се другце не се бас вака пример името софонијах - суфјан закаријах- зекерија елоах знаци аллах
     
  7. manasija

    manasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Бог е неодреден поим,како што кажува библијата во 1 корин.8-5 и 6 стих,дека денес има многу богови и господари било на небото било на земјата.Мегутоа постои само еден Бог,како што кажува во 4 стих погоре од истото поглавје,а и во 6 стих подолу кажува кој е тој Бог-оној кој е наречен Татко и кој СОЗДАЛ се.Бог има свое лично име ЈЕХОВА и тоа ни го открива преку библијата осија 12-5 што значи -ке станам се што ке посакам да станам.Тоа име треба да се користи за да се разликува од сите други споредни богови и господари.Исус ни открил во молитвата- оче наш- како да се молиме-рекол Татко наш кој си на небото да се свети ИМЕТО твое-чие име?Сигурно Исус не го рекол своето име а и не би било логично доколку другите сметаат така, од проста причина што Исус додека кажувал како да се молат бил на земјата и не рекол да се свети името на некој што е на земјата туку на небото.Друга работа е тоа што самиот Исус дошол на земјата за да го објави божјото име ЈЕХОВА. (јов.17-6,26, јов.5-43, јов.12-12,13,28 ) Се си има свое име и сигурно би го повредиле многу нашиот родител кога некој би не прашал кој ти е татко, или пак чив син си или керка ? а ние како одговор би рекле на еден човек или господин.Поздрав
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Најкратко:

    Света Единосушна, Животворна и Неразделна Троица. Отецот, Синот и Светиот Дух.
     
  9. manasija

    manasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Прво ако Бог не е Тројство, зошто уште во почетокот на првата книга Битие кога Бог го создаваше светот, е напишано ова:
    „...Потоа рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние...


    Бог е единствен по суштина (5. Мој.6,4), но е троичен по Лица (Мат.28,19)

    Да не продолжувам понатаму со цитатите зашто ги има премногу :!: .
     
  11. manasija

    manasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Прво ако Бог не е Тројство, зошто уште во почетокот на првата книга Битие кога Бог го создаваше светот, е напишано ова:
    „...Потоа рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние...


    Бог е единствен по суштина (5. Мој.6,4), но е троичен по Лица (Мат.28,19)

    Да не продолжувам понатаму со цитатите зашто ги има премногу :!: .[/quote]

    Да ,Серафима создадени сме според божјиот лик,убаво си забелезала.А тоа е казано во 1 мој.1.26 и 27 стих,каде што вели *според нашиот лик*.Веројатно тоа те збунува. Што мислиш ти, зарем Бог е сам и дека нема свое семејство-ангели во духовниот свет?Молитвата *оче наш*од мат.6.10,мозе да го потврди тоа.Kаде што вели *како на небото така и на земјата*Што мислиш зарем на земјата му се одава таква слава и цест на Бог,како што е на небото?Зарем,како семејство не функционираат хармонично, и зарем мислиш дека немаат удел во се она што Бог го стварал?Тоа ти е слично на едно запознаванје со одредена лицност,кое ке премине во пријателство и нормално нема да се фокусираш само на таа личност туку и на нејзиното потесно семејство.Затоа логично би било да се заинтересираме за потесното семејство на БОг а тоа се ангелите и да се запрашаме која е нивната долзност?Да се навратам само на почетокот од разговорот*според нашиот лик*се мисли на Божјите особини,во тој смисол сме слични на него.Серафима зборот троица не ти се совпага со стихот сто си го цитирала мат.28.19-тоа е налогот за правенје уценици-провери ке видис ни *т *од тројство нема таму.позз
     
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Добро, потполно те разбирам што сакаш да ми кажеш. Следствено на горе наведеното, ние православните би поставиле сосем друго прашање.

    Ако Бог не создал според својот лик, образ значи ние сме исти со Него (надворешно), но твојот контекст на размислување на постот, беа и ангелите, дека Бог мисли и на нив, поточно кажано тоа беше пример каде Бог мисли на нив како на свое семејство кои и’ се.
    Но, ако тоа е така, зошто ние луѓето немаме крилја (логичен заклучок, ако тие имаат исто се како Бог и претсавуваат негово семејство)? Зашто колку што знам без разлика за кој ангел и да зборува тој има крилја, додека Бог нема крилја, Тој има образ како и самиот човек кој што и го создал според него и тоа само со човекот со никој друг?
    Значи и без разлика, и духовно да се мисли на семејство, и хармоничен соживот на Ангелите и Бог, сепак тие се далеку поразлични во својот лик од Бог. Зошто?
    Друго надополнение на истото, за физичкиот изглед на Бог и нас луѓето.
    Зошто пак ние луѓето сите се раѓаме исти, иста анатомија на тело, ист лик, исто е се? Секој лекар знае каде се наоѓа срцето или окото, значи не го бара на друго место во телото, ни окото го бара во ногата, па ни прстите во внатрешноста на утробата.

    .

    Малку понапред од тој цитат:

    „ А Исус кога се приближи,проговори и рече: Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.„
    Матеј 28,18

    „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. „
    Матеј 28, 19

    Не би рекле ние налог за правење на ученици, би рекле Кршетение во Името на Бог, а Бог како што е кажано погоре, е Троица, Отец, Син и Свет Дух. Кое не го кажува кој било туку Самиот Тој, Господ Исус Христос, зашто Тој е второто лице на Пресветата Троица.

    Еден краток заклучок од се ова. Ние иако на еден начин веруваме во исто, тоа ни на еден начин не е исто. Не е исто учењето и разбирањето, толкувањето. Вие јеховините сведоци Светото Писмо го толкувате на свој начин, а додека ние не го толкуваме така. Ние не го токуваме туку го протолкувал самиот Бог преку оние личности кои се удостоиле да го примат Бог во себе, светителите. Кои денес се семејство на Бог и заедно заедничарат и живеат.
    Најважно се ќе се види и кој бил во право или не бил. Дали ние дали вие. Ќе дојде еден ден денот кога на сите ќе ни биде судено и дури тогаш ќе видиме кој ќе оди во рајот, а кој во пеколот. Да даде Господ да се видиме таму, во Небесниот Рај.

    Поздрав и до тебе :) .
     
    На izaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Името на Бога? Не ги прочитав сите мислења само првите, ама Бог нели нема име, тој е Господ значи господарот не ја разбирам поентата на темава изгледа и ја нема то Јехов Јахве Алах и др. се само називи на други јазици, знаеме кои за бог, возвишен, господар и толку Господ нема име, тој е едноставно Господ
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Јас пак никогаш не сум се прашувала за името на Бога и неко ттакви прашања. Секоагаш ја гледам само духовната страна на религијата. Може уште сум млада и се образувам религиски па повеќе внимание обраќам на зборовите во Библијата кои ме учат на подобар живот отколку на такви работи.
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Во преводи не само што се изгубило името на Бога по мене, туку и суштината, пораката на таа света книга да ја речам. И не зборувам конкретно за христијанството.

    Има религии во кои името на боговите е делумно задржано, под нив не мислам на оние антички божества.
    И ако некој се разбира подобро на тема ислам би сакала да ми одговори. Алах како име има некое скриено значење шифрирано во себе или пак е сопствено име?
     
  16. sweetbebi

    sweetbebi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Господ не е ни еден од овие имиња што ги спомнавте.Единствено Господ е Јехова :D Читајте Библија, ќе разберете многу брзо.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Различни култури во различни времиња му давале различни имиња: Вишну, Ахура Мазда, Јахве, Аллах, сè се тоа човечки имиња за нешто кое е во суштина безимено. Прашањето е што некој поединечно чувствува во себе кога го изговара името, што во неговиот свет на чувства и мисли представува тоа.
    Аллах е специфична именка во стариот арапски јазик, слична е на именката Иллах=божество, со таа разлика што од иллах може да се изведе множина, на пр. божество, божества. Додека именката Аллах=Бог постои само во еднина во арапскиот јазик. Бидејќи исламот не прифаќа многубоштво, тогаш ја користи таа именка од која ни како збор не може да се направат повеќе богови, бидејчи Бог, господарот на световите како велат муслимаите, е еден, а не повеќе како што верувале старите грци, мајите и тн. кои верувале во повеќе божества од кое секое било задолжено да управува со нешто.

    Тоа не е лично име туку збор кој што отприлика во превод од старохебрејски значи: „Јас Сум оној кој што Сум„.
     
  18. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Мислам ДА ПРАШАМЕ КОМПЕТЕНТЕН ПРОФЕСОР ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТЕОЛОГИЈА и да ни одговори и разјасни.
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Само од кој факултет треба да биде тој „компетентен„ професор? Ако прашате на православна богословија ќе добиете еден одговор, ако прашате исламски теолози ќе добиете друг, ако прашате некој од Јеховини Сведоци ќе добиете трет? И освен тоа, од каде би можеле теолозите да знаат? Бог им кажал? ;) Теолозите студираат за човечките сфаќања за Бога, но Бог самиот не може да се студира. Колку религии ќе прашате веројатно толку и одговори ќе добиеме.
     
    На luvena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Верувам дека може да се изгуби вистинското име низ преводите или од истата причина, неправилно изговарање.Според мене Бог е енергија и затоа не може да се види, а во било која религија постојат различни имиња за Бог, иако е всушност еден.Секоја религија е вистинита на свој начин.
     
    На princessofthedark и daylight им се допаѓа ова.