Обрни внимание на овој дел И самата си кажа и моето и твоето име дека имаат значење. Човекот им дава имиња на работите за да ги разликува, така? Човекот така го нарекол и Господ, ние во Македонија го викаме Господ (господар), Бог, евреите го викале Јехов (создател), арапите го викаат Алах (исто бог). Сега појасно ти е што ти кажувам?
Добро еве на друг начин да ти објаснам: Размисли за молитвата Оче наш кој ја искажал Исус Христос.Таа почнува вака: Оче наш кој си на небесата, да се свети ИМЕТО ТВОЕ.Подоцна исус го молел:татко прослави го името твое.Бог одговорил од небото со сл. зборови-го прославив и пак ке го прославам.(Јован 12:2 од библијата можеш и сама да провериш ако сакаш. Тогаш зошто некои преведувачи не го користат во своите преводи на Библијата и го заменуваат со други титули? Прво-многу тврдат дека тоа име не треба да се користи бидејки денес не се знае како се изговарало провобитно.Старохебрејскиот јазик се пишувал без самогласки.Па лугето од светот користат различни облици на името Исус и го изговараат онака како што е вообичаено во нивниот јазик.Го користат тоа име иако не знаат како се изговарало во првиот век.Ако отидеш во некоја друга земја можеби и твоето име ке се изговара сосема поинаку на јазикот што се зборува таму.Значи тоа што не сме сигурни како се изговарало Божјето име во минатото не е причина да не го користиме.
Јас Библијата сум ја прочитала исто и други книги поврзани со вера, татко ми се занимава со религии па не лупам нешто од паметНема што да се размислува затоа што се ми е јасно. Ти се сфаќаш буквално? Тоа од Оче наш и дека името на Бога треба да се прослави и да се чествува значи нешто сосема друго и е метафорички. Неколку пати повторив што значи Јехов преведено од хебрејски. Провери си и на други места ако сакаш. . Да му се јавел Бог на некој македонец ќе му се претставел како создател, а не како јехов. Затоа дискусијава не е потребна. Ајде сега да ги убедиме и муслиманите дека бог не е Алах (бог), туку дека е Јехов (создател). Секој народ различно го вика, но Бог нема име. Или па уште пологично Бог му е името, Создател, Возвишен... Не знам веќе како да објаснам. Исус го земаш за пример, можеш и моето име да го земеш за пример, ама едно е човек а друго е бог. И кој Mу дал име на Бога? Вонземјани? И дали е Бог припадник на одредена националност за да носи еврејско, арапско, американско или балканско име или одредена верзија на тоа име? Размисли убаво зошто друго и нема шо да се каже на темава поќе.
кај нас во исламот не е само името Aллах туку има 99 Aллахови иминја па еве ке ги постирам, па ако не им се допага на модераторите сто постирам, избрисете ги, сепак темава е името на бога, а не е битно од која вероисповед се. 1) Аллах - Аллах освен Кого нема друг бог. 2) Ер-Рахман – Благиот 3) Ер-Рахим – Милостивиот 4) Ел-Мелику – Владетелот 5) Ел-Куддусу – Светиот 6-) ) Ес-Селаму – Чист од мани 7) Ел-Му’мину – Кој го потврдува ветувањето Ел-Мухејмину – Кој дава сигурност 9) Ел-Азизу – Којсе внимава и следи 10) Ел-Џеббару – Јакиот 11) Ел-Мутекеббиру – Силниот 12) Ел-Халику – Творец 13) Ел-Бари’у – Кој прекрасно создава 14) Ел-Мусаввиру – Кој дава лик 15) Ел-Гаффару – Кој многу простува 16) Ел-Каххару - Кој надвладејува 17) Ел-Веххабу – Кој многу подарува 1 Ер-Реззаку - Кој обилен риск дава (обилно снабдува) 19) Ел-Феттаху - Кој сè отвора и решава 20) Ел-Алиму - Кој сè знае 21) Ел-Кабиду – Кој стегнува 22) Ел-Баситу – Кој пружава 23) Ел-Хафиду – Кој спушта 24) Ер-Рафиу - Кој воздигнува 25) Ел-Муиззу – Кој возвишува 26) Ел-Музиллу – Кој понижува 27) Ес-Семиу - Кој сè слуша 2 Ел-Бесиру – Кој сè гледа 29) Ел-Хакему - Судија 30) Ел-Адлу - Праведен 31) Ел-Латифу - Добар 32) Ел-Хабиру – За сè е Известен 33) Ел-Халиму - Благ 34) Ел-Азиму – Голем 35) Ел-Гаффуру – Кој простува 36) Еш-Шекуру – Кој е благодарен 37) Ел-Алијју - Висок 3 Ел-Кебиру – Огромен 39) Ел-Хафизу - Кој чува 40) Ел-Мукиту – Кој внимава и воздржува 41) Ел-Хасибу – Кој сведува сметка 42) Ел-Џелилу - Величествен 43) Ел-Кериму - Благороден 44) Ер-Рекибу – Кој набљудува 45) Ел-Муџибу – Кој прима молби 46) Ел-Васиу – Кој опфаќа сè 47) Ел-Хакиму - Мудриот 4 Ел-Ведуду – Кој сака 49) Ел-Меџиду - Славниот 50) Ел-Баису – Кој оживува 51) Еш-Шахиду – Кој е сведок за сè 52) Ел-Хакку - Врховна Вистина 53) Ел-Векилу – Сеопшт Старател 54) Ел-Кавијју - Моќниот 55) Ел-Метину - Цврстиот 56) Ел-Велијју - Заштитник 57) Ел-Хамиду - Пофалениот 5 Ел-Мухси – Кој и ситниците ги опфаќа и со број ги знае 59) Ел-Мубдиу – Кој е почетен Творец 60) Ел-Муиду – Кој е последен оживувач 61) Ел-Мухји – Кој дава живот 62) Ел-Мумиту – Кој дава смрт 63) Ел-Хајју -Живиот 64) Ел-Кајјииму - Кој сè одржува 65) Ел-Ваџиду - Богатиот 66) Ел-Маџиду - Славниот 67) Ел-Вахиду – Единствен 6 Ес-Самеду – Кому секој му се обраќа 69) Ел-Кадиру - Сèмоќниот 70) Ел-Муктедиру – Кој сè може 71) Ел-Мукаддиму – Кој унапредува 72) Ел-Му’еххиру – Кој запоставува 73) Ел-Еввелу - Прв 74) Ел-Ахиру - Последен 75) Ез-Захиру - Јасен 76) Ел-Батину - Сокриениот 77) Ел-Валију - Кој управува 7 Ел-Мутеалију - Сèвишен 79) Ел-Берру - Доброчинител 80) Ет- Теввабу - Кој каењето го услишува 81) Ел-Мунтекиму - Кој не останува должен 82) Ел-Афувву – Кој простува 83) Ер-Реуфу - Сомилосен 84) Малику-л-мулки - Господар на сите светови 85) Зул-Џелали ве-л-Икрами – Највеличествениот и Најчесниот 86) Ел-Мукситу – Сèопшт делител на правдата 87) Ел-Џами’у – Кој сè собира 8 Ел-Ганијју - Кој е богат 89) Ел-Мугни – Кој дава богатство 90) Ел-Мани’у - Кој одзема богатство 91) Ед-Дарру – Кој допушта штета 92) Ен-Нафи’у - Кој создава корист 93) Ен-Нуру – Сеопшта светлина 94) Ел-Хади – Кој упатува 95) Ел-Беди’у - Створител (Предпочеток на сè) 96) Ел-Баки – Вечниот 97) Ел-Варису – Конечен наследник на сè 9 Ер-Решиду – Упатувач на добро 99) Ес-Сабуру - Трпеливиот
Kолку што можам да заклучам од објаснувањата на значењето на името на Бог од различни религии, тогаш ми доаѓа една мисла на ум: неговото име е објаснување на различни јазици што всушност е тој и многу поважно е да сфатиме дека неговата суштина треба да не учи на добрина, простување, љубов и позитивни вредности, А НЕ НА ОМРАЗА И СИТЕ ЛОШИ РАБОТИ ПО РЕД. барем јас мислам така и така сфатив од различните ваши објаснувања
Не сум размислувала за други имиња ниту пак сум се заинтересирала да читам. Знам само за Исус Христос и во Него верувам, а да, се зборува дека сите мислат на еден а го нарекуваат со различни зборови. Но кога ги гледаш разликите меѓу религиите, дефинитивно не се согласувам дека сите мислат на истиот Бог.
Да, постои теорија кај египтолозите дека сепак Египјаните обожавале ЕДЕН БОГ чии што атрибуции имале свои имиња во зависност од функција и време. Се верува дека од таму и модерните религии денес го презеле тој модел во именувањето на својот бог (може да е истиот, се си бидува - ние луѓето лесно забораваме и си ја повторуваме историската грешка).
Еве нешто во врска со Неговото име што го прочитав непосредно пред постов. Од аспект на Христијанксата религија зборувам. "Бог, браќа мои има многу имиња . ,Првото име на нашиот Бог е љубов. Светата Троица е Таткото, Синот и Светиот Дух , една природа, една слава, едно Царство, еден Бог. Ние пред се ` треба да го љубиме Бога, браќа мои, зашто ни даде толкава земја на која што живеат илјадници луѓе, ни ги даде растенијата, изворите, реките, морето , рибите, воздухот, ноќта и денот, сонцето и месечината."
Па почитуваната Готичарка е Јеховин сведок... Јехова е погрешно читање. Исправно е Јахве, што значи „Оној Кој што сум“. Така да тоа не е име, туку карактеристика на Бога.