Сега имаме ново машко кученце, бело и има многу крзно, како меченце е Се уште нема име. Некои предлози?
Кога ќе ми се породи кучката, ако се сите кученца здрави и живи (дај Боже ), ќе си зачувам едно машко Ќе се вика Баки ( Бастер (како моето најмило кученце до сега )), Тоби, Деки, Коко или Џери Кое е најубаво според вас ?
Сеуште не се родени кучињата, јас веќе и имиња му смислив А ако мислеше да пуштам слики од Баки (Бастер), веќе ми го нема кучето Затоа сакам наредното да си го крстам како него, зашто го обожавав, и кученцето и името
Мислев кога ќе се родат да пуштиш. Леле, и јас едвај чекам да земам кученце. Папилон раса ќе биде и женско. Ај, некое француско име да пуштите? Еве слика како ќе изгледа:
Утре КОНЕЧНООО си ја земам бубачката моја и незнам како да го крстам..Пекинезерче е машко и е шаренко..Само неќам шарко,многу ми е име за ртче јас сакав Тоби но бидеќи ми е поклон од дечкото него не му се допаѓа...Па имате некој предлози?
Алфи, Боно, Монти, Блеки, Пако, Роки, Данте, Оскар, Астор, Адолф, Бени, Бенџи, Барон, Арис, Бади, Бинго, Чарли, Марли, Динго, Ензо, Ерос, Флафи, Роки, Спајки, Тео..
Моево куче уште пред да го земам ja крстиле Abba Ми се допадна и мене па го задржавме името..А од нејзе малите кутриња ( 2 машки и 1 женско) Деус (на латински Бог ) Бак и Кјара
Бела, Мина, БелаМина, МинаБела Мачката моја, бела е како снег И двете имиња ми се допаднаа и секако си ја викам