Јас си имам едно Манде црноооо срценце мое! Сега ќе ми роди маченца, едвај оди само лежи, а нема ни година мандето мое! Мој предлог за име... МАНДА!
Порано имав маче Кики ама и го дадов на една тетка моја она многу го сакаше па за роденден и го дадов .И уште ми е живо.Срцкасто какво е со зелени големи очи бело..Уфф најубавко е !
мојот мачор се вика Криптон...незнам зашто сите ми се смеат на името кога ке ме прашаат како се вика,но мене ми е омилено.
^^ Луцифер Ќе го земам мачето и размислувам за имињата Марли и Талбот, интересни ми се а и уникатни, необични. Ама нема да го земам сега, греотка е мало е, нека потпорасне, па ќе си го земам. Поздрав, жени, девојки- мачки.
Hipica, баба ми чуваше една мачка се викаше Дежда. Абе што да ти расправам маче со саглам име не испаднало од наша фамилија. А еден пријател на тетка ми, мачорот си го крстил Баже, затоа што бил роден на Благовец
Денес ми поклонија кутре и многу сум среќна . Нема слаткото 40 дена . Како бело топче е Раса - Сибирски Самојед Навистина незнам да давам имиња на куче . Претходните ми беа Каспер и Џеки Сакам убаво необично име да и дадам Дајте некои предлози
Обожавам самојед. Еве предлог за мене најубаво име за самојед е Bella иако е доста често ама највише им одговара. Дечко ми има две ротфајлерка Беа и француски булдог Леа...
Аааа заборавив да кажам дека другар ми има женско куче што се вика Луна, а и Кала ми е убаво име за бело куче.
И јас се мислев за Бела и од Твајлајт филмот нели Бела и Едвард и на италијански значи убава . Ама ... татко ми се зеза со мене - Кај ги наоѓаш имињава .. прво Каспер па сеа Бела ... за инат црвена ќе ја викам Ај па ќе ставам слики од неа .. многу е мала уште