Име за женско куче Линда , Луси ,Лана, Лили, Дејзи ... Мала кога бев имав една кучка Касандра се викаше ,и кога порасна дебела беше многу и ја прекрстив во Доринда
Име за женско куче Луна (месечина на шпански) така се вика мојата Пудла и ми се допаѓа тоа име. Инаку претходната Пудла што ја имав (18 години живееше) се викаше Бена.
Име за женско маче Беба,така ми се викаше мачката,кога беше ептен малечка ја викав Бебенце,па кога порасна премина во Беба,беше трудна кога замина и не се врати ,оттогаш чувам мачори и сите се викаат Марко.
Име за женско куче А зошто темата не се вика ,,име за куче‘‘ , па не се кучињата женски, има и машки кучиња па некому ќе му притребаат
Име за женско маче Мици. Не е нешто посебно името, но јас доколку имам мачка вака би ја крстила. Мајка ми има страв од секакво животно, така што не чувам ништо, меѓутоа братучетка ми чуваше се па тие како свои ги гледав. Девојчето стигна дури и мравки да чува. Нејзините сите се вика Миу, па после како минуваше време името еволуираше како ќе ни стигне. Мици, Миуче, Мица...