Ајде да видам кое име го мразите и никогаш не би го дале на вашите идни деца Јас го мразам името Васил, Рајко, Невена, Стојна....ова е тема за забава!!!Без навреди!!!
Ги мразам оние новите. Мила, Миа, Леа, Теа... Ако има некоја таква нека не се навреди. Ме потсеќаат ко да ги мрзело мајка им и татко им да измислат име па им дале такво. Плус, некако како за куче ми се Машки имиња две се посебно што ме вадат од такт, затоа што децава како се раѓаат се такви им ставаат. Давид и Дамјан. Посебно второво. Ме потсеќа на детето од филмот со три шески на главата
Мразам кога децата ќе ги крстат со деминутивно име!Кирче,Влатче,Благојче итн.. Не ми се допаѓа името Атанас!Воопшто... Исто и Павле... Од женските...Павлина,Менка....
Стојче - родителите сигурно го мразат детето чим му го даваат ова име..... Петранка, Стојанка и таков вид на имиња Теа, Миа - како погоре спомнато, родителите ги мрзе да му дават асално име....
Александра....... многу го мразам името Потоа Далиборка, Стојка, Коцка, Гица, Гонца, Панда, Калиопа... Од машките Саздо, Трифун, Петруш, Круме... И ме нервираат кога им ставаат на деца ептен странски имиња, еве кај нас од поновите примери, Џенифа, Партиција, Игнасио
Александра ....... буквално секое 2 име е тоа Исто и Сања, Вања, Тања ....... според мене имиња за прави шмизли .... барем тие што сум ги сретнала се со ова име
Не ми се допаѓаат старински имиња од типот на Ѕвонко, Здравко, Митре, Климе, Спиро, Трпе, Трајан, Стојна, Живка, Митра, С(л)авка, Сузана, Љуба, Павлина... Исто и новите измисленици и кратенки од имиња што "модерниве" родители им ги даваат на децата, а се со цел да се разликуваат од другите, како Миа, Ина, Кјара, Лео, Мики...
Не знам дали постои име кое баш онака силно го мразам, ама има имиња кои не ги сакам, обично затоа што ме потсеќаат на некои бош луѓе Од машките ми се такви Дејан, Драган и Благојче. Од женските не ми пречи посебно ниедно име, ама стварно не можам да разберам кога родителите им даваат на своите деца странски имиња а немаат никаква врска со тоа име, а само од причина да се разликуваат...Киара, Франческа, Џесика, Ванеса итн итн Ни фали уште само ко холивудскине ѕвезди да даваме имиња према градови или местенца
Eeeeeee Оти вака? Се зезам, името е катастрофално глупаво. Значи без навреда нели, моите грди имиња се Стојна, Гунце и варијацијата Гонце, Лимонка, Галаба и варијацијата Галабинка, Петранка, Лилјана, Смиљка, Параскева Велигденка, Крстана, Божана и Перуника. Исто и Ружа, Трендафилка и овошните имиња - Јагода, Малина и Капина. Од новокомпонованите имиња - Патриција, Плебеција, Џулијана, Кјара итн, ги има премногу. Помодарство глупаво. Инаку, не ги сакам најупотребуваните женски имиња во Македонија - Елена и Марија. Исто и Марина и Ирена, едноставно се ... обични.